Кога правите тесто за палачинки,направете си стално повеќе,за да имате да си направете и ваква полжав пита од палачинки.Направените палачинки можат да ви стојат во фрижидер неколку дена,и да си ги употребувате кога сакате и со што сакате.Ако сакате одма да направите ваква пита со палачинки,тогаш испечете подебели десетина или колку ви треба,зависи за колку особи ви треба.Секоја палачинка филувајте ја по желба,може и различен фил, на пр:со рендан кашкавал,салама,кисели краставички,печурки,или да ги филувате со мелемо месо испржено заедно со печурки,спанаќ.сирење.праз......имате опции по желба. Филуваните палачинки ги виткате како полжави и ги редите во тавче,одозгора ги премачкувате со јајце и ги посипувате со сусам или ким.Печете 15 мин и БОН АПЕТИТ. Деновиве се спремам да направам таква пита,само што че ставам мелени модри сливи со малку шекер и цимет,румче,а одозгора ке бидат попрскани(откако ке се испече)со прав шекер и ишарана со чоколаден прелив.Евтино и вкусно.