Мене доктор Гонзо уште кога се запознавме ми вика : абе ти од некаде си ми познат, да не си бил ти некогаш во палма де Мајорка.
Не бе му велам.
Еее и јас не сум бил, вероватно од таму те знам.
И така се размуабетивме за местото кој шо видел на гугле мапс или некои пикчрс/имиџис и реков аааа морат вака да се потпишам.
И така едно време се мислев се мислев дали да се крстам Палмо или Мајор (демек машки род), ама Палмо ме асоцираше на тропска клима а јас зимурлиа и за никаде комбинација, па го одбрав мајорка. И така да не е клише го напишав по латински, шо во буквален превод по енглески ми ти значело градоначалник, а то немат врска дека имам некаква врска со градоначалникот освен еднаш ако се важит- со еден колега ја лажевме на една колешка дека татко ми е Нанче и дали ќе гласа за него (а Нанче е тој што се кандидираше за градоначалник пред 4-5 години).