Помош за проектни задачи/состави/писмени

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ми треба творба, текст, песна,есеј били што со наслов "Да се дружиме и запознаеме" ве молам ако може да ми дадете неколку примери не барам цели реферати.. ;)
Седеше во собата полна со клинички сјај. Ѕидовите бели со мирис на инсектицид. Пред неа се истакнуваше масата на која беше поставен компјутерот. Работеше безсомучно, ги редеше своите задачи што ги постави дента. Неколку коментари на Фејсбук, ретвитови, еден живот за Кенди краш... обичен работен ден. Како од ведро небо и` светна сликичката со својата крваво црвена боја. Известување. Еден лајк... ПРОКЛЕТ ДА Е што се заљуби во него....

(не можам.... посилно е од мене)
 

black_mamba

Нов член
20 март 2014
1
0
1
31
Ми треба помош за писмена по македонски имам 3 теми поврзани со Гилгамеш и во сите морам да го имам споменато.
Еве ги темите:
1.Хероизмот на Гилгамеш
2.Пораката на љубовта и пријателството во Гилгамеш
3.Живеј го животот,допри ја бесмртноста.
Ви благодарам однапред и кој би можел да ми состави (мене навистина не ми оди) нека ми прати по порака и уште еднаш БЛАГОДАРАМ !! :D
Може да ми пратите и воведен дел само или главен може и завршен ми треба хитно :)
 

kole1

Нов член
22 март 2014
1
0
1
Можете ли да ми помогнете за писмена задача? Ми треба итно до утре.
Еве се темите:
1.Истрајноста и упорноста го водат човекот на патот кон успехот.
2.Пегратката и убавиот збор се најголема утеха на човекот.
Најмалку 250 зборови.
Ви благодарам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Деца што ви е бе? Никогаш не сте се запрашале кое благопријатно чувство ви минува низ вените кога ќе ве гушне мајка ви, дечкото/девојката, пријателот?
Никогаш не сте застанале да учите 10 дена, по што сте добиле 5тка, која на ваша возраст е најголемата битка која ве води кон успехот?
Никогаш не ви паднало на памет дека смртта се победува со оставање на убави чувства во срцето на најмилите, во создавање дела кои ќе се помнат?
Зошто си ја срамите вашата личност со вашите побарувања?
Инат ме фати, не дека не можам да застанам да ви напишам, ама инат ме фати.
Да беа теми за романи кои се тешки за читања со задоволство ќе ви помогнев, ама вака? Па срамота е да ви падне на памет да барате помош, а уште посрамота е некој да ви помогне...
На ваква ли младина ја оставаме оваа наша татковина?
Е, татковино...мајчичке намачена....тешко тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Аркантосе, мислам дека самите деца не се виновни туку општеството или поточно конзумеризмот им налага да бидат толку некреативни. Во вакво општество кое имаш милион избори на продукти да консумираш, едноставно луѓето забораваат дека можат да бидат единствени. Убав нов свет на повидок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе кое општество кои бакрачи. Ова е проблем отсекогаш. Добро, порано не беше на форуми, ама кенкаа по цели денови однапред да ги зададат темите за писмените за да можат да отидат кај некој да им напише состави и да ги учат на памет. Ако мислите дека од ново време се случува ова, се лажете и тоа многу.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Можете ли да ми помогнете за писмена задача? Ми треба итно до утре.
Еве се темите:
1.Истрајноста и упорноста го водат човекот на патот кон успехот.
2.Пегратката и убавиот збор се најголема утеха на човекот.
Најмалку 250 зборови.
Ви благодарам.
1.Не клецаат убавите туку упорните
Ти и јас. Затоа што си убава. А јас грд со рејбан цвикери, само за да го затскријам оној поглед-који-убија. Но мора едноставно да те имам. Карактерно си одговараме. И двајцата го слушаме Драган Вучиќ, одиме најчесто во Ванила и Деспина, со мојата најнова к*рвета. Обожаваш како паркирам, додека внатре ечи „Шмрчем прашак бели, за да ме развесели“. Но твоето его е недоволно благодарно за моите суми во новчаникот. Ти треба еден предизвик, налик на Азис и неговата/нејзината Ледена кралица. Ко киша око Крагуевца ги вртиш истите муабети, а јас ко послушно кученце мавтам со опавчето и ја прифаќам играта. Играм додека мојата потсвест не ме акне од земја и не ме разубеди дека не си вредна. А тогаш улогите се менуваат. Ти постануваш робинка а јас сум тој султанот на ТВ.
Успехот во нашиот склоп на менталитет не е дека навистина сакаме нешто, но едноставно сакаме да докажеме дека сме истрајни во нашата игнорантност, го правиме тој ист шаблон кој во некој паралелен универзум би се окарактеризирал со едно потврдно кимање со главата и одење понатаму. Притоа остануваме истите луѓе, бактероидни паразити кои воопшто не се трудат да еволуираат во нешто повеќе. Тоа е тој успех.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Абе кое општество кои бакрачи. Ова е проблем отсекогаш. Добро, порано не беше на форуми, ама кенкаа по цели денови однапред да ги зададат темите за писмените за да можат да отидат кај некој да им напише состави и да ги учат на памет. Ако мислите дека од ново време се случува ова, се лажете и тоа многу.
Од ново време станува масовно. Сети се на муабетот со интенет за секое дете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Од ново време станува масовно. Сети се на муабетот со интенет за секое дете.
Муабетот ми е дека со тоа се појави и по интернет, ама некреативноста си постоеше од секогаш. Не е криво општеството за таа појава туку крив е образовниот систем. Кога бев средно бев многу против тоа давање теми однапред и еднаш правев муабет со професорката околу тоа, нејзините зборови беа нешто у стил на „Знам јас сѐ што се случува, ама што можам. Така многумина би извадиле слаби оцени, а има закони кои регулираат колку слаби смеам да ставам“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Муабетот ми е дека со тоа се појави и по интернет, ама некреативноста си постоеше од секогаш. Не е криво општеството за таа појава туку крив е образовниот систем. Кога бев средно бев многу против тоа давање теми однапред и еднаш правев муабет со професорката околу тоа, нејзините зборови беа нешто у стил на „Знам јас сѐ што се случува, ама што можам. Така многумина би извадиле слаби оцени, а има закони кои регулираат колку слаби смеам да ставам“.
Кој рече дека општеството и образовниот систем не одат скоро секогаш заедно?
Ти држи вода постот но има и тоа дека од многу право на избор, луѓето едноставно се губат.