Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
4. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон - број на страници: 535 „Матица“
5. Играта на ангелот - Карлос Руиз Зафон - број на страници: 501 „Матица“

И, едноставно незнам како да почнам со раскажување.
Сеуште сум под импресии.
Стилот на Зафон би било мизерно да го коментирам - затоа што никогаш не би успеал да постигнам да ја опишам неговата убавина.

Значи во „Сенка на ветрот“ се зборува за Даниел, кој случајно доаѓа до книга со наслов „Сенка на ветрот“ од некој непознат писател(не ми се лутете што го заборавив името на писателот). Книгата ја наоѓа во една антикварница за книги, која е во нивна сопственост. Даниел се воодушевува од убавината на книгата, и сака да најде уште книги од тој писател. Арно ама, тоа нема да биде возможно, затоа што дознава дека мистериозно исчезнуваат сите негови книги.
Така, Даниел ќе успее да се заплетка во мрачните тајни на Барселона.
А, да, заборавив, овој настан се случува некаде во 1945 година.

Е сега, што се случува во „Играта на ангелот“?
Значи Даниел е еден млад писател кој секогаш пишува под псевдоним. Случајно тој ќе купи нова куќа, за која се шири муабет дека е опседната од демони. Тој нема да поверува и ќе се насели во таа куќа. Набрзо потоа ќе добие понуда да напише нова книга - нешто слично на нова религија, и со таа книга да престане веќе да биде познат само по својот псевдоним туку да се појави неговото вистинско име.
Незнаејќи во што каша влегува Даниел, ќе се согласи.
Е што подоцна се случува...
Можам само да кажам дека крајот воопшто не го очекував.
Кога Даниел отиде во полициската станица да ги пријави убиствата и да каже дека убиецот е неговиот издавач, и кога го опиша на лик... добива одговор сличен на овој(не ме држете за збор, не го запамтив од збор до збор, но таа е смислата) „Извинете господине, незнам за што зборувате, само знам дека оној беџ со Ангел, што опишувате дека го носел тој човек на роверот, вие го носите откако знам за вас“.
- така и го добива книгата името „Играта на Ангелот“
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
8.Повикувајќи го Ромео - Александра Потер- 420 страици.

Интересна книга, што најлошо може да ви се случи на денот на заљубените (14.02). Да ве остави личноста која ви била долгогодишен партнер и тоа кога, на 14 фебруари поточно денот на заљубените, на тој ден кога се искажува љубовта кон саканиот вие да бидете сами и тажни, тоа е нешто грозно, лошо, најлошо што може да ви случи на еден таков посебен ден. Девојката која е оставена од нејзиниот партнер се вика Џулиет. Таа во моменти ќе си по мисли дека живото неможе да и биде полош, да и се случи нешто полошо.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
3. Крила - Даниела Стил

Кеси е ќерка на пензиониран пилот и е опседната со авионите. Нејзина желба е да стане пилот, но татко и’ мисли дека местото на жената не е пилотското место. Пријател на нејзиниот татко и’ дава часови по летање. Подоцна Кеси го запознава Дезмонд и за него работи како тест-пилот. Низ низа настани таа успеа да гооствари својот сон-да лета.

4. Интимните животи на Пипа Ли - Ребека Морис

245 стр.

Главен лик во делото, како што и можете да заклучите од насловот, е Пипа, која ја соголува својата душа раскажувајќи го она низ кое минала. Израстена покрај мајка - зависник од апчиња и татко свештеник. Стапува во брак со 30 год. постар човек од неа со кој има 2 деца. Живее со помислата дека е во среќен брак, но дознава за неверството на нејзиниот сопруг. Крајот е најемотивниот, каде е опишана смртта на Херб Ли, сопругот на Пипа. На моменти ме иритираа печатните грешки кои во оваа книга ги има во избилие, а и преводот е навистина лош. А издавачка куќа ТРИ ги сметав за навистина солидни.

