Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Јас уште немам почнато. :giggle Што значи, во наредната половина на оваа година треба 25 да ги средам... што значи, по 4 книги месечно... што значи, една книга неделно. Да да, ќе стигнам. (wasntme)
Земи читај го Стар Рим од Машкин, како 10 ќе ти се важат :D
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
15. "Принцот на маглата" -Карлос Р.Зафон
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
6.
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
Многу добра книга која може на секој да му го промени животот со самото тоа што ќе ја прочита кногата.
На кратко, во оваа книга се зборува за еден многу успешен адвокат по име Џулиен Ментлу кој е инспириран од својата работа и се труди што повеќе да придонесе за својот успех, да заработи повеќе пари и слава.Но еден ден тој преживува инфаркт на едно од неговите судења.После тоа тој исчезнува од адвокатскиот свет продава се што има па и своето ферари и заминува да го проучи духовното живеење...

7.
Мојата омилена сопруга - Тони Парсонс
Во оваа книга се зборува за животот на еден адвокат по име Бил Холден, кој е успешен адвокат и на кој му е понудена работа во Шангај, па така тој со својата фамилија, жена му Бека и ќерка му Холи, заминуваат од Англија за Шангај, каде на некој начин се принудени да го прифатат начинот на животот.
Бил и Бека се среќни во бракот, бескрајно се сакаат, се додека Бека не се врати во Англија за да го посети својот болен татко, а Бил не се најде пред искушение да почне афера со една од девојките "растурачи на брак" - жени кои им земаат од среќата на другите , а на крај пак остануваат без ништо...

8.
Која е таа девојка - Александра Потер
Главниот лик Шарлот која има 31 година и е работохоличар, има многу малку слободно време и постојано е во брзање.Но ритамнот на живеење почнува да се мнеува кога го здогледува нејзиниот стар автомобил , во нејзиното старо маало , возен од девојка која многу личи на неа кога имала дваесет и една година.решава да ја следи и заклучува дека девојката живее на истата адреса и во истата куќа....
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Април
8. „Исповедта на една акушерка“ Дајан Чемберлен (y)
Ноел, Емерсон и Тара се три блиски пријателки, но едната крие големи тајни и откако Ноел си го одзема животот станува очигледно дека имала проблеми, но какви? Зошто Емерсон и Тара не забележале ништо? Оваа книга е исповед на акушерката Ноел која од една лага влегува во друга, па во трета и сето тоа излегува на виделина после нејзината смрт. Убава книга во секој случај. Палче нагоре од мене.
9. „Рингишпил“ Јелена Бачиќ Алимпиќ (y)
Книгата зборува за животот на примабалерината Ана Балинт. Мене не ме фасцинира којзнае колку, се гледа дека и е прв роман на авторката. Сепак палче горе бидејќи воопшто не е лоша, иако можеше да биди помала во обем, има многу реченици што се повторуваат итн.
10. „Во името на предците“ Тес Геритсен (y)(y)(y)
Прекрасна. ИСто како и претходната што ја читав од авторката, штета што не се преведени и останатите книги. Во Кинескиот град се случува убиство кое е поврзано со масакар од пред 20 години. Кој е убиецот и што е убиецот? На жртвите има влакно чија днк не е човечка, а влакното е од убиецот. Напнат, неизвесен, крвав и маестрален трилер. Најтопло ја препорачувам.
Мај
11. „Прибежиште“ Николас Спаркс (y)
Не знам ни зошто воопшто седнав да ја читам книгата, но Спаркс се чита лесно и брзо, а уште побрзо се заборава. Кејти е нова девојка во градот, Алекс сопственикот на продавницата тивко се заљубува во неа, но и таа покажува интерес за него, неговите деца ја сакаат, но таа крие тајни. Никој не ја запознал добро, никој не знае од каде доаѓа таа, која е, што правела во животот итн. Кејти е всушност Ерин сопруга на еден насилник кој ја малтртирал уште од првиот месец на нивниот брак и таа едвај успеала да избега од него, па затоа се крие. Ок книга за пуштање мозок на пасење.
12. „Како вода за чоколада“ Лаура Ескивл (y)
Книга полна со рецепти од мексиканската кујна, преку кои е раскажана љубовната приказна на Тита и Педро. Тита и Педро се сакаат, но мајката на Тита забранува таа да се мажи, бидејќи е најмалата ќерка во семејството, а во нивното семејство традицијата вели дека најмладата ќерка треба да ја гледа мајка си до смрт, па потоа може да се омажи. Педро немајќи друг избор се жени со сестрата на Тита само за да биди во близина на саканата. Неме воодушеви книгата, не би ја препорачала, но не можам да кажам дека е лоша, па затоа и оваа ќе добие палче нагоре. :)
13. „Заборавете дека сте имале ќерка“ Сандра Грегори (y)
Ова е животната приказна на британката Сандра Грегори која заминува на патување во Тајланд, каде што ужива неколку месеци, па останува и да работи таму бидејќи Бангкок и е во срцето, но по еден пресврт таа останува без партнерот, без работа и без пари. Решение наоѓа во криумчарење дрога за Роберт, неговиот хероин требаше да го пренесе до Јапонија, но тие се фатени во последен момент на аероодромот во Бангкок пред да се качат на авиоот за Јапонија. Сандра отслужува казна во најозогласениот затвор Бангкок Хилтон, Роберт е ослободен и извршува ново кривично дело додека Сандра ја отслужува својата 25 годишна казна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
5. Колекционер - Џон Фаулс (312 стр)

Некако книгиве што ги прочитав досега (иако се малку во споредба од тоа што јас би сакала) од секоја сум воодушевена.
Колекционер е многу повеќе од еден обичен психолошки трилер.
Најпрво, се работи за човек кој е не е ништо повеќе од чиновник, колекционер на пеперутки, се вљубува во млада девојка и еден ден ја киднапира.
Не сакам да откривам ништо за книгата во случај некој да се реши да ја прочита, но Фаулс е извонреден.
Книгата е поделена во два дела, и совршено ја разработува опесијата, привидниот морал, скриената извитопереност во луѓето и борбата за живот и слобода.
Фредерик е лик, кој по низ случувања, се претвара во еден "невидлив" човек, воден низ живот по рамките на моралното и правилното.
А пак, Миранда, негова комплетна спротивност.
Девојка со идеали во својот живот, цели, фамилија, љубов, сонови, сето она што не прави луѓе.
Обожавам книги што ми го разработуваат мозокот.
Додека ја читав книгава, ме замисли, колку премногу ги идеализираме луѓето во кои што се заљубуваме. Си создаваме слика како што би сакале да бидат.
Колку рандом моменти и настани можат да ни го сменат текот на животот, без да сме свесни.
Фаулс барем според мене ни ја преставува слободата како привидение, ја преставува слободата во соновите и во малите и безначајни одлуки.
Дали навистина сме слободни, да живееме како сакаме или пак ограничени и заглавени во ситниците?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Saladin and Ghtalpo
Статус
Затворена за нови мислења.