Односот на наставниците кон децата со посебни потреби

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Темава ја започнувам со цел да развиеме поширока дискусија на оваа тема, би била среќна доколку преку совети, предлози или споделување на лични искуства на некој начин ми помогнете со справувањето со овој проблем бидејки сум родител на хиперактивно дете кое оваа година тргна на училиште и домашните проблеми се проширија и во неговата училница.

За хиперактивните деца можеби и не е соодветно да се каже дека се деца со посебни потреби, мегутоа имаат потреба од дополнително внимание од наставниците, а истите го подценуваат тој факт.

Главниот проблем кај нас е тоа што кога ке се спомне хиперактивноста сите ние мислиме дека станува збор за деца кои се темпераментни, малку по енергични и по немирни од останатите, мегутоа не е така. Хиперактивноста кај децата е посериозен проблем. Еве малку поопширно.

Клиничката слика кај децата со синдромот на нарушено внимание и патолошка хиперактивност е мошне разнообразна иако самиот синдром го дефиниравме со два основни симптоми:
  1. Концентрацијата на вниманието, како што истакнавме, е на мошне ниско ниво. Овие деца само за кусо време се концентрираат кон задачата или кон проблемот што од нив се бара да го решат. Кај нив вниманието се префрлува од предмет на предмет, од една област на друга.
  2. Изразената импулсивност и хиперактивност се манифестираат со една дезорганизирана и бесцелна активност на детето. Тоа бесцелно трча по собата, за кусо време се нафрлува врз нешто предмет и бргу се заситува од него. Лесно го фрла предметот на земја и потрчува кон друг предмет или друга активност. Не ги поштедува своите другарчиња. Ги задева и им пречи во играта. Физички посегнува кон своите врсници и кон постарите. Со своите најблиски најчесто е скаран. Кон нив постојано е со подигната рака. Со еден збор детето со овој синдром претставува индивидуа што многу бргу се одликува во својата околина по едно однесување кое, без поговор, отстапува од нормалата.
Покрај овие два основни симптома, што го сочинуваат синдромот, овие деца се одликуваат и со следните карактеристики:
- Изразен негативизам и тврдоглавост. -Ако на ваквото дете му се понуди да биде учесник во игра со своите врсници, -тој одлучно ќе одбие. Ако му се понуди каков и да било објект, -тој одлучно ќе го одбие. Или ако го прими во своите раце, деструктивно ќе се однесе кон него. Најчесто, ќе го скрши. Тврдоглав е кон добронамерните настојувања на неговите најблиски. Не прифаќа никаква сугестија.
-Чести промени на расположението. -Кај децата со овој синдром се забележуваат мошне нагли и мошне чести промени во афективната сфера. Од една некритична веселост наеднаш упаѓаат во состојба на несопирливо плачење. Лесно постануваат депресивни за да наеднаш избувнат и рушат cè пред себе.
-Недостиг на самодисциплина. -Се манифестира со недостиг на кочници за совладување на поривите. Секое нормално дете во процесот на воспитанието и созревањето си наметнува определена самодисциплина. И најмалото суштество знае дека самодисциплината е, пред сèпотребна за него, за задоволување на неговите афективни и инстинктивни потреби. За жал, децата со овој синдром покажуваат јасен недостиг на самодисциплина. Тој недостиг им нанесува штета како на нив самите, така и на нивните најблиски.

-Низок степен на самопочитување и лесно фрустрирање. -Постојаното движење и рушењето на сè пред себе доведуваат кај децата со овој синдром до изразување на гневот на околината кон нив. Околината не е задоволна со таквите деца и нивниот гнев и незадоволство со нив не може да се скрие. Хиперактивното дете, сепак, не ја загубило способноста тоа да го почувствува. А како резултат на тоа, кај него настапува фрустрација. Повторувањето на таквите состојби доведува до акумулација на фрустрациите.
-Лоши академски постигања. -Децата со нарушено внимание и хиперактивност постигнуваат многу лоши резултати на училиште. Тие се должат многу помалку на степенот на неговиот ментален развој отколку на нарушеното внимание и невозможност за концентрација врз наставата и врз нејзиното совладувањето.
-Нарушување на сонот. -Претставува мошне интересен феномен. Децата со овој синдром покажуваат инверзија на сонот. Тие се во состојба да останат без сон долго време во вечерните часови оставајки ги нивните родители вчудовидени и ненаспани. Се случува, сепак, тие да попаднат во длабок сон тогаш кога од нив тоа најмалку се очекува: на училиште или во екот на играта. Самиот сон ретко кога е континуиран и монотон. Овие деца спијат немирно, постојано се тргаат и неретко зборуваат во сонот.