5. Љубов на југ - Хелена Фрит Пауел351 стр.

Софи е жена која во багажот на својот маж пронаоѓа градник кој не е нејзин и на тој начин открива дека тој ја изневерува. Тие се скоро доселени во Франција и имаат три деца. Ник се отселува од куќата и лозовите насади остануваат на Софи. Таа мора да го научи францускиот јазик, а исто така и како да се грижи за гроздовите. После неверството сфаќа дека престанала да се грижи за себе и нејзините пријателки и помагаат да се врати во форма и да стане привлечна за посилниот пол повторно. Книгата не ме воодушеви многу затоа што не сум љубител на ваков жанр, но сепак вреди да се прочита.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
4. Fifty Shades of Gray
5. Fifty Shades Darker
6. Fifty Shades Freed
авторка на сите три е Е.Л. Џејмс.

Мислам дека и во една друга тема имам пишувано за трилогијава, ама нека. Нели се бара и рецензија. Ја читав по трети пат. Во првата книга се зборува за запознавањето на девојката Анастасија со најпосакуваниот и најбогатиот ерген во Сиетл, г-дин Кристијан Греј. Тука е опшано и нивното заљубување. Во втората книга, таа открива се повеќе и повеќе од неговото мрачно минато и зошто е тој таков каков што е денес. Но тоа не ја спречува да го сака. Секоја тајна што ја открива тој, не ја плаши како што би требало. Напротив таа уште повеќе и повеќе го сака.
Во третата книга, се откриваат сите тајни, Анастасија и Кристијан стапуваат во брак, и добиваат дете. Тука Кристијан конечно сфаќа дека безусловно ја сака, после толку време.

7. Оркански височини - Емили Бронте
Случајно ми падна книгава во рака и веднаш знаев дека морам да ја прочитам. Ја читав на англиски и доста време ми требаше да ја сфатам.
Семејството Ерншоу живее на Орканските височини кои набргу стануваат дом и за посвоеното дете Хитклиф. Понатаму во книгата се раскажува за пријателството меѓу Кетринх и Хитклиф, но таа се мажи за едно момче од соседниот имот. Тоа претставува голема болка за Хитклиф кој по многу години се враќа на имотот за да се одмазди.

8. Someone like you - Sarah Dessen
Книгава е класифицирана во категоријата за Young Adults, и да бидам искрена доста ми помогна да сфатам некои работи.

Хејли и Скарлет се долгогодишни најдобри другарки и го делат сите тајни, целата облека и знаат се за себе. Луѓето ја знаат Скарлет како популарна и дружељубива, додека Хејли е само нејзина придружничка, и сите ја знаат како другарката на Скарлет. Тогаш, на почетокот на првата година во средно, средината во која живеат се менува преку ноќ. Прво, момчето на Скарлет, Мајкл, умира во сообраќајка и недолго после тоа, таа донава дека е бремена. За првпат во животот, Хејли и’ е навистина потребна на Скарлет. Нивното пријателство понекогаш е на работ на деструкција, ни никогаш нема да се прекине, затоа што вистинското пријателство е нешто што ќе трае засекогаш. Во тоа време, Хејли има и други проблеми, се заљубува во Мејкон, момче кое е комплетна спротивност од она што е Хејли. Поради него, Хејли се оддалечува од мајка и’ и почнува да живее бурен живот. Но, до кога?
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
9.Најкраткото долго - Жарко Кујунџински - 301 страница

9тата прочитана книга во 2013 година од авторот Жарко Кујнџински, Најкраткото долго. Насловот е малце да те збуни, исто како и самата книга. Колку е долго краткото. Дали на овој свет постои нешто што е уште кратко? Жарко, македонскиот автор ја испитува краткоста. Повеќе незнам што да сврзам прочитајте ја книгата и ќе видите.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
1. Името на розата - Умберто Еко (750 стр)
2. Небеска Тимјановна - Петре М.Андреевски (435 стр)

