Јас искрено не гледам ништо лошо во врска во којашто има обострана почит и разбирање. Доколку сакаме некого поради тоа што е, а не поради тоа што сакаме да биде, нема причина за ограничувања. Затоа сум против менување на вера за да му удоволиме на партнерот.
Како и да е, факт е дека на овие простори, луѓе кои се свесни за вистинското значење на овие разлики се многу малку, па затоа и се ваквите успешни бракови исклучок, а не правило. Верата не е проблемот тука, туку погрешното гледање на работите.
Друг фактор за успех на ваква врска е местото на религијата во животот на партнерите. Доколку е на високо место, може да претставува проблем, на пример доколку некој сака религиозна венчавка или пак едноставно е човек како мене, кој сака во недела да си оди со сопругот до црква и да запали свеќи. Тоа ми е еден многу убав, хармоничен и интимен чин во којшто сакам да учествува и човекот со кого ќе делам се' (до крајот на животот, се надевам).
Но, тоа сум сепак, јас и никогаш не сум осудувала личности што имаат врска со луѓе од друга вера затоа што, ако религијата е единствениот “проблем“, не знам што има тука да се суди? Никому тоа не би му го забранила, ниту на сопственото дете. Шансите да биде непочитувана и малтретирана од христијан или муслиман се еднакви затоа што се раѓаме исти, со две уши, две очи, еден нос... Доколку ја сака и е доволно силен да ја заштити од евентуалните напади од другите и да и' дава љубов и поддршка, па како син ќе го прифатам. Зашто да не, ако ми е добар со детето, има ли подобар подарок за една мајка од тоа?
Е сега, единствениот проблем е средината и озборувањата... Па живееме во Македонија, треба да ни е јасно дека на нас, оговарањето ни е најмоќно и најпродуктивно средство за комуникација, последица на превише слободно време. Ризикуваме нашата манџа да преврие, за туѓата да ја довардиме . Оговарање ќе има во секој случај, кој и да ти е маж, ако нема разлики меѓу вас и е добра прилика, ќе викаат види ја мустра, се намести, којзнае колку го тинтрала дур да ја земе, ако нешто не им чини, пак ќе зборат, не можеш на луѓето никогаш да им погодиш.
Така да, јас не сум против овие врски доколку постои почит и разбирање, бидејќи тоа е патот кон успехот, а на луѓето и онака се' ќе им пречи..
Во контекст на темава сакам да споделам и една вистинска приказна со вас.. Поздрав и имајте убав ден
http://www.ohrid1.com/top-vesti-i-s...govi-zhivi-ochridski-љubovni-legendi-vtor-del