-Минорни невролошки манифестации. -Еден мал број на деца со овој синдром манифестираат минорни невролошки манифестации. Тие се, главно, локализирани во сферата на перцепциите и моториката. Така, на пример, мал процент на деца можат да покажат одвај забележливи пирамидни симптоми. Се разбира, правата церебрална парализа е исклучена од овој синдром.
-Конвулзии. -Не се чести кај овој синдром. Сепак, еден мал број на деца (10%) можат да имаат фокални или секундарно генерализирани конвулзивни манифестации.

... Ни беше потребен долг временски период за да се справиме со проблемот кога сме дома, потоа некако се справувавме и надвор, но никако не можеме да се справиме со проблемот на училиште. Зошто?
Можеби два месеци и не се доволни за детето да се привикне на новата средина, но колку и да не се доволни со постепено и континуирано работење за подобрување на неговото однесување со разговор, консултации со психолози, вежби за концентрација и корисни друштвени игри, отворено разговарање со детето за неговите чувства и потреби, покажување разбирање на неговата состојба и тн. од моја страна и од страна на најблиските, сметам дека детето има потреба и од соработка од наставниците.

Наставниците секогаш насмеани излегуваат во пресрет, секогаш подготвени да помогнат, сегогаш настапуваат со огромно разбирање на оваа состојба... а потоа кој знае што се случува...

Детето веке носи неколку етикети како немирно, некултурно, агресивно, насилно, незаинтересирано, безобразно... и тие етикетирања не ги добива од своите врсници туку од наставниците кои ја ``разбираат`` неговата состојба.

Неколку пати ми беше поставено прашање од типот дали премногу го разгалувам, а потоа дали сум премногу строга...

Јас не сум родител кој што веднаш ке скокне по секоја цена да го брани своето дете. Јас го познавам своето дете и знам дека голем дел од неговите постапки не се за оправдување. Многу разговараме за неговото негативно однесување со цел да му укажам на тоа што е добро а што не итн. и никогаш не сум ги оправдала неговите постапки. Секојдневно упорно им објаснувам на наставничките дека детето не е пуштено од дома да прави што сака на училиште, дека постојано се работи на него... на крајот добивам одговор од типот, ве разбираме, ама поработете на неговото однесување.

Поради тоа што јас во моментов незнам на кој начин би работела за да се подобри однесувањето на детето во училиште, напоменав дека дома успешно се справуваме, без никаква помош од наставниците и училишните педагози и психолози ја започнав оваа тема тука, можеби ке се роди некоја генијална идеа, или само ке си го празнам гневот кон ова наше затуцано општество.



 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Имам внук кој е хиперактивно дете во буквална смисла на поимот...но има само 5 години така да не знам за понатаму и за тоа како би се однесувал на училиште...знам дека во градинка си беше исто како дома и никоја воспитувачка не ја слушаше освен една која воспостави пријателски однос со него...
Од лично искуство знам дека кај овие деца строгоста има контраефект...на секоја наредба реагираат пркосно и се однесуваат уште побетар...кудење исто така не доаѓа во предвид...
Имам пробано само смирено, трпеливо (колку што се може, иако ми доаѓало да вриштам од нервоза и да искршам се околу мене, сепак некако сум успевала да останам мирна), пријателски и само со пофалби кога е за фалење...а за она што не чини и што не треба да го прави сум била како расипан грамфон за да конечно допре до него...
Значи поентата ми беше дека авторитативност и строгост кај овие деца не “палат“, а можеби така настапуваат наставниците затоа нема никаков ефект...не знам, мое мислење...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пред некој ден кога ја видов сликава, баш сакав да започнам некоја тема, ама сум заборавила.

fotodetence.jpg


Да не ги лепам и моите слики од средно, ама бетер се од оваа. Имавме дете со посебни потреби, а односот на наставниците спрема него беше ист од сите колку и да ги имавме. Детето исто како да не постоеше.
Седеше сам, повлечен на последна клупа од прв до последен час, никој не го заприметуваше...
Сите му беа петки, одличен и примерен ученик, а уста не отворил цели 4 години. А како и да отвори, кога никогаш не ни бил прашан, ни поттикнат да учи и да научи.

Дали луѓето воопшто не се замараат со проблемите на другите, или се плашат да експериментираат во области за кои не се обучени не знам, ама не е фер и не е човечно да игнорираш такви деца, да не му понудиш помош (на крај краева и не е хуманитарност, се зема плата за тоа), а со оние што ништо живо не ги интересира работат толку посветено.

