Оргазам (општо и совети)

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Почнаа да ме критикуваат дека веќе не сум пишувала за темата секс. Па еве ме повторно :)

Се мислев каква тема да отпочнам во врска со сексот и се одлучив на нешто што на многумина од вас ќе ви помогне :)

Денес ќе ви дадам неколку совети за поинтензивен Оргазам

  • Пронајдете ја позата што најмногу ви одговара. Сигурно веќе знаете дека позата има големо значење на патот кон достигнувањето на оргазам. Но, тоа не значи да земете Кама Сутра и да ги практикувате сите пози. Поврзете се со вашето тело и концентрирајте се на она што го чувствувате. Секоја поза носи различен степен на задоволство. Тоа што го чувствувате кога сте во кучешка поза се разликува од чувството кое се појавува додека сте во мисионерска. Дознајте која поза ве носи побрзо до „врвот“. Многу жени веднаш ја зголемуваат сексуалната тензија кога се врз партнерот. Чувството на доминантност и можноста клиторисот да се стимулира од неговата срамна коска дава предност. Ако практикувате мисионерска поза, ставете перница под вашиот задник.
  • Изберете соодветна положба за вашите нозе. Изборот на позата е многу важен, но исто толку важно е во каква положба се вашите нозе, затоа што нивната положба директно влијае на тоа дали ќе постигнете оргазам или не. Некои жени побрзо достигнуваат оргазам ако ги држат нозете целосно раширени, а други – ако ги држат стегнати. Експериментирајте за да дознаете која е идеалната положба за вас.
  • Одложувајте го врвното задоволство. Ова е популарен трик за поинтензивен оргазам. Кога ќе почувствувате дека сте блиску до оргазам, забавете ја сексуалната активност и стимулацијата. Потоа, повторно забрзајте и пред целосно да му се препуштите на задоволството, повторно забавете. Повторете го тоа неколку пати пред да доживеете оргазам. Нема да зажалите.
  • Допирајте се. Самиот секс може да не е доволен за да ви донесе оргазам. Голем дел од жените имаат потреба и од стимулација на клиторисот, а не само вагинална стимулација. Затоа, не се срамете да ја пуштите вашата рака меѓу нозете за да ја зголемите возбудата. Доколку не сте доволно опуштени за да го направите тоа, побарајте од вашиот партнер да ви го стимулира клиторисот. Не мора дури ни да зборувате, едноставно земете ја неговата рака и дајте му инструкции.
  • Не дозволувајте партнерот да ги занемари вашите гради. Дали знаете дека постојат жени кои можат да достигнат оргазам само со стимулација на градите? Се разбира, ваквите жени се ретки, но ова е доволен доказ дека градите се ерогена зона која не треба да биде игнорирана ако сакате оргазам што ќе ве однесе на седмо небо.
  • Глумете поголема сексуална возбуда. Последните истражувања покажаа дека дури 90% од жените глумат оргазам со цел да му ја зголемат самодовербата на својот партнер или пак да го подобрат нивниот „настап“ во креветот. Секако, за да доживеете оргазам, не треба да глумите дека сте го постигнале. Но, ако глумите дека чувствувате голема возбуда и дека сте блиску до оргазам, тогаш навистина вашата возбуда ќе порасне. Вашите воздишки можат да ја зголемат и неговата и вашата возбуда и резултатот да биде неверојатен интензивен оргазам.
  • Фантазирајте заедно на глас. Започнете да си раскажувате приказна во чие создавање ќе учествувате и двајцата. На пример, замислете си дека сте на одмор, дека имате секс на плажа и и сликовито опишувајте на глас што сакате да правите. Дозволено е сè што може да ја зголеми сексуалната енергија меѓу вас.
  • Зацврстете ги мускулите „таму долу“. Оргазмот предизвикува контракции на мускулите во областа на вагината. Докажано е дека вежбањето на тие мускули може да помогне за постигање на поинтензивен оргазам. Кегеловите вежби се идеален начин да ги вежбате мускулите и да си го подобрите сексуалниот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner, kizzo and The_Mayor

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Значи во темава да ставаме наши совети за подобар оргазам,така?(wasntme)
Нека те критикуваат,ништо чудно да имаш наидено и на коментар од типот,,најверојатно секој си постира теми околу она што му фали,,.Веч виџено:)
Иначе немам совет за подобар оргазам.Тие желби и фантазии кај секого се индивидуални,но сепак не е лошо да прочита човек чат пат нешто,може ке примени :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Значи во темава да ставаме наши совети за подобар оргазам,така?(wasntme)
Нека те критикуваат,ништо чудно да имаш наидено и на коментар од типот,,најверојатно секој си постира теми околу она што му фали,,.Веч виџено:)
Иначе немам совет за подобар оргазам.Тие желби и фантазии кај секого се индивидуални,но сепак не е лошо да прочита човек чат пат нешто,може ке примени :D


Не бе онака ја лупнав,јас моите пози и моите совети за да доживеам оргазам веќе си ги знам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21 and kizzo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не бе онака ја лупнав,јас моите пози и моите совети за да доживеам оргазам веќе си ги знам :)
Човекот учи додека е жив,ниту старецот на свои 80 не е експерт а камоли на твоите години (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y and kizzo

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
33
Глумете поголема сексуална возбуда. Последните истражувања покажаа дека дури 90% од жените глумат оргазам со цел да му ја зголемат самодовербата на својот партнер или пак да го подобрат нивниот „настап“ во креветот. Секако, за да доживеете оргазам, не треба да глумите дека сте го постигнале. Но, ако глумите дека чувствувате голема возбуда и дека сте блиску до оргазам, тогаш навистина вашата возбуда ќе порасне. Вашите воздишки можат да ја зголемат и неговата и вашата возбуда и резултатот да биде неверојатен интензивен оргазам.

Озбилно?!

Инаку,у вези темата:
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
32
Битола
Џабе ви се се кажано погоре... заборавате еден многу битен факт: големината односно должината на 'работникот'.. ако е мал тогаш џабе ама ако е со малку натпросечна големина е тогаш ке има забава ..:)