Плод со аномалии | Црнобело Форум

Плод со аномалии

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
Што ако животот ви тече по нормален тек, ја наоѓате личноста на вашиот живот, љубовта е обострана, среќни сте заедно, планирате заеднички живот, правите свадба, дознавате дека наскоро ќе станете родители и после неколку вообичаени прегледи не дај боже дознавате дека плодот е со аномалии и вашето дете нема да се роди ниту понатаму ќе биде нормално?

Не се разбирам баш во медицински работи и не знам колку е возможно рано да се открие некој синдром или одредено ментално нарушување ако го ставам како пример во приказнава, но да речеме дека точно ќе се знае дека детето што ќе се роди ќе биде со тешка ментална ретардација, хендикепирано и без надеж за понатамошно подобрување.

Која ќе биде одлуката која ќе ја донесете доколку абортусот е возможен? Ќе се ослободите од плодот со претпоставувам изговор дека ќе го спасите и него и себе или без размислување ќе се грижите за него покрај се?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,437
9,146
1,683
Кушкундалево
Секако дека тоа е голема одлука која треба да се донесе со заедничка одлука и никогаш понатаму не смее да се постави прашањето „Што ако...?“ затоа што тоа е знак дека некој не бил целосно искрен кога се носела одлуката и се` уште чувствува сомнеж во одлуката.
Јас би настојувал да се абортира такво нешто доколку постои можност. Би го сметал за измачување раѓањето на таков плод кој е веќе познато дека сигурно ќе биде идиот и за семејството и за самиот плод. Живот е живот ама и не е баш така.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не сум сигурна дека ке абортирам во таков случај, сметам дека и такво дете може да биде среќно, не мора да значи дека ако не се развива интелектуално, дека нема да може да го почувствува животот, напротив, тоа дете би добивало многу повеке љубов, внимание и грижа од родителот и околината одколку нормално дете, не ке мора да учи во школо и да работи, а сепак може да биде корисно на некој начин, да се занимава со некоја интересна активност и да си го исполни животот со нешта кои ке му бидат убави.
Единствено лошо во таков случај е тоа што родителите многу ке се измачат покрај такво дете и братчињата и сестричињата ако ги има и мислам дека тоа е најголемата причина поради која родителите најчесто се одлучуваат на абортус кога имаат плод со дефект, а лажат дека е и поради доброто на детето.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имам размислувано на темава многу пати и застанувајќи на страната дека не би се направил абортус и би се родило тоа дете, секако прифаќајќи ја својата одговорност дека засекогаш ќе се грижиш за него и ќе му пружиш најубав живот што можеш; секогаш си го поставувам прашањево: "Што ако умрам и остане сам?". Што ако се роди тоа дете и родителите умрат и детето остане само? И никој не сака да го згрижи како што треба и остане сам на себе, а не е во можност да се грижи сам за себе? Каков живот би имало тогаш? Тогаш се премислувам и застанувам на страната на абортусот.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,266
5,781
1,683
Disco
Колку и да е деформиран плодот сепак би бил попаметен од барем пола граѓани на хунзистан. Ок, и конзерва со грашак е попаметна од голем дел од популацијата, така да дилемата е друго... некаде до монголид (даунов) во ред, сепак може да се оствари интеракција и не би било тоа причина за абортус. А све потешко од тоа - онда абортус, нема смисла и за родители и за самото дете.
Проблем е шо на пример за аутисти не може да се открие, ужас, или за психопати на пример, па на крај ко татко му шо го учеше Декстера да не убива рандом раја ќе треба да расте човек психопатче... :ladno
 
Истото важи и за здраво дете.

Аутистичните деца се покажале како многу интелегентни, меѓу нив се можеби и најголемите генијалци кои се појавиле на земјава, но и да не е така, тие си имаат свој свет во кој што можат да најдат задоволства и среќа, а и постојат многу модерни методи за подобрување на таа состојба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,266
5,781
1,683
Disco
Истото важи и за здраво дете.

Аутистичните деца се покажале како многу интелегентни, меѓу нив се можеби и најголемите генијалци кои се појавиле на земјава, но и да не е така, тие си имаат свој свет во кој што можат да најдат задоволства и среќа, а и постојат многу модерни методи за подобрување на таа состојба.

Тоа се филмски верзии на аутисти, во реалноста не се такви, тотално саможиви, крајна форма на себичност, нешто најслично на психопат, само што не се толку опасни. Who cares дали некои од нив се интелигентни, подобро би посвоил конзерва со грашок него да чувам аутист цел живот, најискрено :pusi
језиво...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
Аутистичните деца се покажале како многу интелегентни, меѓу нив се можеби и најголемите генијалци кои се појавиле на земјава, но и да не е така, тие си имаат свој свет во кој што можат да најдат задоволства и среќа, а и постојат многу модерни методи за подобрување на таа состојба.
До душа аутистичните деца воопшто не се интелигентни и не постојат никакви методи за подобрување на состојбата. И аутизмот уствари е нарушување кое може со текот на времето за жал само да се влоши, никако да се подобри. Можеби постојат методи кои ќе направат влошувањето да се случува побавно од тоа што би требало или во најдобар случај бар да го прекинат, ама да се подобри не. Можеби на филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Тоа се филмски верзии на аутисти, во реалноста не се такви, тотално саможиви, крајна форма на себичност, нешто најслично на психопат, само што не се толку опасни.
До душа аутистичните деца воопшто не се интелигентни и не постојат никакви методи за подобрување на состојбата. И аутизмот уствари е нарушување кое може со текот на времето за жал само да се влоши, никако да се подобри. Можеби постојат методи кои ќе направат влошувањето да се случува побавно од тоа што би требало или во најдобар случај бар да го прекинат, ама да се подобри не. Можеби на филм.
Познавам тетка на аутистично дете, кое патем веке не е дете и е апсолутен слухист за музика, моментално мислам дека свири во филхармонија или така нешто, ама неговите работеле со него, му помагале да го усоврши талентот и не се иднесувале со него како со болно дете. Кога велам дека не се однесувале со него како со болно дете, мислам на тоа дека не го разгалувале до бескрај и не го сожалувале заради неговата состојба. На фб исто имам разговарано со мајки на аутистични деца и повекето од нив покажуваат извонредни таленти.
Мислам дека има различни форми на аутизам, можеби затоа и имаме различни впечатоци.
Скоро гледав на фб како едно девојче кое се излечило од аутизам го раскажува своето искуство, ако го најдам ке го постирам тука.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,437
9,146
1,683
Кушкундалево
Има ретки исклучоци на аутисти кои што имаат „натприродни“ дарби како тој што го опиша malo. Имам гледано (не во живо) аутист кој што можеше да го запомни секој детал од некој предмет и после тоа да го нацрта детално. Комплексно е премногу за да се разграничуават подвидови, речиси секоја единка со аутизам има различен тип. Она што е исто е тешкотијата за комуникација.