Односот на наставниците кон децата со посебни потреби

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Е сега не е баш случај на дете со посебни потреби али нешто слично е.
Бевме седмо или осмо одделение, имавме во клас дете што не знаеше да пишува (то ест знаеше по нешто ама не онака како нас останатите- во тоа време немавме некои книги па професорите не тераа да пишуваме рачно, брзаа многу за да има време се да напишиме и сега кога ќе се сетам многу ретко ни ја раскажуваа лекцијата, уствари само ни читаа од тетратката ние пишуваме и така после испрашувања, се прашувам сеа зошто земале пари кога само си читале али небитно). На пример ние ако пишиме две страни, тој одвај половина страна напишал. Имавме една професорка која отворено го исмејаваше детето, жената беше толку одвратна, до ден денес сеуште не можам да ја поднесам, дури и кога ќе ја видам некаде косата ми се крева. Значеше (то ест сеуште значи) за една кобајаги од најстрогите, али вистината беше дека беше продадена душа. На богатите деца нон-стоп им попушташе, додека на оние посиромашните имавме една школска која стварно многу се трудеше и многу учеше, и оваа кравата нон стоп и викаше као 'учиш на памет. Ај објасни ова, ај тоа ај тоа' и секогаш ја испрашуваше најмногу од сите нас, обожаваше да ја цеде за на крај да и ставе помала оценка зошто 'учела на памет' а она не го сакала тоа, што благе везе си немаше.
Да се вратам на темата, обожаваше да го исмејава детето и нон-стоп го задеваше за нешто. Деца како деца, почнуваа да се смеат на нејзините навреди, детето само бледо ја гледаше и мислам дека се плашеше од неа. Како да им даваше сила тоа што она го навредува, па кога може професорката можеме и ние. Еднаш дури и рече: Ќе го натерам да ја повторува годината, ако ништо друго да го научам да пишува (проследено со одвратна Круела Де Вил смеа).
До толку беше злобна, што еднаш ме прати по креда (канцеларијата беше на другиот крај од училиштето што ми требаа едни добри можда 5 минути за да се вратам назад) и глупачата почнала да ми чепка низ ташната, ми ја извадила тетратката (да, ми се дешаваше во една тетратка да пишувам по повеќе предмети, али мислам дека секој ученик има бар по една таква тетратка и не гледам ништо лошо во тоа) и почнала да зборува за мене, каков ученик сум бил јас, каков човек ќе сум станел, бивало ли се во една тетратка и плус уште некои работи кои нема да и ги опростам.
Така да, вистината е дека ретко кој наставник добро би се однесувал со ученици со посебни потреби. Моите наставници во главно сите нас не сакаа да ни помогнат да научиме, ако прашаш нешто ти вика Како може тоа да не ти е јасно? Така да, ако со нас се однесуваат така, не им е гајле дали другиве деца научиле да пишуваат или не.
Еднаш наставничката по македонски ни ја прочита наглас писмената на детето спомнато погоре, за нели и ние да се изнасмееме.
Ретки се тие наставници неисфустрирани, да сакаат да помогнат, да те прашат ако имаш некој проблем, да не им е до оговарање и исмејување.

А да, последно нешто. Од цело основно најголема огорченост имам кон педагогот што ни беше. Замислите ја најдебелата, најгрозната, најнамрштената фаца, со најцрни заби, како излезена од хорор филм, што едвај се движе. Е не однесоа кај таква пошто имавме мала тепачка во одделението. Бевме четворица, не викаше еден по еден у канцеларија. Јас бев последен, влегувам и почна да ми поставува некои чудни прашања. Допревме до тоа да ме прашува дали моите се разведувале и почна да ми се дере зошто ја сакам мајка ми повеќе. Извини, нема ти да ми кажиш кој повеќе да сакам?! Памтам дека ми беше толку тешко што се расплакав, а она продолжи да се дере и ми викаше: Престани да се лигавиш!
Епа кога таков педагог имаш, можиш да замислиш какви беа останатите вработени во училиштето.

