И јас сум млад 18 години, можеби малку ќе звучам ко старо-мало ама имам таква слика за денешниве деца и врсници што се на моја возраст па и помали.
Секој сака да биди кул, да биде во центар на внимание.Машкиве претежно за да се напраат пред женските кул,најпрвин во основно почнуваат да бегаат од часови, почнуваат да пијаат и пушат цигари (ова цигариве ШЕМА е).Потоа откај знаеш што носи господ,некој не си ја знае силата за да биде уште ПОкул
ќе проба и дрога, зошто да не?
Немаат никаква култура, се понашаат ко да немаат ништо во главата само размислуваат за некоја глупост да сторат некоја лоша работа. Се однесуваат вулгарно,па и да не речам децава почесто им "фаќа раката " кон нечии предмети и пари... можеби не сите ама претежно се такви децава.
Чекаат да се пофалат што направиле минатата сабота колку испиле и со кого се степале.
Додека пак женските направиле 14-15 години и веќе некој ги излагал дека веќе се моми. (Најверојатно постарите луѓе на улица што му велат "Ајде ајде шуба момича за мажење стаса") Уште на млади години ставаат што е можно повеќе шминка и пудра за да изгледаат подобро,ама не и не! Не се тие, туку е друга личност, да не речам преправена за на маскенбал.Штикли ставила и се мисли кизнај која е.Често женските сакаат лоши машки "bad boys", што пијаат,пушат и други работи.
Девојчината мислам дека се повеќе размазени од машките во врска со нивниот трошок. Сакаат да ги имаат најновите најк патики од 5илјади,башка тоа сакаат да ги имаат и новите штикли што се во мода, па и фустанче.Често си мислам како се задружуваат млади девојчина со некои машки кои што се тргнати по малце поразличен пат од нормалниве машки, па и често пати гледам женско да се дружи со малку постар од неа да не речам 5,6 па и повеќе години.
Самите се криви што се такви и што се понашаат така,но исто така толку голема вина имаат и нивните родители.Мое мислење е дека не му обрнуваат доволно внимание на своите деца,а вниманието што не можат да му го пружат го заменуваат со пари.