"Често се прашувам, каде да прошетам,кого да запознаам, кој да ми каже нешто што не знам, да чујам нешто што не сум чула, да полудам од незнаење, да прашувам, да не ми кажуваат, да се борам за некого со сета сила, онака вистински, да се борам за љубов. Постои ли човек што ќе те натера да застанеш и да престанеш да одиш онаму каде што си тргнал? Можам ли да се откажам од себе поради тебе? А треба ли? Вреди ли? Би го направил ли и ти истото? "
Ксенија Николова- Идиотски приказни