Огласи за вработување

Woman in black

Нов член
13 јули 2012
15
21
3
Секој млад човек има потреба да оди на работа, да заработува свои пари, идејата ми е да ставаме тука огласи од кои некој од нас можеби ќе има фајде, јас сум една од оние кои бараат работа...
Не видов слична тема ако има се извинувам

Еве нешто од мене се надевам некому ќе помогне :)
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
За практикантите 5.000, а за невработените 4.400 денари

Скопје, 27 јуни 2012 (МИА) - Агенцијата за вработување утре ќе објави оглас за практиканство како прво работно искуство до вработување и оглас за обука кај познат работодавач.

Двата огласи ќе траат до 17 јули, а заинтересираните ќе може да аплицираат во сите работни клубови во 30-те центри за вработување.

Со Програмата за практиканство ќе бидат опфатени млади невработени лица на возраст до 27 години кои имаат завршено најмалку средно образование, а со обуката кај познат работодавач ќе бидат ангажирани 1.000 невработени лица со образование слично на потребите на компаниите.

Двете обуки ќе траат три месеци за кој период практикантите ќе добиваат по 5.000 денари месечно, а невработените лица кои ќе се обучуваат кај познат работодавач по 4.400 денари. Покрај паричниот надомест, ќе се плаќа и персонален данок и осигурување во случај на повреда.

Во двата случаи компаниите ќе имаат обврска да вработат 50 проценти од вкупно ангажираните лица и да ги задржат на работа во период од една година.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денеска на прес-конференција ги повикаа сите заинтересирани да аплицираат и да ги искористат можностите што ги нудат обуките.

Министерот Ристовски нагласи дека моделирањето на мерките е направено во консултација со стопанските комори и согласно интересот на компаниите.

- Периодот во кој ќе се врши обуката и периодот во кој компаниите се обврзани да ангажираат 50 проценти од лицата не се случајно избрани. Самите компании покажаа интерес дека искуствено 50 проценти од лицата кои се обучуваат имаат афинитети кои ги задоволуваат критериумите на соодветната компанија, а исто така тие самите тврдат дека периодот од три месеци за обука е доволен за да се добие сознание дали лицето ги исполнува стандардите и потребите на компаниите, рече Ристовски.

Досегашните искуства покажуваат дека од ангажираните 442 практиканти, моментно се вработени 181 скоро во сите сектори.

- Скоро половина од практикантите сеуште се во работен однос што е добра бројка и тоа не мотивираше да ја измениме оваа мерка со која секој млад човек уште од почеток знае дека има 50 проценти можност да биде вработен во компанијата каде ќе биде ангажиран за практиканство, нагласи директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сладок

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Со бугарски пасоши за ЕУ можам да ви дадам директен контакт од типот што посредува за работа.
Кој е заинтересиран нека ми пиши во ПП.
Овде кај нас не се исплаќа да работиш, поготово не за симболични суми од 200 евра месечно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сладок

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Извини брат .. знам дека имаш фирму тамо, имаш запослени. Колко ги плаќаш, ако не е тајна?

Гипсарите ми се поделени во две групи: на квадрат и на дневница.
Тие што се на квадрат ги плаќам по 2.5 еу м^2.
Тие што се на дневница мајсторите ги плаќам 1000/1200 ден дневно.Помошниците нивни/чираците 500/550/600 денари.
Молерите дневница од 800/1400.
Електричари 100 денари час.
Петмина скелеџии 80/100 денари час.

Таму каде што има повеќе цени тоа значи дека се под постојан мој надзор и према сработеното ги вреднувам.Бонусите се ретки.Скоро и да ги нема.
Удри есап 26 дена по 1200 денари дневница или ако еден тим на гипсари еве тројца кои работат на квадрат да речеме за една недела ми направат 300 квадрати.Колку ќе земат за само 1 недела?

Така да немојте бар мене тие филмови дека македонска плата е 200 евра.Ако го испотиш гзот можеш да заработиш многу повеќе отколку што си мислиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сладок

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo

Работно време? Од 7 - док не попадав у несвест највероватно. Посебно тија што су на дневницу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сладок

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Работно време? Од 7 - док не попадав у несвест највероватно. Посебно тија што су на дневницу.

