Озборување

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Пред да се каже нешто за некога, треба да се размисли малце...
Невкусно се облекја - што ако нема паре човек за брендирану робу?
Кажаја некоју глупост или направија глупост? - Божем ви никад немате напраено глупост, све исправно га праите у живот?
Оговарање = лечење на комплекси. Мрзу такви људи.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Е ова е многу бедно, мизерија да не речам. Оговарање значи некого да му кренеш рејтинг ;)
Рилекс, нема тебе да те оговраме покрај тоа што и не те познавам не би учествувал во таква егзибиција. А оговарањето не би рекол дека е величење на некојси, туку омалажување на истиот.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Рилекс, нема тебе да те оговраме покрај тоа што и не те познавам не би учествувал во таква егзибиција. А оговарањето не би рекол дека е величење на некојси, туку омалажување на истиот.;)
И плус омаловажување на самиот тој што оговара...ден губење....празни муабети....некорисни..
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Дали (често) оговарате?

Настојувам да не оговарам воопшто. Ако нешто ми пречи кај некого (и имам валиден доказ и правилна причина) тогаш сметам дека повеќе ќе направам ако се соочам со самата личност, наместо да зборувам зад нејзин грб. Но ми се има случено да почнам да оговарам, или да се најдам во ситуација каде (пример) 2/3 пријатели/пријателки оговараат некоја личност. Најчесто кажувам: И што направивме/направивте сега што го/ја нарековме/нарековте _____? Утре сменет/а ќе дојде и светот ќе биде подобро место зошто ние/вие немаме/немате попаметна работа?

Дали некогаш сте биле мета на оговарање и зошто?


Не гледам зошто би ме оговарал некој. Има каде-каде поинтересни луѓе од мене со по интересни животи. Сепак, мислам дека сум бил, но да кажам зошто - можеби ќе згрешам. Сигурен сум дека тие кои ме оговарале (ако ме оговарале) имаат валидна причина зошто токму мене ме одбрале. ;)

Што мислите за тие што оговараат?


Мислам дека се кукавици затоа што немаат доволно храброст да му кажат на некого што мислат за него во лице.
Мислам дека се подмолни затоа што дозволуваат некој да ги смета за пријатели кога тие ја гледаат таа личност како непријател.
Мислам дека се глупави затоа што сметаат дека ако потрошат еден час оговарајќи некого - постигнале нешто добро и завршиле голема работа.

Како сте реагирале доколку сте биле мета на оговарање и за се тоа сте дознале?
Ми пречело, едно време... Се додека не престанало да ми пречи.

Зависи од кој-каков живот води - но животот е убав, понекогаш животот станува чуден и интересен. Најважно - животот е еден. Со нови настани, нови интересни луѓе, нови случки, нови работи. Обврски, сериозни проблеми.. Па снемува место и снемува време за јас сега да седнам и да мислам дали некој мене ме оговара и зошто не ме сака и како (и дали) треба да реагирам сега кога знам дека Јанко/Петко/Марко рекле нешто лошо за мене.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
  • Дали (често) оговарате?
  • Дали некогаш сте биле мета на оговарање и зошто?
  • Што сметате за тие што оговараат?
  • Како сте реагирале доколку сте биле мета на оговарање и за се тоа сте дознале?


  • мноооогу ретко оговарам...пошо сум чоек шо не трпи оговарања...затоа и секогаш последна дознавам шо се дешаа у градот или за некоја блиска особа...
  • стално...незнам...едноставно јас сум тој чоек шо кажува се јасно и гласно...и секако искрено...па веројатно ради тоа шо луѓето не се навикнати често некој да им ја плеска вистината у фаца(nod)
  • ако немаат попаметна работа...нека оговараат...нека си го напраат поинтересен досадниот живот...
  • ај донт гив а фак...секогаш имало и ќе има...гом:cenzuraојадачи...поздрав до нив :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Hip.Hop_MKD