Ноќен живот - порано и сега

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Се плашам дека на темава многу нема да се развие дискусија, бидејќи популацијава на форумов е од помлади членови па не верувам дека сите се сеќаваат на убавиот ноќен живот порано. Сепак има некои повозрасни, па сакам да се фокусираме врз нешто.

Што мислите? Дали ноќниот живот умира? Дали младинава престанува да знае што е ноќно уживање и лудување до утринските часови?

Не знам дали е до тоа што веќе стареам, или е до тоа што ме стигнува она „смена на генерации“, па оваа нова генерација има нова формула за ноќен живот, ама мене ова не ми се допаѓа.
Веќе умира пополека оној филинг дека одиш во дискотека за да играш. Застануваш и се тресеш во место. Музиката ти го налага тоа. само 30% од местата пуштаат добра музика, останатите 70% се турбо-фолк.
Тоа е моето мислење, можеби грешам, незнам.
Вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Saladin

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Може многу да се збори на оваа тема. Секој од малку постарите генерации со задоволство се сеќава на излегувањата во тинејџерските години. Се прашувам дали е до годините и се менуваат генерациите па помладите сега уживаат во град навечер или едноставно Скопје станува кич место каде нема кај да излезеш?
Еве, да се навратиме за кратко: http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/8615-skopskata-sema-vo-90-tite
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас не се фокусирав само врз Скопје... Едноставно секаде е така.
Еве земам Охрид-Кичево-Битола, не се сеќавам кога последен пат отидов на Рок свирка на која имаше повеќе од 20 присутни. Исто така не се сеќавам на место каде што цела ноќ сум танцувал на одреден вид музика. Ако до 12 часот е техно пример, од 12 е благ турбофолк, во 1 е срцепарателен, а за тој во 2 часот немам назив.
Има во Кичево пример едно кафуле се вика Cross тоа е кафе шема со џез, блуз, рок балади, и верувајте ми... не сум видел да се некогаш сите сепариња и маси зафатени... Жално.
Ама и да не се фокусираме врз ноќниот живот во кафулиња/дискотеки/ресторани.
Би сакал да прашам кој од младите одлучил да отиде до Филхармонија на концерт? Колку пати сте гледале некоја театарска претстава? Кино?
Не е ноќниот живот...само кафуле...
Незнам, дефинитивно сметам дека нешто е сменето, или јас во мозокот или светот во погледите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Photographer

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Се е сменето премногу ,не да нема каде да испаднеш, има само што после ке се вратиш фул ретардед од музиката , како не им се расипаа цд-њана од цеца досега , .. ауу заборавив научија да прават листа на винамп :rofl , би можело да се направи еден закон :sreken за да се забрани пуштање на таква музика по кафичине (како што рече срцепарателен турбофолк :rofl )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се е сменето.
Првенствено ние не сме истите од пред 5 па и 10 години па се до сега.
се менуваат лугето,со нив си врват и годините.
Се менуваат навиките,потребите.
Се е производ на човекот,па така и ноќниот живот.
Не знам што толку фама околу квалитетот на ноќниот живот во компарација со турбо фолкот.
Од кога знам за себе знам дека постои турбо фолкот низ кафичите и дискотеките.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Никогаш не сум одела во дискотеки и кафичи каде се пушта турбо фолк.
Прво публиката е најчесто таква како и музиката.
Има квалитетни кафичи и дискотеки каде не се пушта турбо фолк, и ги има доста за среќа.
Кој си има интереси на друга музика и поинакви луѓе си знае кај му е местото,
и не верувам дека би отишол некаде каде што има турбо фолк.
Одсекогаш се пуштало турбо фолк.
И пд секогаш постоеле чил кафичи каде има интересни луѓе, атмосфера и друга музика.
Еден од омилените во Скопје ми беше New-Age
после еден супер кул jazz кафич во Дебар Маало.
Така да секогаш постојат други опции за излегување освен големите дискотеки во кој се пушта турбо-фолк и се труе младината со неквалитетна музика.
А дека младината не слуша квалитетна музика не би рекла.
И доказ за тоа е форумов.
Гледај процентуално колку луѓе се оригинални и слушаат добра музика,
а колку од нив турбо фолк.
Освен тоа верувам дека ноќниот живот се менува но дека сепак не е толку ни лошо.
Се зависи од друштвото со кое си.
Ако излезам со луѓе со кои можам да разговарам за сите можни филозофски мисли кои ми се вртат во глава и на клупа да ја поминам вечерта ќе ми биде супер.
А да излезам со некој кој незнае две со две да сврзе и да бидам на јахтата на P.Diddi
ќе цркнам од досада и ќе гледам само да се изгубам од таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and melpomena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Lena и јас слушам турбо фолк :D
И не се сметам за затруена :unsure
Епа супер,
ако мислиш дека турбо фолкот е оригинална музика,
би ти рекла се лажеш:).
Но со ова преоѓаме во пределот на лични вкусови и за тоа не би дискутирала.
Мене лично турбо фолкот ми е ефтина музика,
со едноврсни тонови,
интерпретирана од неоригинални пеачи и пеачки.
И се се врти во стилот на:
-Оставила ме, оставио ме
-Преварила ме, преварио ме..
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Епа супер,
ако мислиш дека турбо фолкот е оригинална музика,
би ти рекла се лажеш:).
Но со ова преоѓаме во пределот на лични вкусови и за тоа не би дискутирала.
Мене лично турбо фолкот ми е ефтина музика,
со едноврсни тонови,
интерпретирана од неоригинални пеачи и пеачки.
И се се врти во стилот на:
-Оставила ме, оставио ме
-Преварила ме, преварио ме..
Да не се лажиме, но ако гледаме музичка теорија турбофолкот не прекршува ниедно правило на класичната музика:) Вообичаено композициите се ABAB фрази или пак ABCA фрази, ритмиката е обична рамноделна, темпото варира од 60 до 120 удари во минута, хармониите ништо поразлични од прости хармонии (прилично се` што е популарно ги користи истите хармонии). А во врска со текстовите...ај кажи ми што се текстовите на GNR пример? "I used to love her, but I have to kill her"? Toa е за мене уште полош текст. Ја не можам да ги сварам само трилерите кои се силуваат во турбофолкот, бојата на гласот на певаљките и не можам да го сварам пеењето воопшто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас ќе се вмешам тука иако сум помала од вас постарите порано не знам како било но сега знам и ќе си го искоментирам градов мој односно кафулињата во кои пуштаат турбо фолк музика повеќе од српските срцепарателни песни сo исклучок на едно кафуле кое е мој втор дом :zelen каде што често пуштаат постари рок песни :sreken и дискотеките односно во единствената дискотека во кои секој викенд се пушта една иста ,,модерна'' прегласна музика музика затоа многу ретко одам по дискотеки (wasntme) затоа кафулето ,,мое'' е тука :zelen ..