И можеби е и голема грешка што родителите на деца со посебни потреби не сакаат да ги делат децата од другите нормални и ги праќаат во обични училишта, место за места предвидени за такви. Детето е посекако нормално, но си има потреби за кои обичните наставници не се свесни дека треба да им ги пружат...
На страна сите тие дофрлувања и омаложувања од "нормалните" деца.
Гледам дека се зборува за хиперактивни деца, ама мислам општо може да се зборува за односот кон сите деца со посебни потреби...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *blacky* and malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Проблемот е што мало дете со торба на грб и со обврска да седи 5-6 часа на клупа - е неприродна ситуација која сама по себе раѓа срања. Може сега ќе најдат нов фенси израз `хиперактивно` на место на `бесно` или `немирно`, но тоа е... мора наставниот кадар да зема плата.
И досадно им е. На дете од 9-10 години воопшто не му се битни дропки, глаголи и заменки ниту било што од наставната програма... тоа не се деца со посебни потреби воопшто и многу е погрешно да им се става таква стигма. Досадно им е. Не се деца со даунов или аутизам скраја да е.

Не може дете да има концетрација од 5-6 часа и тоа за материјал кој никако не го тангира. Невозможно е. Неприродно. Но прифатено како исправно, консензус, да не почнам да звучам како Ара папагал...:)
И сега ќе измислуваат `дисордери` за да го оправдаат крајно идиотскиот систем и наставниот кадар. Следат хепи пилс за зомбификација на деца како во САД. лапни си синко риталинче и дропките и именките ќе ти станат истересни...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Проблемот е што мало дете со торба на грб и со обврска да седи 5-6 часа на клупа - е неприродна ситуација која сама по себе раѓа срања. Може сега ќе најдат нов фенси израз `хиперактивно` на место на `бесно` или `немирно`, но тоа е... мора наставниот кадар да зема плата.
И досадно им е. На дете од 9-10 години воопшто не му се битни дропки, глаголи и заменки ниту било што од наставната програма... тоа не се деца со посебни потреби воопшто и многу е погрешно да им се става таква стигма. Досадно им е. Не се деца со даунов или аутизам скраја да е.

Не може дете да има концетрација од 5-6 часа и тоа за материјал кој никако не го тангира. Невозможно е. Неприродно. Но прифатено како исправно, консензус, да не почнам да звучам како Ара папагал...:)
И сега ќе измислуваат `дисордери` за да го оправдаат крајно идиотскиот систем и наставниот кадар. Следат хепи пилс за зомбификација на деца како во САД. лапни си синко риталинче и дропките и именките ќе ти станат истересни...

Да досадно им е на сите посебно во новото прво одделение какде што два месеци учат бои и форми кои мојот син знаеше да ги разликува уште на две години, со сила ги прават глупави и тоа подтикнува на дополнителна незаинтересираност.
Но што треба да да на прави еден наставник ако во одделението има хиперактивно дете? Треба дополнително да го ангажира за да може детето да издржи затворено толку време во една просторија, на пример тоа дете може почесто да ја брише таблата, да им дели листови на оостанатите... да му се даде било каква задача со што ке може да се движи а да биде дисциплинирано и корисно.
А што прават наставниците кај нас?
Го опоменуваат по сто пати да седне на столчето, да не тропа, да не се смее гласно итн.
Разликата кај хиперактивните од останатите деца е тоа што иако сватиле што треба , а што не треба, во одредени моменти не можат да си ги контролираат нагоните за ``беснеење`` и тоа не може да се надмине со постојано прекорување и опоменување, бидејки детето иако разбрало, иако има страв од казна, почит кон авторитетот исл. во моментите кога тој има потреба да направи глупост ја прави без контрола над самиот себе иако е свесен за постапката и последиците од истата.
Тоа дете не е моќно да се справи со тие нагони за разлика од нормалните деца.

Иато така сакав да кажам дека за време на сите тие разговори со надлежните во училиштето разбрав дека психологот и педагогот си имале свои работни обврски и немале време за да се замараат со поединци. Кај нив на консултација може да се оди само во краен случај, на пример кога моето дете ке претепа некој од соучениците или ке направи некоја поголема белја.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Искрено не знам што очекувате од наставници кои завршиле на педагошки каде што претежно одат некои што едвај завршиле средно + партиска книшка? Очекувате да се справат со проблем кој што не ни знаат што е?

