Од што имате фобија?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Само од темница во комбинација со тишина. Нема нешто полошо од да се најдам некаде каде нема никаков звук, знак на живот и уште да е темно. Не знам зошто е тоа така, не сум имала никаква средба со натприродни појави или духовни суштества ни па сум имала некои трауми или загуби во детството, како што некој сака да ми прикачи за да ја објасни фобијава. Знам дека е ова страв што го имаат скоро сите, ама мене не ми е само обичен страв од темница. Јас почнувам секундарно да се потам, срцето ми чука ненормално брзо, ме фаќа паника и не можам да се совземам после подолго време.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не се плашам од ништо.
Стравови постојат да,
но во момент кога се појавува чувството на страв му дозволувам да ме обземе без да останам прикачена на тоа чувство.
Всушност стравот е предизвик за мене.
Се трудам да се соочам со работите од кои имам страв.
Кога положив за возачка имав страв
од брзо возење по автопат.
И воопшто приклучување од градски улици на автопат.
Не можев да се помирам си помислата дека тоа ме плаши.
Решив да го исфрлам тоа од себе.
Еден цел ден се вклучував од градски улици на автопат возејќи брзо.
Внимателно чувствував што се случува во мене без да се соживувам со тие чувства.
После некое време исчезна тоа.
Друг пример е отварањето на фасови за пива и приклучување на истите.
Тоа се оние големи буриња со пиво кои се користат за на шанк да се има точено пиво.
Долго време работев како бар кипер и тоа ми беше рутина.
Еднаш кога приклучував пиво не го затворив добро(иначе пивото е под притисок и кога нема да се прикачи добро, прска на сите страни и може да дојде до повреди на кожата)
и почна да прска насекаде во пивскиот подрум.
Ме избања добро целата и воедно ми створи внатрешна паника и страв.
Целата се тресев во моментот.
Дојде шефот среди се, ми се изнасмеа ко будала и ме прати да се пресоблечам.
Меѓутоа после тоа на секое одење во подрум да променам буре со пиво, ме фаќаше паника и страв буквално да се тресам и незнам што правам во тие моменти.
Не бев способна сама да го правам тоа и го викав шефот да превземе за мене.
Се додека не се решив да го надминам тоа чувство.
Го правев тоа 20 пати( приклучи, па пак извади па пак приклучи итн)се додека не почуствував дека сум слободна од тој страв.
Стравот ми е предизвик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88 and parvati

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Ова го најдов по интернетов..

1. Арахнофобија

Арахнофобијата претставува страв од пајаци; тоа е најчестата фобија и од неа страдаат голем број на луѓе, во помала или поголема мера. Луѓето со арахнофобија чувствуваат силно чувство на немир кога ќе се соочат со пајак, а исто така можат да се јават и телесни симптоми како потење и треперење секогаш кога ќе видат пајак. Арахнофобијата е почеста кај жените отколку кај мажите.

2. Акрофобија

Акрофобијата претставува страв од височини. Овој страв е тесно поврзан и со други фобии, како стравот од паѓање. Повеќето луѓе со акрофобија постојано избегнуваат да одат на повисоки места, бидејќи таквите посети кај нив предизвикуваат непријатни психолошки и физиолошки симптоми. Акрофобијата е многу честа, и повеќето луѓе општо земено чувствуваат страв од височини, повеќе или помалку.

3. Клаустрофобија

Клаустрофобијата е страв од затворен простор; вообичаено кај луѓето се развива овој претеран страв како резултат на чувство на заробеност. Луѓето со ова нарушување, особено ако истото е поизразено, избегнуваат да одат во затворени простори како пештери, тунели, па дури и лифтови

4. Аерофобија

Аерофобијата е страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување, и поради истото тешко се решаваат на патување со авион. Аерофобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника, меѓутоа паниката најчесто ги обзема овие луѓе при самото полетување на авионот, како и при приземјувањето, а се разбира паниката е многу поинтензивна кога авионот минува низ турбуленции.

5. Некрофобија

Тука станува збор за постојан страв од умирање или пак од мртви луѓе. И на повеќето луѓе не им се допаѓа помислата на смртта, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта. Понекогаш овој страв е поврзан и со стравот од непознатото. Во најтешките случаи овие луѓе не само што се вознемируваат кога ќе видат мртовец, туку и кога ќе видат мртво животно, или пак кога ќе видат мртовец во весник или на телевизија доживуваат напади на силна вознемиреност.

6. Страв од темнината

Стравот од темнината уште е познат и по името никтофобија или скотофобија. Најчесто овој страв се јавува во периодот на во детството; повеќето луѓе го надраснуваат овој страв како што созреваат, но кај некои тој останува и во возрасниот период. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики воопшто

7. Офидиофобија

Офидиофобијата претставува страв од змии. Повеќето луѓе се плашат од змии, но некои луѓе чувствуваат силни симптоми на вознемиреност при самата помисла на змии, а не дај Боже и навистина да видат една.

8. Страв од забар

Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават се што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка.

9. Кинофобија

Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини.

10. Хемофобија

Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе кои што страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото.

Според ова јас имам клаустофобија (страв од затворен простор) но не ми е толку изразено, чувство на паника ме фаќа само во лифтови.
И Арахнофобија (страв од пајаци и слично) ова чувство ми е многу изразено. Ми се тресат рацете, ми се забрзува дишењето, ме заќа страв, паника и можам да стигнам до лудило. Кога помислувам на пајак секако ништо не ми е, но да го видам пред мене веднаш се наежувам, почнува да ми се лоши. Кога би допрела пајак - би паднала во несвест.
 

Шо знам

Нов член
4 мај 2013
2
0
1
29
Од Пајаци, гуштери, авиони, хелиКоптери и општо денот, денот ме плаши :( затоа и не можам да функционирам нормално, како секој еден нормален човек
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Имам фобија од отворен простор, фобија од контакти со луѓе, фобија од пчели, оси и сите инсекти што прават бзззззззззззззз, имам фобија од LittleButterfly :) :svirka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy