Плод со аномалии

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
не ми беше целта да споредам мајмун со болно дете, туку грижата и обврските околу мајмунот и грижата и обврските околу детето. Кога го пишав тој пост, те цитирав каде што пишуваш дека на родителот му е тешко цел живот да го чисти изметот на детето, а јас кажав дека на истиот тој родител ке му биде задоволство да чисти измет на мајмун, не спомнав ништо за тоа кој колку може да опстане во природа.

Друг пат читај внимателно, пробај да разбереш што сакам да кажам и не ја менувај во сосема друг правец.

Мало, неколку пати избегнувам да те пратам во трибини пошто сепак имам поштовање према тебе како форумски член ама цело време се местиш на волеј, сега пак ете, споредуваш грижа и обврски према домашен миленик и дете, мислам ок. :zelen
Јас мислам дека еден сочен гаучо стек на скара со рузмарин ти недостига во моментов :kafeне знаеш шо пропушташ во животот...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ме иритирате и едните и другите.
Оди наречи го „конзерва“ детето на луѓе што едвај го чекале, па во четврт - петти месец од бременоста кога веќе го замислувале во свои раце дознаваат дека ќе се роди со ретардација или хендикеп...
Другите пак... сте толку убедени дека тоа дете мора да се роди... а свесни сте дека животот за таквите деца не е живеење, измачување е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and violetmoon

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Дете со аномалии е несреќа и за родителите и за детето. Која е одговорноста да одлучиш некој да живее без да има можност самостојно да се грижи. Родителот треба да е свесен дека е потребна грижа цел живот а тој не е вечен. Демир Капија болницата или било кој дом во државата се само куќи на пеколот. Ако некој не верува нека појде да види за што зборувам , пред да одлучи да задржи плод со аномалии.
Но има случаи кога родителот не знае за аномалиите се додека не се роди детето, и тогаш мора да се грижи за него додека е жив. Во секој случај тој живот не се нарекува живот и е измачување.
Истото го мислам за болните кои не се свесни за околината и вегетираат. Тргнувам од себе, ако станам несвесна за работите околу себе и зависам од друг да си одржувам лична хигиена и таа состојба е конечна, непроменлива со месеци, не сакам да живеам- медицинска еутаназија.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ме иритирате и едните и другите.
Оди наречи го „конзерва“ детето на луѓе што едвај го чекале, па во четврт - петти месец од бременоста кога веќе го замислувале во свои раце дознаваат дека ќе се роди со ретардација или хендикеп...
Другите пак... сте толку убедени дека тоа дете мора да се роди... а свесни сте дека животот за таквите деца не е живеење, измачување е.

Интересна ситуација ми е оваа, дури и мистериозна, кога се прават непотребни конструкции, можеби затоа што секогаш сум инсистирал на прецизност при изразување.
Дакле, јас не нареков ништо конзерва туку ја споредив емотивната поврзаност на аутист и родители со онаа на конзерва и родители. Исто како и конзервата, аутистот ич не се замара дали те изнервирал или извадил од такт или напраил срање или било што. За аустистот не постои никој, ништо надвор од аустистичниот му мозок, како што и за конзервата не постои ништо. Пример рандом раја има 19 годишен аутист по дома и му кажува дека брат му е во болница со скршени ребра, несреќа, било што. Реакцијата на аутистот ќе биде слична ако не веќе и иста со онаа на конзерва грашак, т.е. никаква...
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Фала богу никој не би сакал да доживее,па и да има плод со аномалија.Мое мислење е,најпрво треба прецизно да се види точно за каква аномалија станува збор.Постојат плодови со секаков вид недостаток(аномалија) и со мал медицински зафат,се средува се,и животот си продолжува без нокаков проблем.Зошто да треба да се абортира таквиот плод!?Се е релативно,се дури не се утврди за каков вид аномалјија станува збор,не би требало да се носат одлуки,дали треба или не, абортус.Немалку сме сведоци на многу случаеви во македонија,кои ги има со аномалија со помал процен на способност,а има и со поголем процент на способност (за извршување на секојдневните потреби).Е сега доколку се утврди онаа првата група на аномалија,т.с,аномалија со многу мал процент на способнос,тогаш за доброто на самиот плод и за доброто на родителите,би било подобро да се абортира предверме таквиот плод.А другата група,остануват да живеја и бидат среќни покрај своите.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прееска ја гледав документаркава.
Малку е жално дека, колку и да сакаат да ги прикажат ко секојдневни (ај да не речам нормални) деца, постои оној голем cringe effect кога ќе видиш како функционираат. Сега се мали, па уште не разбираат, ама како ќе ги совладуваат понатамошните тешкотии?
Можат да си ги читаат мислите (очекувано) и да гледаат низ очите на другата... тој дел е бар фасцинантен.
Трагичното е што, лекарите не им предвидуваат не знам колку сјаен животен тек и век. Послабо развиеното носи ризик да скине конци било кој момент, а пошто мозоците им се споени, другово би преживеало само неколку часа после тоа.
Освен тоа, имаат потешкотии со сфаќањето, епилептични напади и дијабетес, а се и веќе 4то и 5то дете во сиромашна фамилија.
Не знам, со сите овие околности, од една страна викам алал да им е на родителиве, од друга се прашувам зошто се решиле на ова...

Исто има па и близначки (ај гес) што делат едно тело, а се две глави. Мислам дека тие се и инспирацијата за Бет и Дот од AHS.
Прочитав дека едната дури била и верена...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and existence