Можеби смртта е најубавото нешто што може да ни се случи. Никој жив не дознал што следи по неа.Оуу не знам, можда боли , ама на животот може да се влијае, а на смртта не може. У тек на животот и да грешиш можеш да се поправиш, а со смртта запира се, назад враќање нема....
Ќе кажам некој збор за стравот, но од психолошко/фројдовски агол.
Стравот е состојба на напнатост, тој е нагон исто како гладот или сексот рецимо, но наместо да е настанат од внатрешни фактори, тој е производ првенствено од надворешни причини.
Постојат три вида на страв: реален, невротичен и морален или чувство на вина. Основен тип е реалниот страв или страв од реални опасности од надворешниот свет (страв од пајак, грмотевици и сл.) Невротичниот страв е страв дека инстинктите ќе го избегнат надзорот и ќе ја натераат особата да направи нешто за што ќе биде казнета. Невротичниот страв е толку страв од самите инстинкти колку што е страв од казна која веројатно ќе следува поради задоволување на инстинктите. (пр. детето сака да украде од мастиките на излогот, но се плаши да не биде казнето доколку го фатат). Моралниот страв е страв од совеста. Луѓето со добро развиено Супер Его (Совест) се склони да се чувствуваат виновни кога ќе направат или само помислат на нешто што се противи на моралните правила по кои се воспитувани. За нив се вели дека чувствуваат грижа на совест.
Кога стравот е предизвикан, тој ја мотивира особата да направи нешто. Таа може да побегне од областа која ја загрозува, да го закочи опасниот импулс или пак да се потчини на совеста.
Стравот кој не може да биде совладан со ефикасни мерки е наречен трауматски. Тој ја доведува особата до состојба на инфантилна беспомошност.
Кога Егото не може да излезе на крај со стравот преку рационални методи, мора да се справи со нереалистични. Тоа се едни одбрамбени механизми кои ги користиме често и не сме свесни за нив. (репресија, регресија, проекција и др.)