Озборување

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Дали (често) оговарате?
Дали некогаш сте биле мета на оговарање и зошто?
Што сметате за тие што оговараат?
Како сте реагирале доколку сте биле мета на оговарање и за се тоа сте дознале?
Не обожавам да оговарам но некој кога ептен ќе ми прекурчи му кажувам во лице баш што мислам за него,не заобиколкувам баш.Нешто што највеќе мразам е да слушам оговарање,посебно некој само што ќе се заврти и они да почнат да кометират за него и некакви фаци да се прават демек оваков е или онаков.Оговаат тие што си немаат друга работа па водат брига повеќе за туѓите работи,отколку за своите.Ваков да си или таков нема шанси човек да не пројде без оговарање.Посекако бодеш во очите на луѓето.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
А бе, да, ич никој никогаш не озборувал. Ахам, мало сутра!:rolleyes:

Да не се лажеме, сите сме седнале на два-три реда муабет со друштво за некој трет кој не е присутен, тогаш и таму...
Сите сме коментирале некој некогаш што правел минатиот викенд, како изгледал...
Ако не повеќе, сите сме седнале да слушниме што има да ни каже другарката која го видела бившиот со нова...
А и тоа е озборување.
И колку и да го избегнуваме, невозможно е никогаш да не сме учествувале во него.

Дали сум била мета на озборување?
Е тоа е она што не ме секира. Сигурна сум дека постои нешто кај мене што некому пречи. И тој си наоѓа уште еден компањон со кој ме озборува. И сега јас као треба да ја врзам главава за тоа?!:^)

Животот е само наш и треба да го живееме како нас ни одговара, а луѓето секако ќе озборуваат.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Секој оговара на ваков или онаков начин,зависно е колкава е границата и колку со тоа ќе му наштетиш на угледот или во некои цели на таа личност во тоа оговарање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
кој ме оговара
полиција да го бара
на врата да му дојде
лошо да си пројде

селска работа е тој оговарање, жене на чешму, збориф збориф и сс празни стомне си идеф по дома
 

kiko

Нов член
22 април 2012
5
5
3
25
не сакам да ме оговарат ниту јас да оговарам :)
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Се важи кога ќе се проценува задник или гради на некоја женска? Ако се важи, оговарам ако не, не оговарам.

Се случило нормално да ми се деси да оговарам, али не по моја иницијатива. Пријателот најчесто со кој сум седел започнувал со оговарање и ај да не бидеме без муабет се придружувам. Ама истото што би го кажал на маса со пријател, би и го кажал на личноста во лице, ако и е потребно да знае нормално, ако не ќе си седам на страна.

За тоа мене да ме оговараат, нека оговараат. Haters gonna hate. :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Bum-Bum

Maks

Староседелец
Не оговарам се кажувам у лице,
Мразам кога ме оговараат, сакам да бидат директни да ми кажат у лице ако има нешто.
А чуството кога дознаам дека некој ме оговарал...
2751789_o.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Сите знаеме да дофрлиме по некој збор за некого.
Па,што луѓе сме...си велиме. Сакаме,да оговараме,а не сакаме
да не оговараат. Од каде тоа право да му се мешаме на другите
луѓе во животот? Од каде тоа право да осудуваме? И зошто
најчесто и најлесно се оговараат тие што се
различни од нас? Велат:'' Не суди-не ги знаеш туѓите животи''.
Но,штом ќе направиш грешка веднаш те осудуваат,оговараат....
Или пак ако живееш како што сакаш,како што умееш веднаш
се почнува со коментари,осудувања... Од каде тоа право?