Работно време од 8 до 5/6 за тие што се на дневница со 1 час пауза за јадење.
Тие што се на квадрат се по договор.Доколку ми речат дека неделно ми исполнат 200 квадрати, мене не ми е гајле дали ќе работат 24/7 или тие 200 квадрати ќе ги направат за 3 дена а останатите денови ќе одмараат.

Пак ќе ти кажам, немојте да се жалите дека во Македонија нема пари.Има, само треба да знаеш како да стигнеш до нив.

И да знаеш, не ти се правдам, само сакам да ти докажам и да ти разјаснам а воедно и да се потрудам да ти ја намалам психичката бариера за тие мочани 200 евра плата во мкд.
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Со бугарски пасоши за ЕУ можам да ви дадам директен контакт од типот што посредува за работа.
Кој е заинтересиран нека ми пиши во ПП.
Овде кај нас не се исплаќа да работиш, поготово не за симболични суми од 200 евра месечно.

Ај контактирај ме по ПП или можеш тука да пишеш за каква работа станува збор и дали треба перфект англиски да се знае. Зошто не знам којзнае колку англиски. :(
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Работно време од 8 до 5/6 за тие што се на дневница со 1 час пауза за јадење.
Тие што се на квадрат се по договор.Доколку ми речат дека неделно ми исполнат 200 квадрати, мене не ми е гајле дали ќе работат 24/7 или тие 200 квадрати ќе ги направат за 3 дена а останатите денови ќе одмараат.

Пак ќе ти кажам, немојте да се жалите дека во Македонија нема пари.Има, само треба да знаеш како да стигнеш до нив.

И да знаеш, не ти се правдам, само сакам да ти докажам и да ти разјаснам а воедно и да се потрудам да ти ја намалам психичката бариера за тие мочани 200 евра плата во мкд.
Јебига брат, колко да ми објаснуеш, комунистички сам ориентиран, никад нема тија како тебе да ги прифату. Искористуете работну снагу да се богатите. Иам контакти сс много што имав фирму за електрику, и прв ми кажуеш дека 100 денара саат даваш на електричари. И не верују да ти кажу. Сви су по 80, 85. Каснив плате по 2 месеца, сс изговор дека немогаја да наплати, а од џеб никако не му се давав. Мора на синчето станче да купи, јебига. Или у твој случај некое афто јако. А радници кој ги е*е бе брат, нека умирав, не им давам плату. Златан голи оток бе...
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Гипсарите ми се поделени во две групи: на квадрат и на дневница.
Тие што се на квадрат ги плаќам по 2.5 еу м^2.
Тие што се на дневница мајсторите ги плаќам 1000/1200 ден дневно.Помошниците нивни/чираците 500/550/600 денари.
Молерите дневница од 800/1400.
Електричари 100 денари час.
Петмина скелеџии 80/100 денари час.

Таму каде што има повеќе цени тоа значи дека се под постојан мој надзор и према сработеното ги вреднувам.Бонусите се ретки.Скоро и да ги нема.
Удри есап 26 дена по 1200 денари дневница или ако еден тим на гипсари еве тројца кои работат на квадрат да речеме за една недела ми направат 300 квадрати.Колку ќе земат за само 1 недела?

Така да немојте бар мене тие филмови дека македонска плата е 200 евра.Ако го испотиш гзот можеш да заработиш многу повеќе отколку што си мислиш.
Ај мала споредба:
5 профи фасадери - Се бараат под итно за Швајцарија со еу држава пасош . Фиксна/чиста плата од 3000 франака со платено осигурање, виѕа итн . Работа на подолг период . Работни 8/9 часа . Платено сместување , без кетеринг . Екипата иде со надзорникот од Скопје , и самостојно се плака патот . Апликации на [email protected] со назнака за Фасадер.
Се бараат помошници - електричари /електромонтер/ - 3 е саат и Профи - електричари 4е саат / сместување платено / 3.5 за храна на 8 - 9 саати - над тие саати уште 1.5-3е за храна / Се работи во Марибор и Лубљана на Новоградби , згради . Светилки во гипскартон , сензори итн.
Се бараат плочкари за Дизелдорф , платено сместување и превоз до објектите за работа , без кетеринг , со еу пасош , тргнување со придружба од Скопје . Плата зависно од покриените квадрати . 10е од м2 .
Се бараат профи заварувачи на цо2 (8е саат) и аргон (7евра) за Германија. Само Сместување платено , Проверка во Словенија , тргнување со придружба. Само со еу држава пасош .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сладок