Партнер од друга вера?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ова што го напиша го знаеш само ти и никој друг ...нели ? а може и си сонувал ...!? како и да е, подобро ке ти биде прво да прошеташ, да разгледаш и да се едуцираш, па од конечниот исход да донесеш заклучок !!! Турција не ти е далеку - убаво ке биде да ја посетиш и да ја видиш реалноста !
Супер имам луѓе што биле таму и што работеле и гледале што се случувале, бидува некој ден да се најдеме на кафе и да ти ги донесам?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
оу јес..........супер врска....си имав јас едно време женска неМакедонка....се скаравме едно време....по некој месец пак се смиривме.....
нема некоја разлика, запознаваш друга култура.....додека не пробаш, нема да знаеш :)
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Супер имам луѓе што биле таму и што работеле и гледале што се случувале, бидува некој ден да се најдеме на кафе и да ти ги донесам?

Пред некое време се вратив од Истамбул, јас ти го кажувам тоа што видов и доживеав, а не тоа што некој друг го видел па го пренел на трет па тоа стигнало до твојте уши ... Со добра намера ти посакав да ја посетиш и сам да видиш каков е животот таму, а не да веруваш на се што ке слушнеш !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and lady

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јас имам одено со Албанец!!! пишува во потписот! ми има подарено огромна љубов но не сакав да стојам на среќата на неговите деца па се тргнав! не ни е лесно ни на двата... ама децата не се криви и нема зошто да страдаат! Секогаш ќе имам пријател во него и столб на кој можам на се потпрам! Никој нема да го смени тоа, ни вера ни националност!
Што имаа врска децата?
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Како би било твоите да се разведат поради некоја помлада?
а кај нив важи правилото децата останат со едниот родител, другиот нема право да ги гледа!
Значи ти си одела со зафатен човек?
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Да! што е тука лошо? кај нив нема правило за тоа... а во љубовта уште помалку

од почетокот на врската па така натаму ... се е "лошо" ! и јас сум во слична положба како твојата, само што ние сме скоро 3 год "заедно" ... и не знам каков ке биде крајот, не можам ни да го замислам :( само сега знам дека не требаше да се деси ... овој циркус да започне !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Bibi@ and Bum-Bum

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Јас не го оправдувам мешањето на вери и религии од проста причина што таквите врски носат многу проблеми, колку сака семејствата нека се современи секогаш ке постои тој јаз помеѓу нив, да ги тргнеме настрана општествените осуди, па после доаѓаат децата, семејстви итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Не би сакала да имам партнер од друга националност.Колку поразлично толку попроблематично.
Треба невидена упорност и разбирање.
Кај нас некако и така сме си воспитани,нешто кога се прави поразлично после те гледаат ко лепрозен да си.
Знам една таква ситуација.
Една девојка отиде за Англија и таму да се омажи за црнец ама баш црн и кога го донесе во Македонија јао јао беше.
Озборувања,зјапање во него и триста чуда.
Човекот пукаше од срам.:trepka
Тоа е необично и несекојдневно за нас.А што е необично е и интересно за коментирање.
Низ што се она ете не поминала она.Се за љубов.
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Јас искрено не гледам ништо лошо во врска во којашто има обострана почит и разбирање. Доколку сакаме некого поради тоа што е, а не поради тоа што сакаме да биде, нема причина за ограничувања. Затоа сум против менување на вера за да му удоволиме на партнерот.

Како и да е, факт е дека на овие простори, луѓе кои се свесни за вистинското значење на овие разлики се многу малку, па затоа и се ваквите успешни бракови исклучок, а не правило. Верата не е проблемот тука, туку погрешното гледање на работите.

Друг фактор за успех на ваква врска е местото на религијата во животот на партнерите. Доколку е на високо место, може да претставува проблем, на пример доколку некој сака религиозна венчавка или пак едноставно е човек како мене, кој сака во недела да си оди со сопругот до црква и да запали свеќи. Тоа ми е еден многу убав, хармоничен и интимен чин во којшто сакам да учествува и човекот со кого ќе делам се' (до крајот на животот, се надевам).

Но, тоа сум сепак, јас и никогаш не сум осудувала личности што имаат врска со луѓе од друга вера затоа што, ако религијата е единствениот “проблем“, не знам што има тука да се суди? Никому тоа не би му го забранила, ниту на сопственото дете. Шансите да биде непочитувана и малтретирана од христијан или муслиман се еднакви затоа што се раѓаме исти, со две уши, две очи, еден нос... Доколку ја сака и е доволно силен да ја заштити од евентуалните напади од другите и да и' дава љубов и поддршка, па како син ќе го прифатам. Зашто да не, ако ми е добар со детето, има ли подобар подарок за една мајка од тоа?

Е сега, единствениот проблем е средината и озборувањата... Па живееме во Македонија, треба да ни е јасно дека на нас, оговарањето ни е најмоќно и најпродуктивно средство за комуникација, последица на превише слободно време. Ризикуваме нашата манџа да преврие, за туѓата да ја довардиме . Оговарање ќе има во секој случај, кој и да ти е маж, ако нема разлики меѓу вас и е добра прилика, ќе викаат види ја мустра, се намести, којзнае колку го тинтрала дур да ја земе, ако нешто не им чини, пак ќе зборат, не можеш на луѓето никогаш да им погодиш.

Така да, јас не сум против овие врски доколку постои почит и разбирање, бидејќи тоа е патот кон успехот, а на луѓето и онака се' ќе им пречи..

Во контекст на темава сакам да споделам и една вистинска приказна со вас.. Поздрав и имајте убав ден

http://www.ohrid1.com/top-vesti-i-s...govi-zhivi-ochridski-љubovni-legendi-vtor-del
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048