3. Неподносливата леснотија на постоењето - Милан Кундера (387 стр)

Во овој роман, еден од најпознатите на Кундера, авторот низ призмата на четири личности и меѓусебната поврзаност, ја објаснува тежината на живеењето.
Овој филозофски роман проследен низ љубовта, страста и неподносливата болка, многу сликовито ја преставува вечната потрага по душевната храна.
Кундера се осврнува и на идејата на Ниче за вечното враќање, и ние како обични луѓе сакаме да ги доживуваме среќните моменти одново и одново, но што е со оние лошите?
Неподносливата леснотија на постоењето наспроти тежината на живеењето.
Ако среќните моменти се неподносливата леснотија, тогаш они лошите се тие кои што ни ја даваат тежината на живеењето.
Низ животите на ликовите, четирите врски на Томаш и Тереза, Томаш и Сабина, Сабина и Франц и Франц и Мари-Клод, преставена е и сосотојбата на интелектуалците во Прага во 1968 год, Прашката пролет.
Нивното деградирање, од интелетуалци во обични физички работници.
Укинувањето на слободата на говор, угнетувани од страна на тогашен СССР, прогонувани и затварани.

Една од најомилените книги, дефинитивно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Bibi@

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
10. Посакувам да си тука - Франсеск Миралјес - 255 страници

Книга за они, заљубените. Еден од ликовите во оваа книга е Даниел, успешен и добар архитект. Тој за неколку дена ќе го слави својот триесетти роденден но пред роденденот за него се случува „трагедија„, го напушта неговата партнерка. Тој се утешува со ЦД-то што му го подарила неговата некогашна партнерка. ЦД-то е од Ева Винтер, а песната која пее е „Посакувам да си тука„. Песните кој вртат во ЦД-то беа како да го раскажуваа животот на Даниел. Даниел после неколку дена помислува дека треба да оди во Париз и таму оди без никој да дознае мислејќи дека таму е неговата среќа, Ева Винтер.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
9. Love Unscripted - Tina Reber
Рајан Кристенсен е млад и богат актер. Има се, освен приватен живот и анонимност. Неговите фанови го следат насекаде, папараците се постојано околу него, и сите Холивудски студија сакаат дел од него. И покрај сето тоа, се што сака Рајан да има е искрена љубов и приватност во неговиот живот. Тарин Мичел, е сопственик на семеен бар во Сипорт, Роуд Ајланд, и пробува да го излечи скршеното срце. Многумина пробуваат да ја освојат, но таа не попушта. Судбината ги спојува нивните патишта кога Рајан, барајќи засолниште од фановите и папараците, влегува во пабот на Тарин.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
6. Вештица - Венко Андоновски
453 стр.

Не можам да најдам значи збор со кој би го опишала чувството кое ме обземаше додека ја читав книгава. Едноставно не можев да се одделам од неа иако е книга која не се чита брзо и лесно. Потребна е голема концентрација и посветеност, за да можеш да ја разбереш секоја реченица и мислата која таа ја пренесува. Искрено, не можам да најдам адекватен поим за книгава, за да се доживее мора да се прочита. Книгата е пишувана во два дела. Едниот во кој се состои главната приказна и другиот-дневникот на писателот во кој активно е вклучен и самиот читател.

7. Во прегратка на светлината - Бети Џ. Иди
123 стр.

Со оглед на тоа што за „Вештица“ читав само позитивни критики ми се чинеше како книга вредна за внимание, па зедов една сосема малечка книга која мислев дека е онака лесна книга и се чита во еден здив. Главниот лик, односно Бети, раскажува за она што го видела кога за време на операцијата умира и повторно се враќа во живот. Книга полна со докази дека постои живот и кога физички ќе го напуштиме овој свет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and WomanInRed
Статус
Затворена за нови мислења.