Потсвест или претскажување

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Почнувам да верувам од денес,до сега не ги сваќав сериозно ама имало нешто и во нив.
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Скоро секоја вечер сонувам но не се сеќавам на ниту еден сон само првите 5 минути откако ќе станам после толку е :frantic
Истоооо :cool:
Ептен ретко се дешава да запамтам некој сон
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Дијана

Нов член
26 септември 2012
4
9
3
луѓето функционираат преку сопствената потсвест:) имам прочитано 3/4 книги за потсвеста, ако не и повеќе. така да, знам што и како се дешава:)) и гарантирам дека секој човек функционира преку својата потсвест:))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Биле93 and V00J.

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
И верувам и неверувам.
Скептик сум. Голем.
Ама еве имав еден сон што многу често ми се повторуваше.
После второто или третото повторување не сум сигурен побарав во соновник да видам што значи. Означуваше решавање на некој голем проблем, или затворање на некоја оддамна отворена тема.
Тоа и се случи...

Којзнае... можеби е само коинциденција
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Сонот според мене е самата потсвест на човекот.Верувам и дека соновите давааат и некои претскажувања,но работата е што ние не знаеме да ги толкуваме.
Има соновници,но јас некако не верувам баш во нив кога и да земам некој сите различно пишува.Ко некој да си немал друга работа па земал да прави соновник.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Соништата претставуваат огледало на нашата внатрешност.
На нашата психичка состојба.
Ги претставуваат и нашите емоции, желби, мисли во некоја друга фантастична форма.Добиваат друга нејасна или не објаснива форма.
Исто може да бидат и предупредување за некои работи.
На пример за болести на тој што сонува.
Подсвеста се јавува во форма на сон.
Го предупредува човекот за нешто што се случува со телото, иако човекот незнае сеуште за тоа.
Понекогаш се само преработени секојдневни мисли.
 

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
Па во мојот случај се претскажувања...незнам колку пати сум го увидела тоа и затоа многу внимавам на соновите кои ги сонувам...било тоа било за болест срека баш за се...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: exdoxia

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Глупости...замисли сум пошол во книжара, и сум купувал моливи, гума за бришење и маркери. па дури и две кила грозје. Од каде грозје во книжара?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: exdoxia