Омилена национална кујна

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Македонската кујна дефинитивно, за ништо не би ја заменила. Француската кујна ја поштувам особено појадоците и закуските со добро сирење и квалитетно вино само што би ги исфрлила коњите од менито , ама како и да е наше си е наше. Се си имаме се ни расте само GMO нејќеме да имаме!
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Национални кујни :rofl
Не постои македонска, српска бугарска или грчка кујна. Она што се перцепира како такво се само локални модификации на блискоисточните кулинарски традиции поради неочекуваниот престој на османлиите на балканот пет и пол века. Сарма, ориз-тава, баклава, грав, мусака, разни манџи, ајвари и пинџури ги има низ цел балкан, блиски исток и северна африка.
Наведенава кулинарска традиција е со сомнителен квалитет а освен тоа од нутриционистичка гледна точка е прав дебакл. Намирниците се убиваат од варење, печење и пржење при што не останува ништо од првобитните корисни состојки. За приготвување на одредено јадење се потребни околу 9 часа што е реликт на времињата кога жените седеле по дома и готвеле по цел ден. Денес е крајно непрактична. И нездрава. Дури се сомневам дека широко распростанетата ментална инертност и сеопшта тупавост на рајата која вирее на териториите на кои владее оваа храна е директно поврзано со начинот на уништување храна познато како рандом балканска `национална` кујна. :D

Слично е и со т.н. `италијанска` кујна која се состои од тесто.....во 1001 вид.

Иако може да се каже дека одредени јадења имаат добар вкус, посебно оние со месо.
Посебно ако се земат во предвид антички традиционални растенија кои се користат. Ок, тоа што се донесени во Европа од Јужна Америка е друга работа (компир, домат, ПИПЕРКА, тиква, сончоглед, ПЧЕНКА, јагоди etc.... ) Доматите се користат тука некои стотина години онака како што ги користиме денес...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Би се надополнил со последнава мисла што ја пиша, а тоа е ужасно ме нервираат оние по тв готвач(к)и што упорно лупаат мајонези, павлаки, сланини едамер сирења (кашкавали море) итн. како македонски традиционални специјалитети. Абе вода у очи луѓево немале пред 60 години не па за вакви ствари ќе ми кажуваат. „Традиционален“ специјалитет во последниве 150 години ти е лепче солца и пиперца.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Би се надополнил со последнава мисла што ја пиша, а тоа е ужасно ме нервираат оние по тв готвач(к)и што упорно лупаат мајонези, павлаки, сланини едамер сирења (кашкавали море) итн. како македонски традиционални специјалитети. Абе вода у очи луѓево немале пред 60 години не па за вакви ствари ќе ми кажуваат. „Традиционален“ специјалитет во последниве 150 години ти е лепче солца и пиперца.

да да,во право си :D
'традиционалното' од времето на моите баби и дедовци е:
леб и сол
леб и толчен пипер
леб и шеќер
и леб и свинска маст ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

dusica3

Нов член
22 август 2014
27
4
3
27
турската многу ми се допаѓа, често знам да си направам нешто убаво си наоѓам рецепти на интернет]:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Турската според мене(бидејќи цел балкан се развил од неа), потоа француската, унгарската не е лоша...
Ана ова е без нашата:giggle.