Дека образованието е тапа, тапа е ама мислам дека тоа што го зборува авторката не е многу поврзано со тоа дали им биле интересни дропки на 8 години. Мој совет е да отидеш во училиштето и да разговараш со педагог и психолог (претпоставувам ги има во училиштето) и да им објасниш што е работата, па ако е потребно заедно со наставникот да изнајдат пристап и да го заинтересираат малиот и да најдат начин да го одржат сконцентриран нешто повеќе од сега. Или најди му нешто што може да го заинтересира подолго време и да научи да си ја одржува концентрацијата.
Јас кога сум бил мал сум покажувал некои знаци на хиперактивно дете (не велам дека сум, туку сум покажувал знаци) т.е. не сум се дружел многу со децата во групата од градинката, не сум ги слушал негователките, дома ако направев беља кога ме караа јас ќе се загледав некаде и си правев приказни и сл. да не набројувам сега. И тоа било така се` додека не ми купиле купица сложувалки за четврт роденден. После знам дека не можев да станам се` дур не ги завршам сите сложувалки и плачев и се трескав од земја ако мајка ми ги собереше зашто обично ме молеше за јадење (и на крај пак не јадев дур не ги завршам сите). Ете мене тоа успеало да ми помогне.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Поврзано е, авторката ги наведува концетрацијата, импулсивноста и хиперактивноста како issues а потоа ги наведува подеталните карактеристики на наводниот синдром.
Сето тоа произлегува од фактот што децата не ги интересираат дропки. Ниту скоро било што друго од образовната програма. Како може да постои концетрација ако не постои ништо што би го привлекло вниманието на детето? Не верувам дека постои дете кое наместо да чмае во училница или да пишува домашна не би правело нешто сосема десетто, пред се игра во разни форми и облици, зависно од карактерот. Некои се поживи, поактивни, некои помалку. Тоа е наследно во најголема мера.

За да се концетрира - мора да постои интерес кај детето. Исто како и кај возрасна особа, нормално. Бидејќи детето нема никаков интерес за срањата кои некакво министерство ги одредило дека мора да го интересираат....тој `интерес` ќе биде всаден, наметнат, под притисок. Што добива детето со тоа е сосема друго, скоро реторичко, тажно прашање.

Though прилично обемна тема е ова и задира во многу посложени проблеми во системот...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сето тоа е во ред, реков се сложувам дека образовниот систем е тапа и дека никој не се труди да ги заинтересира да учат дропки. Ама муабетот е што ова е синдром кој што не е зависен од досада при учење дропки (или читање една иста песничка на 10 различни ракописи). Отсуството на концентрација и незаинтересираност (или пребрзо здосадување) постои и надвор од училиштето. Пример хиперактивно дете и „нормално“ се наоѓаат во соба со 10 флипери. Нормалното ќе се заигра на еден и ќе му биде интересен, додека другово ќе поигра некоја минутка на еден и ќе му здосади и ќе ги изврти сите и ќе се изнервира и може да стане агресивно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако флиперите му здосадуваат брзо, можеби нема да му е досадно да шутира топка или да прави нешто друго. Има деца кои како што викаат `не ги држи место` но што знам, не е нешто драматично бидејќи сепак се работи за деца, некои имаат вишок енергија. Може да се работи и за исхраната и ред други работи. Агресивни дечишта постоеле од кога е светот и векот, но во денешно време, почнувајќи од САД и ширејќи се и по други земји - се оди кон хемиско решение на сите `проблеми` како недостаток на концентрација, агресивност, немање интерес за настава.... деца од 2-3 одд. ги клукаат со риталин и слични лекови (facepalm)

Од друга страна постои феномен на брзо здосадување кој може да е поврзан и со интернетот и со порастот на употреба на технологијата во денешно време.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Постов осеќам ќе е апла предолг зашто е од лично искуство, ама може ќе се најде.

За доста голем дел од наставниците, деца со посебни потреби се децата на богаташи кои по игра на случајност најчесто се најглупите во клас, а пустите мора да извлечат петки. Тоа се нивните интереси, но не е тоа баш темата.
Јас самата сум (била) хиперактивно дете, со исклучок на фактот што баш и не сум била агресивна да урлам и кршам, туку сум искажувала лутина со огромен инает и постојано ломотење околу темата која ме засегала (ок, уште го правам тоа). Моиве биле преплашени од моето однесување, па ме носеле по психолози и психијатри, по што добивале одговори од типот дека е нормално, и дека детево или ќе биде научник, или сосема ќе изгуби контрола над себе.
Мхм, баш нормално звучи...

