Посета на гинеколог

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Колку често практикувате гинеколошки преглед? Какво е вашето досегашно искуство? Споделете совети од вашиот гинеколог.
 

Aria

Староседелец
19 февруари 2012
8
14
1,003
Па 2 пати годишно обавезно. Еднаш папаниколају тест и еднаш обична контрола.
Особено е важно да се оди окако ќе се почне со сексуални односи, познавам многу девојки кои не одат зошто немале никакви симптоми, па кога ќе отидат им наоѓаат фази на ЦИН.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and She

невестето

Полноправен Член
14 февруари 2012
39
59
18
домче
редовно... дури може и да претерувам, каква промена и да се случи одма одам.... некогаш е во прашање и нормална појава, ама јас толку се имам изначитано за сексуално преносливи болести што сум преплашена.
и нормално 2 пати годишно ПАП тест ОБАВЕЗНО!!!
а и друго, алооо бре 21 век сме, не е страшно да се оди на гинеколог, само треба внимателно да се избере доктор
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: tanjusskat1 and She

Stance

Нов член
7 декември 2013
23
16
3
40
Одев два пати годишно, а сега бидејќи сум бремена секој месец се гледаме со мојата омилена др Пајаковска.


Јасна, честитки за бременоста, ти посакувам лесна бременост и брз пораѓај ;)
Само да те прашам, ако сум во право, тоа е д-р Кристинка од Плодност Битола?
Ако е така, ќе сакаш ли да ми дадеш твое мислење за неа (освен дека ти е ОМИЛЕНА) по што сестра ми сака да си најде добар матичен гинеколог по можност од женски пол...:giggle
А за неа имам слушнато неколку добри мислења ...