Позитивни и негативни страни на форумот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А мене пак не ми е јасно,зошто еден лик би бил измислен,би си давал карактеристики кои ги нема и би се претставувал во некое сосем трето измислено светло?
Мене па друго ми е чудно...
Некој познат бомбардира по социјалните мрежи со мислења под друг идентитет.... Зошто му е потребна додатна популарност кога веќе ја има на тони? Исто како бе не го мрзи да измисли сосема нов живот каде всушност тука постои ризикот откако ќе го препознаат, и двата идентитета ќе му се искаљат.
Обично ваквиве ликови со демек втор анонимен идентитет се појавуваат за да го заштитат оној првиот од несаканите мислења од рајата.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

И во првиот и во вториот случај би се работело за луѓе кои на овој или оној начин ги лечат сопствените комплекси или си го надоградуваат сопственото его на виртуелен начин.Го кажуваат и прават сето она што не можат во реалноста.
(не зборувам за сите).
Оние на кои им фали внимание тролаат да би ги привлекле останатите.
Би сакала истите тие да ги доживеам во реалниот живот.Лесно е на форум да пишуваш мислења(постои гугл,постојат разни извори на информации со кои би можел во рок од дест мин.да составиш топ одговор на одредена тема),да си даваш карактеристики и особини кои ги немаш,а можеби би сакал да ги имаш,
ама ајде да видам како е во реалноста.Дали истите тие се или ќе бидат способни да сврзат една коплетна реченица.
Во суштина се работи за еден виртуелен свет,кој нема врска со реалноста за мене бар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

ПОЗИТИВНО е на форумот што никој не те гледа и не те познава,и по мене можеш искрено да кажеш твое мислење без да се срамиш.Како да кажам искрено размислување,на пр.за брак,за неверство,кога сите ако ме познават ке речат види ја поулавена, оти како и да кажете на ФБ нема многу исреност,се е глума и наместено,од слика па до се друго.Овде сум јас со моето лично и оригинално размислување,без шминки,фрази епитети.Негативно е на форумот што има луѓе кои сакат да те навредат,да ти кажат како не ти е тука место,како незнаеш два збора да составиш,да те исмеваат,но има луѓе за пофалба кои ке се потрудат па и ке те научат нешто.Постојат луѓе кои се срамежливи,незнаат да се изразат кога се меѓу луѓе,а имаат многу што да кажат,или им тежи нешто на душа па да се олеснат.Како и да е Позитивно или негативно сето тоа се иницијатори за правење теми,разговори,инаку како ке функционира форумот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Значи овде можеш да ја симнеш маската која ја носиш во реалниот живот?
Колку е важно кој што ќе каже околу твоето мислење/размислување во реалниот живот?
Велиш "ќе речат" види ја поулавела?
Тоа на пр.што ќе речат другите,околу начинот на кој некој размислува е сосем небитен факт.Но таков е балканот и балканците..најчесто поставувано прашање при донесување на важни одлуки,при завземање на сопствен став е:
Ахх..чекај а што ќе речат другите??
Биди фраер и застани позади своето мислење па макар било и сосем погрешно.
Или грешам можеби?

Ps.Не земај ништо лично,само дискусија е :)
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Значи овде можеш да ја симнеш маската која ја носиш во реалниот живот?
Колку е важно кој што ќе каже околу твоето мислење/размислување во реалниот живот?
Велиш "ќе речат" види ја поулавела?
Тоа на пр.што ќе речат другите,околу начинот на кој некој размислува е сосем небитен факт.Но таков е балканот и балканците..најчесто поставувано прашање при донесување на важни одлуки,при завземање на сопствен став е:
Ахх..чекај а што ќе речат другите??
Биди фраер и застани позади своето мислење па макар било и сосем погрешно.
Или грешам можеби?

