Оденсувањето на младите во денешното општество

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Се ежам од вакви работи.Па на интернет ја ставиле греота девојчето.Сигурно се срами да каже на родителите и да се преземе мерки барем сега ќе видат.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Култура....
Денес ја нема таа почит меѓу соучениците, денес сите гледаат еден со друг поголема штета да си направат... Кај бараш помош, не ни знаат што е тоа.
Би се согласил дека е до самата индивидуална култура на овие деца...но не е само тоа...целата средина во која тие растат и се развиваат во која ги стекнуваат нивните вредности...кој инаку ќе ги науќи нив дека така не треба.Овие сцени секој барем еднас од нас ги има видено по американските филмови(но таму се со хепи едн а овде не) секој мора да е свесен дека ваквите однесувања...посебно за тие кои се жртви(како во случајот девојчето) сносат голема штета...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
А кој ќе превзеде. Никој :|
Во НАЈЛОШ случај за "рестлинг" девојкиве кои се собрани околу неа може само да има некаква неформална опомена...за жал..а за нарушениот интегритет на другата девојка и за нејзината енормна штета...малку веројатно е некаква оштета...а нели тоа е тоа што би било нормално да се побара...
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Но таа нема да побара ништо (став и е). Да бев јас ќе ја тужев и ќе зедев оштета.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Но таа нема да побара ништо (став и е). Да бев јас ќе ја тужев и ќе зедев оштета.
Ќе тужеше малолетник и нема ништо да земеше.Со оваа темава сакам малку да допринесам луѓето да сфатат дека денешните тинејџери отруени од медиумите предвреме глумат возрасни и со проблемите сакаат да се справат поинаку.Никој не ги научил на разумно решавање проблеми...во голем дел и самите родители се криви...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Рушен

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Ќе тужеше малолетник и нема ништо да земеше.Со оваа темава сакам малку да допринесам луѓето да сфатат дека денешните тинејџери отруени од медиумите предвреме глумат возрасни и со проблемите сакаат да се справат поинаку.Никој не ги научил на разумно решавање проблеми...во голем дел и самите родители се криви...

Па да воопшто не размислив за тоа. А инаку родителите се најголемите виновници што гледаме вакви случки низ нашава држава, до некаде може да се каже дека и парите се еден вид виновници за ова. Пример: Има пари собира 3-4 девојки како мафија и се заканува на секој што ќе го сретне. Тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Као демек вие никош не сте се скарале и не сте се степале? Не оправдувам 10 на една да одат и да се силат ама дај не претерувајте. таквите ситуации се дел од животот и се случувале и ке се случуваат. Ме имаат истепано ама богами и јас имам тепано па еве ништо не ми фали.Ми земале рекет не велам не. Шо е толку чудно? се дешава.
Еднаш во животот имама нашлакано женско и баш заради иста ваква ситуација. 4 чупиња сакај да тепаат едно друго помало од нив чупе. 'обвинетата' ја фатив за рака и ја тргнав за да неј а удрат. Почнаја да пциујат по мене и едната проба да ме турни. И засвирив дв три шамари и си се тргна настрана. а чупето шо ке го тепаја го испратив до дома и така заврши. после шо се деси не знам ..
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Па да воопшто не размислив за тоа. А инаку родителите се најголемите виновници што гледаме вакви случки низ нашава држава, до некаде може да се каже дека и парите се еден вид виновници за ова. Пример: Има пари собира 3-4 девојки како мафија и се заканува на секој што ќе го сретне. Тоа е тоа.
Ваквото однесување во САД важи за стандарно оденсување во средните училишта.Истото карактеристично најчесто за девојките.Системот е таков...имаме едно кутро исфрустрирано девојче со родители кои немаат време во WC да појдат од што имаат обврски, финансики одлично стои, неа дефицитарно и е внимание, и фали внимание од средина,родители...добива внимание од не толку многу популарни девојки околу неа(нејзини веќе соработнички) значи после тоа се е како некој што е под наркотични сретства.Светот се врти околу неа, сите ја сакаат само неа,сите клечат пред неа, никој не сака да се зафаќа со неа.Цело време понижува други другари и соученици, и што е најлошо не е свесна што всушност се случува со неа.Таа веќе многу тешко може да се освести и истото тоа однесување го има се додека не појде на некој прескап факултет каде ќе види уште стотина како неа и тогаш веќе кај неа ќе проработи хуманоста што се разбира дека ќе биде прекасно.
Накратко сакам да кажам дека овие девојки несвесно бараат внимание, мислат дека ова е многу добар начин за тоа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Рушен

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Sebastian
Не е лошо да ја поткрепиш малку темата со некое прашање за да не се однесува насловот само на видеото.Оваа тема може да понесе голема дискусија.Поздрав. :)
На смаиот почеток напишав еден...да речам воведен текст...сакав да провоцирам една дискусија за однесувањето на помалдите...за нивните постапки и како тие ги доживуваат сите промени...сепак фала за предлогот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Рушен and melpomena