Партнер од друга вера?

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
Немам ништо против. Семејството и подобрите пријатели моментално не се луѓе со предрасуди па така да ако најдам муслиман пример шо ќе ме сака и ќе го сакам ќе си бидам со него. :)
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Немам ништо против..али кај нас таков ни е менталитетот..прост народ..:mad
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Се впуштив во такво нешто, иако се беше против нас...и на крај се си :cenzura мајката :)
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас лично сум против таква врска и досега се немам впуштено во таква врска а нема ни во иднина.Знам многу такви случаеви и ми се гади (puke)
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
(Кај што има љубов се е можно зашто да не)Во модерно сваќање верата не игра некоја значајна улога ако се сакаат партерите само пред матичар и завршена работа.
Повеќето луѓе повеќе не веруваат дека постои господ па венчавањто во храмовите го извршуваат само како обичај.
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
709
1,103
не и не би... Ваквите врски носат само проблеми... Некој да те нарекува безбожник а ти да го сакаш? Со самото тоа те негира тебе, твоето постоење, твоите ставови и уверувања... И после тој човек ти ќе го сакаш? Не. Никако. (ова важи за муслиманите) А доколку е од друга вера католик, евреј и сл. нема никаков проблем. Нели и самиот Исус бил Евреј се додека не се крстил. А православието и католицизмот потекнуваат од исто место - христијанството. :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Се` зависи средината што му налага. Ако рецимо се работи за затуцаност во која и да е вера, разликите никогаш нема да бидат надминати и покрај тоа колку и да жртвуваат двете страни. Што со родителите? Друштвото? Да ги затвориме сеа нив и да бараме заеднички јазик со нешто што е сосема различно од она што општеството не има учено? ПРеголем ризик за нешто што подоцна може да не вроди ништо.