5. Колекционер - Џон Фаулс (312 стр)
Некако книгиве што ги прочитав досега (иако се малку во споредба од тоа што јас би сакала) од секоја сум воодушевена.
Колекционер е многу повеќе од еден обичен психолошки трилер.
Најпрво, се работи за човек кој е не е ништо повеќе од чиновник, колекционер на пеперутки, се вљубува во млада девојка и еден ден ја киднапира.
Не сакам да откривам ништо за книгата во случај некој да се реши да ја прочита, но Фаулс е извонреден.
Книгата е поделена во два дела, и совршено ја разработува опесијата, привидниот морал, скриената извитопереност во луѓето и борбата за живот и слобода.
Фредерик е лик, кој по низ случувања, се претвара во еден "невидлив" човек, воден низ живот по рамките на моралното и правилното.
А пак, Миранда, негова комплетна спротивност.
Девојка со идеали во својот живот, цели, фамилија, љубов, сонови, сето она што не прави луѓе.
Обожавам книги што ми го разработуваат мозокот.
Додека ја читав книгава, ме замисли, колку премногу ги идеализираме луѓето во кои што се заљубуваме. Си создаваме слика како што би сакале да бидат.
Колку рандом моменти и настани можат да ни го сменат текот на животот, без да сме свесни.
Фаулс барем според мене ни ја преставува слободата како привидение, ја преставува слободата во соновите и во малите и безначајни одлуки.
Дали навистина сме слободни, да живееме како сакаме или пак ограничени и заглавени во ситниците?