Статус на една личност од фб, кој го дробам во секој муабет на друштвото на поблиските пријатели.
Мислам дека една од најголемите мк трагедии е што не патуваме. Не како туристи кои се пржат на плажа, не преку нет комуникација, туку вистински да ги искусиме другите места. Само така човек може да излезе од менталната ограниченост која ја создаваат географските граници.
Без излегување од познатата бара, не може да се согледаме ниту себе си. Во најдобар случај стануваме маалски фраери кои мислат нивниот град и затворен круг е релевантното мерило. Немаме со што да се споредиме, па во вистинско светло да го согледаме и она што е лошо и она што е добро. Остануваме шака луѓе кои мнеѓусебно се тапшаат по рамо, просперираат на принцип “роднина ми е/пријател ми е“ и медиокритетот го продаваат како квалитет.
А, пострашна од егзистенционалната сиромаштија е онаа по дух која овде се крева на пиедестал.