Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
11. "Љубов во време на колера" -Маркез
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дали може да се вбројат препрочитани книги?
Минатата година така си правев, пошо имав 2-3 препрочитани. Поентата е да се чита книга, нема врска дали е еднаш или повеќе пати. Можеби е некоја која различно се доживува после секое читање одново?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
9. Стиг Ларсон - Девојката со тетоважа на змеј (y)
10. Стиг Ларсон - Девојката што си играше со огон (y)
11. Стиг Ларсон - Девојката што го урна осилото (y)

Saladin
Па искрено оваа година одлучив да се потсетам на нешто што сум читал порано, сега прво почнав со овие, оти ми недостигаше последниот дел во колекцијата. Ама сега ќе почнам со повторување од Боженствена комедија... сум ги заборавил важните дела срамота е :)
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland

А што е со палциве?
Аркантосе па барем ти можеш да пишеш кратка рецензија.
Не зезај.:giggle
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
А што е со палциве?
Аркантосе па барем ти можеш да пишеш кратка рецензија.
Не зезај.:giggle
Добро бре не ме тепај аееее, да не може чоек мрза да го фати. Да ти кажам црвенокосе лут ти сум. Е така да си знаеш. И сега палец надоле ќе ти стаам. (n) За инат!
И од инат ќе напишам сега.

Девојката со тетоважа на змеј; Девојката што си играше со огон; Девојката што го урна осилото. Трите книги создаваат една триологија наречена „Милениум“. Што би можел да кажам за овие книги освен пофални зборови?
Знаете има книги кои имаат 20 страни а додека ги читаш ти се чини дека имаат по 2000. Овие три “книгичиња„ се токму спротивното. Првата книга има 479 страници, втората 579, а третата 662. Математичар не сум да ја пресметам вкупната бројка на страници, ама знам дека додека ги читав книгиве не ни забележав кога сум ги вртел страниците. Кога стигнував до кориците сакав да има уште уште и уште.
И доста е со филозофирањето.
Сите три се мистерија, не се содржински поврзани една со друга претерано многу, можам слободно да кажам и ич. Почетокот од првиот дел се погрижува да не запознае со една личност Хенрик Вангер на кого секоја година му стигнува подарок за роденден кој всушност му е потсетник за една случка уште од минатото која му го означила животот за век и векови. Приказната потоа се префрла на еден детективски пар. Овој детективски пар ќе му стане сенка на Вангер, а што се случува понатака, треба да ја прочитате и да дознаете, колку и да раскажувам нема да успеам да доловам ниту еден од прекрасните моменти во книгата.
Вториот дел пак, исто се фоксуира врз овој детективски пар кој повторно има некој нов случај за истражување. Се случува убивство на млад новинар и на негова девојка но на пиштолот со кој се убиени новинарот и девојката има отпечатоци од Лизабет(детективката). И повторно следи возбудлива приказна, многу мистерија многу интрига, и многу возбуда. Стиг Ларсон на таков лесен начин ти праи што сака со мислите, ама буквално што сака.
Е последната од оваа триологија е зачувана за да се скрои одмазда врз човекот кој цело време се обидува да ја убие Лизабет. Во оваа одмазда таа ќе биде и ранета, а што плус... земете ги прочитајте ги и ќе видите.

Задоволна????
 
Многуууу(hug)
 
Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
12."Втора шанса" -Даниела Стил
 
Статус
Затворена за нови мислења.