Нејсе, информации од прва рака, во забавиште налетав на многу полош случај од мене, размазено дете чии постапки родителите и наставничките секогаш ги оправдуваа поради неговата „дијагноза“, но во тој момент, кога ќе го погледнеш своето однесување кај друг, може да стане многу одбивно. А нели, инаетот проработува, и буквално се тепав со себе да не личам на него. Е, во истото тоа забавиште, детево беше третирано ко Господ, пазено и мазено, зашто знаеше буквално цел ден да урла нервозно, црвенее и трча од едно место до друго, што од денешна гледна точка повеќе личи на невроза отколку хиперактивност.
Моментот беше, Електра е немирна - за казна ќе ги средува боичките, ќе ги реди играчките, ќе лепи нови цртежи, што според мене е сосема солидна „казна“ затоа што ти дава одговорност која подоцна е наградена со петче на рачето или некое ситно чоколатце, ама па еднаш и по глава си го добив зашто цел ден не сум пратела внимателно да го научам танцот за патронат. А да ви кажам искрено, беше толку јак удар, што чинам подмочнав од срам, страв и болка.
Од друга страна - малиот ја крева цела зграда на нозе, нему му се нуди нешто за грицкање/играње и веднаш го носат во канцеларија да ја викнат мама.
Тогаш ми пречеше, ама сега гледам дека освен инцидентот кога си го окркав, односот кон мене бил поправилен отколку само кога би ми оделе по ќеф, зашто факт е дека нашата хиперактивност се храни со вниманието кое го добиваме.
Истото тоа дете учеше со мене од прво до четврто одделение. За разлика од забавиште, тука не му се посветуваше вниманието кое го бараше т.е. беше дури и на некој начин игнориран, што пак е лошо, но го подучи дека не е центар на светот. Немирен? Ајде Дејане на табла, мораш на дисциплина да се учиш.
Е, тој т.н. игнорантен став го смени малиов, па за да добие внимание, знаеше дека треба да се активира на час и во друштвените игри.
Голем удел играат и другарчињата. Оние помирните знаат колку им имаме досаѓано, ама учителката имаше добра тактика што секогаш ги споредуваше нивните однесувања со нашите т.е. ги фалеше дека се мирни, послушни, а нормално, нам тоа ни сметаше, колку и да не ја слушавме, ќе влеташе некој збор во увце, па ќе не пецнеше оти ние не сме пофалените, па така почнуваш да се трудиш за да добиеш и ти пофалба.
Супер тактика, ем мирна, ем не те напаѓа тебе лично, а си ја сфаќаш мааната.
Според мене, наставникот со помош на психологот треба да организира игри од кои се бара концентрација и смиренот, па ќе видат тогаш како настапуваат компетитивноста и инатот на сцена кај вакви деца. За жал, кај нас чест метод е ароганција и казна т.е. стоење во ќоше. Импресивно.

Не се секирај Мало, ќе се привикне, нова му е околината, не е навикнато на толку различни карактери за да би ја адаптирало својата темпераментност со нивната. Пробај разговарај со наставничките за активностите што ги спомнав погоре, ќе покажува отпор и незаинтересираност од прва малото, тоа сигурно, ама само со упорност, кога ќе увиди дека е единственото што не добило пофалба, нема да му е сеедно. Со добро одбрани зборови како некој Трајче во клас е добро дете и брзо сфатило зашто внимава, ќе се активира желбата за докажување.
Едит: Сега прочитав за севишните сили што немале време за вакви дечиња. Во тој случај, би им плукнала во фаца, па убаво би се распрашала и консултирала со стручен наставен кадар кој е спремен да преземе некакви чекори, и би си го презапишала детето за негово добро.

И нека не ве лажат за успехот и оценките. Јас воопшто немам проблем со учење. Проблемот е дури да се заинтересирам да фатам книга, после ко вода оди. Напротив, таа (не)посветеност кон повеќе предмети одеднаш ни овозможува да согледаме како би ги поврзале тие предмети со „алки“ кои децата посветени на еден предмет не би можеле да ги забележат. Од светол агол, логиката ни е јака страна. :D

Чисто за паралела, јас и ден-денес знам да покажам отсуство на концентрација/интерес.
Интернетов кога ми е отворен, менувам низ 10ина јазичиња, читам една вест до пола, па се префрлам на друга, во автобус штракам постојано низ песните на плејлиста, никогаш не ги дослушувам целосно, па дури и цртам, зборувам со некого и гледам ТВ истовремено.
Ама, ако сакам, целосно знам да се посветам на едно нешто. Со возраста се смирува и темпераментот и се „стекнува“ концентрација, само што наставниците, кои се предмет на темава, неретко не знаат како да го поттикнат тоа од некои Х причини, па на ваквите деца гледаат ко на невоспитани, идни багабонти.
р.ѕ. Темава повеќе ми личи ко за во образование.