Ps.Не земај ништо лично,само дискусија е :)
Може да се рече дека ја симнувам маската,но тоа е вистината во животот,повеке правиш како налагат другите,правилата на однесување,никогаш не правиме тоа што мислиме,со една нога сме на кочница,а и не треба да правиме се како мислиме,затоа има човекот две страни на личност.Застанувам зад своето мислење кога е во прашање друга тема,друг став,а за некоја скокотлива тема богами не,тоа може овде на форумов.А и зошто да се правиме фраери,што ке делиме овде,секој нека си каже што сака,секој нека чита кого сака.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Може да се рече дека ја симнувам маската,но тоа е вистината во животот,повеке правиш како налагат другите,правилата на однесување,никогаш не правиме тоа што мислиме,со една нога сме на кочница,а и не треба да правиме се како мислиме,затоа има човекот две страни на личност.Застанувам зад своето мислење кога е во прашање друга тема,друг став,а за некоја скокотлива тема богами не,тоа може овде на форумов.А и зошто да се правиме фраери,што ке делиме овде,секој нека си каже што сака,секој нека чита кого сака.
Можеби и сум стварно наивна што верувам дека еден ден секој ќе може да го каже она што го мисли и чувствува без да се сокрива под некоја маска плашејќи се од она што ќе каже некој трет,како и да е,
чинам се одалечувам од темата.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Можеби и сум стварно наивна што верувам дека еден ден секој ќе може да го каже она што го мисли и чувствува без да се сокрива под некоја маска плашејќи се од она што ќе каже некој трет,како и да е,
чинам се одалечувам од темата.
Ниту си наивна,ниту ке бидеш прва што едно ке мисли друго ке кажува.колку пати се и рекла на некоја другарка дека нешто добро и стои,само колку да не ја натажиш(правам прости споредби),колку пати сме биле љубезни а ни одело да ги отераме тие во 3 лепе ПМ,колку пати сме одлглумеле оргазам за мир во кука или да не го повредиш партнерот.Сите глумиме,кога мораме,можеме,сакаме....
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дали ке има повеќе,или воопшто позитивни или негативни страни форумот,само од нас зависи.
Точно дека има премногу глумења и маски,сакал некој признал сакал не,сеедно.
Овде сите сме миротворци,хуманитарци од прв ред,големи љубовџии и луѓе без грешка во својот личен карактер.Без грешка во проценувањето карактери,сите сме доктори,психолози,многу начитани итн итн.
Не се согласувам со она што го кажа Шака дека овде не е местото на анонимните.
Што ако човек сака да остане анонимен?Тоа значи дека апсолутно глуми и си измислува некој свој трет идентитет и карактер?
Не е вистина.
Убаво си кажа Орхидеата.Ете на пример за еден женски форумски лик,може е жена омажена,има домашни Х проблеми,сака овде да пишува околу нив,било во поезија,било во дневникот,или било каде.Зошто некој да и го знае идентитетот?Со тек на време може одлучуваме кому би го откриле нашиот идентитет,во кого имаме доверба,што е тука спорно со учеството на форумите?:)
Во една од негативните по мене страни на форумот е она апла трчање на одредени ликови по се од женскиот род што ке се регистрира по форумов.Одма налетуваат големите љубовџии и почнуваат пополека извежбано да ги пуштаат своите корени :zelen ..од многу претерување забораваат како им се лози троскотот :D ..но тоа е само мое мислење се разбира.
Не дека е нешто којзнае што негативно,но отпосле кога се изигнорирани и одбиени започнува втората фаза,напад врз истите и измислување приказна за нив и ниниот приватен живот.
Но и таа фаза поминува.Така да ништо страшно.Нека ми простат оние што ќе се препознаат.
Имаат повеќе намени форумите,но од нас зависи како и зошто ќе ги користиме.
Јас пак неможам да ги сфатам форумските ликови кои што се деноноќно присутни на повеќе форуми.
Како ли постигнуваат?Одат ли на работа,школо...?
Разбирам голема активност извесен период ради одредени причини без разлика дали оправдани или не,ама со години?
Ете и ова би го вбројала во негативни страни меѓу нас и форумите.
Тоа дури не би го нарекла ни зависност туку соживување и живеење на својот сопствен живот преку форуми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Треба да се разграничи само една работа - став од личност. Бобо добро го кажа тоа во претходната страна, Лена донекаде го појаснува балканското за муабетите пред кооперација.
Реално, неизбежни се, но мислам кај нас на балканот дека се во голем дел и застапени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

БоЖе мој мили како ти тоа знаеш убаво да го кажеш .!Сто посто си во право.Јас си признавам дека форумов ми направи зависност,наместо да гледам сега турски серии се префрлив тука,а и работното место ми дозволува да бидам присутна,па уште е добро вака,оти викаат :бРАВО,ЦЕЛ ДЕН ОД КАНЦЕЛАРИЈА НЕ ИЗЛЕГЛА,СЕ СИ Е НА РАБОТНО МЕСТО(позитивна страна од форумов)

Треба да се разграничи само една работа - став од личност. Бобо добро го кажа тоа во претходната страна, Лена донекаде го појаснува балканското за муабетите пред кооперација.
Реално, неизбежни се, но мислам кај нас на балканот дека се во голем дел и застапени.
Само Балканот!????
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena