Позитивна страна број 1: со тек на време, ти се поправува начинот на изразување. Јас сеуште учам, но и те како имам забележано позитивен исход во таа област. Позитивна страна број 2: кога ти е досадно, тепаш време. Позитивна страна број 3: можеби звучи нереално, но учиш доста работи во разни области. Позитивна страна број 4: доколку немаш соодветна личност со која би можела во реален живот да разговараш за тоа што те интересира, на форумот најчесто можеш. Негативна страна: ова можеби има врска со првата позитивна страна, но понекогаш може грешно да те сфатат (бидејќи најверојатно грешно си се изразил) бидејќи сепак се пишани мислења, а не face to face во живо каде што можеш да слушнеш интонација и да видиш гестови.