Дали ке има повеќе,или воопшто позитивни или негативни страни форумот,само од нас зависи.
Точно дека има премногу глумења и маски,сакал некој признал сакал не,сеедно.
Овде сите сме миротворци,хуманитарци од прв ред,големи љубовџии и луѓе без грешка во својот личен карактер.Без грешка во проценувањето карактери,сите сме доктори,психолози,многу начитани итн итн.
Не се согласувам со она што го кажа Шака дека овде не е местото на анонимните.
Што ако човек сака да остане анонимен?Тоа значи дека апсолутно глуми и си измислува некој свој трет идентитет и карактер?
Не е вистина.
Убаво си кажа Орхидеата.Ете на пример за еден женски форумски лик,може е жена омажена,има домашни Х проблеми,сака овде да пишува околу нив,било во поезија,било во дневникот,или било каде.Зошто некој да и го знае идентитетот?Со тек на време може одлучуваме кому би го откриле нашиот идентитет,во кого имаме доверба,што е тука спорно со учеството на форумите?
Во една од негативните по мене страни на форумот е она апла трчање на одредени ликови по се од женскиот род што ке се регистрира по форумов.Одма налетуваат големите љубовџии и почнуваат пополека извежбано да ги пуштаат своите корени
..од многу претерување забораваат како им се лози троскотот
..но тоа е само мое мислење се разбира.
Не дека е нешто којзнае што негативно,но отпосле кога се изигнорирани и одбиени започнува втората фаза,напад врз истите и измислување приказна за нив и ниниот приватен живот.
Но и таа фаза поминува.Така да ништо страшно.Нека ми простат оние што ќе се препознаат.
Имаат повеќе намени форумите,но од нас зависи како и зошто ќе ги користиме.
Јас пак неможам да ги сфатам форумските ликови кои што се деноноќно присутни на повеќе форуми.
Како ли постигнуваат?Одат ли на работа,школо...?
Разбирам голема активност извесен период ради одредени причини без разлика дали оправдани или не,ама со години?
Ете и ова би го вбројала во негативни страни меѓу нас и форумите.
Тоа дури не би го нарекла ни зависност туку соживување и живеење на својот сопствен живот преку форуми.