Заклучок: се е дива лига. Бидите благодарни ако професорите ги игнорират децата со посебни потреби. Според мене тоа е подобро од нивно исмејување и покажување со прст. Сите имаме некои недостатоци, наместо да се потрудиме да си помогниме, се вадат тие маани на виделина како врела шлаканица на образ. Тие се само деца. Замислите какви стресови доживуваат, колку тоа влијае врз нивната самодоверба.
Имаше еден цитат, не ми текнува од кој е ама нешто беше вака:
Децата имаат стресови како старите. Секој ден се соочуваат со предизвици на училиште, од тоа дали ќе бидиш прифатен во 'популарното' друштво, до тоа дали наставниците или професорите ќе ти бидат искомплексирани срања што едвај чекат да се издушат врз некој.
Детството има огромен удел во тоа каква личност ќе станиш понатаму во животот.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Наставниот кадар општо е само за нијанса на повисока скала од педофилите а општо се работи за збир на морони кои земаат плата за ништо. Примери како овој погоре што го опишува Давор има многу и истите штетници познати како наставен кадар, во некој за нијанса порационален свет би требало да бидат обесени.

За да лекар со стетоскоп прати дали се при крај и пред да умрат да бидат вратени во живот.
И тогаш да им бидат распорени стомаците а тие да го гледаат тоа.
И да бидат втор пат обесени, овој пат не со јаже туку со сопствените црева.
А нивните остатоци да бидат фрлени на свињите во некоја фарма.

Секако и черечење со четири Ланд Ровери кои полека би ги влечеле на различни страни би било одлична опција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Наставниот кадар општо е само за нијанса на повисока скала од педофилите а општо се работи за збир на морони кои земаат плата за ништо. Примери како овој погоре што го опишува Давор има многу и истите штетници познати како наставен кадар, во некој за нијанса порационален свет би требало да бидат обесени.

За да лекар со стетоскоп прати дали се при крај и пред да умрат да бидат вратени во живот.
И тогаш да им бидат распорени стомаците а тие да го гледаат тоа.
И да бидат втор пат обесени, овој пат не со јаже туку со сопствените црева.
А нивните остатоци да бидат фрлени на свињите во некоја фарма.

Секако и черечење со четири Ланд Ровери кои полека би ги влечеле на различни страни би било одлична опција.
уф... премогу сурово ми звучи, ама на место е.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А да, последно нешто. Од цело основно најголема огорченост имам кон педагогот што ни беше. Замислите ја најдебелата, најгрозната, најнамрштената фаца, со најцрни заби, како излезена од хорор филм, што едвај се движе.
Roz.jpg

Шега на страна, ова општо што го имаш кажано мање више е продукт на едно општество базирано на автократски полициски режим. Од една страна описменувањето на голем дел од нацијата е постигнат колку толку, од друга страна имаш примери на исфрустрирани будали со лопата да ги ринеш. Проблемот е што овде мора да се изврши некаква трансформација. Веќе не сме Македонија во 50тите, 21век е, изборот на добивање на информации е далеку поопширен иако се` и се`што се пласира денес по интернетов. Но професориве баш затоа треба да бидат повеќе уплашени и на некаков подипломатски начин да пристапат да му објаснат на детето што е точна информација - факт (ако се работи за природоматематички предмет) или како да расудува во полето на општествените науки.
По мене можеби сум малку наивен и тро повеќе сањарам, но role model за учител ми е Робин Вилијамс во многу негови рољи, посебно во Dead poet`s society и Good Will Hunting. Имав некакви приближно такви професори, една беше по Историја на уметност во средно (ping @MissChievous ) која ми даде длабок темел за оноа што и ден денес го проучувам - Археологија/античка историја, додека уште од основно имав проблем со една друга наставничка по математика (слична на твојот пример погоре), за која предметот никогаш не го засакав, иако ми одеше горе доле солидно.
Краен заклучок - многу многу зависи од тој однос меѓу професор - ученик, ако не и понекогаш има толку длабоки корени при што тој е еден од највлијателните ликови на ученикот кој ќе се изгради подоцна како личност која или ќе го мрази тоа што го учел или од друга страна ќе му создаде одредена пасија за истото.
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Со деца да работиш воопшто не е лесно, особено не секој божји ден 20 години по ред,да го повторуваш истото. (од нивна страна)
На наставниците им е прекурчено, особено ако имаат во клас и хиперактивни деца, тогаш избувнуваат и тие заедно со децата. Немаат никаква самоконтрола и разбирање кон истите. Воопшто не се ни трудат да ги разберат.
А децата како деца, наивни будалетинки, поима немаат што се случува, напротив им одговара кога пизди наставничката и се ситат со тоа, особено хиперактивните. Јас сум едно од тие деца, за тоа можам да зборувам до утре што сум чувствувала кога бев над сите во клас и се чувствував така, а можам и за оние денови кога не бев. Но, хиперактивното однесување, зависи од нешто. :) Коренот зошто јас сум била таква, се`си има еден голем прашалник, а богами и одговори. :) Психолог не помага, муабет од дома воопшто не. Само вербата дека еден ден ќе се случи чудо и ќе престане тоа. :D

