Помош за проектни задачи/состави/писмени

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Даваат теми, ги даваат една до две недели пред писмена. Можеш да се припремиш за сите, не за една.
Различни професори, различни методи... Заборави на нашите што имаа навремено направено сѐ...Овие новиве не ни им предаваат сѐ како нашите, си елиминираат тие лекции што им се досадни - лектири скокаат, ден пред писмена уште ја немаат обработено лектирата или делото од кое што ќе им даде наслов.... Со гаранција ти кажувам дека има такви случаи - не сите, ама ги има.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Затоа постои библиотека. Па дури и интернет.
edit:
Ама џабе е се, кога се нема желба. Денес му пишуваш писмена, утре му ја работиш работата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr and Yvette

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Затоа постои библиотека. Па дури и интернет.
Па ете бараат помош на интернет, не ни пратија гулаб писмоносец тука...

Што толку ви смета ако побарал некој помош за нешто? За тоа е и темава.
Може да се многу причини за да се побара помош. Може нема од кој друг, може е мрза во прашање, може не можат да се снајдат во моментот, имаат други работи на ум...
Може и треба да прифатите дека не се сите паметни ко вас. Ете некој не знае да напише есеј, не е толку снаодлив, не читал...
Си ја пробале шансата луѓето, во тие години се не им се учи, кој во тоа време не би сакал друг да им ја заврши задачата?
Не сме биле сите со овој памет и тогаш....
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Па ете бараат помош на интернет, не ни пратија гулаб писмоносец тука...

Што толку ви смета ако побарал некој помош за нешто? За тоа е и темава.
Може да се многу причини за да се побара помош. Може нема од кој друг, може е мрза во прашање, може не можат да се снајдат во моментот, имаат други работи на ум...
Може и треба да прифатите дека не се сите паметни ко вас. Ете некој не знае да напише есеј, не е толку снаодлив, не читал...
Си ја пробале шансата луѓето, во тие години се не им се учи, кој во тоа време не би сакал друг да им ја заврши задачата?
Не сме биле сите со овој памет и тогаш....
Под таква помош се подразбира:
-Каде можам да најдам random книга?
-Барам број од некој кој што се занимава со таква работа.
А за тоа ако не им се учи, нека не пишуваат ништо на писмената задача. За тоа има различни оценки од 1 до 5.
Јас сум со истиот памет и тогаш и денес во тој поглед. Со мене никој не седнал да ми покаже како се решава задача. Се сум барал сам. Ни па ми напишал писмена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, warr and Yvette

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Иако често помагам (како што многупати имам кажано ОДМАГАМ) морам да кажам дека во право се дечките што кренаа бунт против ваквото помагање.
Во право се, кога се, не можам да речам не.
Но, мора некогаш да се земат некои околности: Постојат деца што колку и да можат да напишат нешто убаво им треба време, а некогаш тоа време во тинејџерски години го немаат, затоа што покрај Македонски јазик и литература имаат и други предмети што добар дел од учениците ги учат пет до дванаесет па затоа често се случува во ист ден да треба да научат Хемија, да напишат домашна Математика...и да напишат состав Македонски за писмена.
Грешката ја прават професорите.
Зошто даваат можни теми пред писмена? Зошто?
Не може дете да напише „Општи карактеристики на ликот Раскољников во Злосторство и казна“ ако делото е обработено на час?
Не може дете веднаш да осмисли состав на тема „Мојот прв училишен ден“ - ако во главата има меморија за тоа?
Башка професорите не оценуваат секогаш уметнички стил на децата - затоа што јасно е дека од 40 деца во клас не може сите да се поети и писатели туку оценуваат фактографско претставување на ситуациите: значи текстот да има вовед, главен дел и заклучок. Граматички да е добро напишан, правописот да е добар и речениците да имаат смисла - ова секое дете може да го напише, само секогаш е лесно да се рече „Не знам“ и „Не можам“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

mima123

Нов член
18 февруари 2014
1
1
1
38
Ве молам ако може да ми помогнете. Потребни ми се одговори на анкетата за да можам да ја напишам магистерската. Анкетата е поврзана со герила маркетинг. Однапред Ви благодарам. Линкот е: https://www.1ka.si/a/35038
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
@mima123 одговорено и од мене.
Само мала забелешка, секако, доколку е потребно да ја прикажеш анкетата и да е на англиски. Фалат членови на неколку места, но поради лесната препознатливост на имињата, ќе се мине некако и без нив.
Но!
Do you perceive this* ads...? Which of this* ads...? this = these (множинска форма ти треба)
Среќно со магистерската. :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ехеј, ми треба некој што се разбира од социологија или што има читано нешто за глобализација... ако има таков нека ми пише :)
 

mimaa199

Нов член
4 март 2014
1
0
1
27
Zdravo ve molam dali mozi da mi daj nekoj sostav za Aleksandar Makedonski, Tatriv ,Sid i Basna .. vi blagodaram