Оправдање за наставниот кадар,нема. За тоа учеле и треба да се има разбирање, и да е проблемот во децата, наставниците зимаат плата, а не да се молат на бога да се отпише детето од тоа школо, зошто, само затоа што е најгласен. :rolleyes: И да се нервираат безпотребно, па и уште да викаат, мене ми викаа, ама колку повеќе викаа на мене, ја толку повеќе бељи праев. Глупави! :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Дипломската ми беше на оваа тема и краткиот одговор е дека однесувањето на наставниците кон децата со посебни потреби е скоро па непостоечко.
Под тоа подразбираме игнорирање и општо непознавање на разните проблеми со кои децата се соочуваат. Кога набљудував часови, имаше 2-3 наставнички што ни велеа тоа и тоа дете да не го прашуваме ништо пошто било со посебни потреби. Ајде, тоа океј, ама ниту тие ги прашуваа нешто. Децата беа исклучени од часовите.
Некои наставници не ни знаат дека имаат дете со посебни потреби во класот дури тоа не им се нагласи. Тука сметам дека потфрлаат и родителите.
Накратко, имаме долг, долг пат дури да стигнеме до некакво задоволително ниво. Многу е мал бројот на наставници што се труди околу овие деца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Паааа, фиромштина на максимум. Да бојкотираш настава за твоето совршено дете да не учи во клас со дете со Даунов синдром, било агресивно.
Ова е тоа што го зборам, дека наставниците ги ставаат под тепих предизвиците со кои се соочуваат овие деца. Ги прават ко да се сенка во ќошето од училницата, не реагираат на малтретирање, па после сите се зачудени зошто детето било агресивно, расплакано или којзнае што.
Да знаете само какви глупости најдов во врска со инклузија на деца со посебни потреби (а и малку беа на број), ќе се разјасни зошто е ко што е. Не знам кој неписмен ги прави тие „планови“ и совети, ама личи ко оние што пишуваат за Шило Магазин или нешто такво - 100 денари за текстче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Паааа, фиромштина на максимум. Да бојкотираш настава за твоето совршено дете да не учи во клас со дете со Даунов синдром, било агресивно.
Ова е тоа што го зборам, дека наставниците ги ставаат под тепих предизвиците со кои се соочуваат овие деца. Ги прават ко да се сенка во ќошето од училницата, не реагираат на малтретирање, па после сите се зачудени зошто детето било агресивно, расплакано или којзнае што.
Да знаете само какви глупости најдов во врска со инклузија на деца со посебни потреби (а и малку беа на број), ќе се разјасни зошто е ко што е. Не знам кој неписмен ги прави тие „планови“ и совети, ама личи ко оние што пишуваат за Шило Магазин или нешто такво - 100 денари за текстче.

Па како, може да се заразат со монголоидност и после од качаци да станат монголоиди, така тоа биднувало, ако те чепне лице со даунов автоматски се добива еден хромозом плус и после посебни потреби еее...знае раја што праи, само ние вакви соросоидни мрчиме.

Има неколку монголиди тука во влезовиве, со двајца си имам шо праиш како си, секогаш се сами и така си шеткаат и гледаат како се гради една зграда, добричини се, не знам што им е проблем на раја со средновековни суеверија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra