Ноќен живот - порано и сега

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,997
9,629
1,683
Normandy
Се плашам дека на темава многу нема да се развие дискусија, бидејќи популацијава на форумов е од помлади членови па не верувам дека сите се сеќаваат на убавиот ноќен живот порано. Сепак има некои повозрасни, па сакам да се фокусираме врз нешто.

Што мислите? Дали ноќниот живот умира? Дали младинава престанува да знае што е ноќно уживање и лудување до утринските часови?

Не знам дали е до тоа што веќе стареам, или е до тоа што ме стигнува она „смена на генерации“, па оваа нова генерација има нова формула за ноќен живот, ама мене ова не ми се допаѓа.
Веќе умира пополека оној филинг дека одиш во дискотека за да играш. Застануваш и се тресеш во место. Музиката ти го налага тоа. само 30% од местата пуштаат добра музика, останатите 70% се турбо-фолк.
Тоа е моето мислење, можеби грешам, незнам.
Вие?
Ко прво добра тема за дискусија.
Тука може и малку носталгично да раскажуваме за старите времиња и шеми во местата каде живее(в)ме.
Сеа Аркантос ќе те поправам.... Турбофолкот и во мое време постоеше (крај на 90тите) и сеа. А ко што гледам го прашувам татко ми - и во негово време постоеше. Турбофолкот сакал ти и ли не, е еден културен сегмент од ова наше балканско општество.
Сеа околу тоа дали децата знаат денес да си поминат убаво. Е па ако знаат да излезат од дома и да отидат на некоја свирка (макар и турбофолк) притоа да не направат некој инцидент прво кон себе а потоа и кон другите, знаат и за добар провод. Искачањето секад било предмет за осуда од постарите генерации, но кога подлабоко ќе влеземе, нели и нашите родители истото го викаа за нас? И нашите баби/дедовци за нив? Ерго, јас се сложувам дека и денешниве деца знаат да си поминат убаво (зборам за оние кои имаат есап во главата турено). А ги има. И тоа зачудувачки (за нас постарите) доста голем број се. Мене ме плашат оние кои се асоцијални и живеат во фобија од дискотеки/клубови. Ги има и нив - полни со предрасуди кон ваквите места а притоа никогаш не ги пробале.
Од моја гледна точка, не ги сакам дискотеките, но не значи дека никад не сум бил/нема да отидам. Кафана за нијанса е нешто малку подобро, ама не ми е по ќеф. Свирка е веќе друга приказна. Кафиња ми се топ за преку ден или во помала консталација. Седенки со вино и грицки понекад може да биде најдоброто нешто, но кога би имал желба да се социјализирам со нов свет, не би одел на тоа - сепак кој би викал кај мене в куќа а да не го познавам доста добро. Тоа е што се тиче субјективната гледна точка околу ноќниот живот.
 
  • Like
Реакции: MoonFairy and Bibi@

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Јас сум од помладите генерации. Две-три години не одам по дискотеки, сакам да кажам не знам каков е ноќниот живот сега, но кога излегувавме во средно и одевме по дискотеки се беше затуцано. Ако почнеш да играш и се расположиш или си пијан или си издрогиран или си пушел трева или не си нормален и сите зјапаат во тебе. Многу би сакал во моите тинејџерски години кои поминаа да го имав доживеано тоа што било во 80-тите и 90-тите години кога сите играат машко-девојка. Вистински да се почувствуваш дека си во диско, а не како во кино сала. Е сега не само што тврдам дека не ништо сменето кон подобро туку е уште по затуцано!
 
  • Like
Реакции: Arkantos and Gemini

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Кога зборев за дискотеки и турбо-фолк. Таа корелација ја направив гледајќи го ноќниот живот во Кичево.
Не знам колку знаете. Ама ние, сакале или не сакале, имаме две дискотеки(и тоа, тоа се дискотеки кои преку ден се кафулиња а навечер од еднаш се транформираат во дискотеки и работат до утро). Сакал или не, ради друштво некогаш морам да излегувам таму затоа што од екипа од 20 души не можам јас да бидам црната овца што ќе вика„Не, не одиме таму, не можам да ја поднесам атмосферата ќе одиме вооооо Мезе бар“.
Е сега, кога ќе отидам таму што гледам?
Гледам еден куп млади деца, алкохолот и цигарите пред нив и стојат. Да да, во цел локал ако можеш да видиш двајца или тројца да се размрдани. Другите стојат.
До некаде и ги разбирам, затоа што на таква турбофолк музика тешко кој може да фати ритам во движењето. Затоа што почнува тупс тупс тупс и мислиш треба да се тресиш и потоа почнуваат зурлите, некој тежок звук, и се здрвуваш не знаеш кој ритам да следиш...
Значи - затоа ги поврзав дискотеките со турбофолк музиката, затоа што искрено во Кичево не се сеќавам да имало поинаква свирка освен тоа.
Е сега, исто така има и мали кафулиња што ја тераат мојата шема. Чалгии, џез, блуз, рок, метал... ама таквите кафулиња празни се...
Ете го спомнав во постот погоре Мезе барот, тоа е место каде што често има метал свирки и... не се сеќавам кога било полно, и што е најстрашно и луѓето што се внатре се најчесто моја генерација и тек тук по некое помладо детенце...
И навистина ми доаѓа да се запрашам...зошто не се опуштат на нешто квалитетно. Во ред, сфаќам различни вкусови. Сфаќам, и знам дека турбо-фолкот постоеше од секогаш. Ама знам дека не бевме толку фокусирани во него и само во него...

И сега back in the time кога јас бев тинејџер, постоеше Енигма и беше дискотека во која... не гледав укочени деца што не се помрднуваат од место. Гледав разиграност. Гледав палавост... Гледав младост..

За во другите градови не знам како е....
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Никаков , се отвараат повеќе кафичи- се слуша помалку добра музика, се прават повеќе свирки- се помалку квалитет на истите, се повеќе народ - се помалку интересни фаци, се фура многу повеќе мода- се има се помалку стил...та дури и малите одбрани дела од местенца се изпоганија со франкфурт мафија и статуи до нив на кои им е платено да седат и молчат. ....и какво да кажа ко шо вика другар ми...Китосано лице,изкуствена коса,силиконови гърди,самочувствие до небето.Липсва ти само една татуировка - Made in China !
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
Какф такф ... тој ни е , што да праимо, ај да га сменимо, неможемо а ? епа тој ни е
од мој аспект порано беше боље, затој што тинејџер нели, сфе е интересно кд си искочен, поднапиен, насмеан, афтерпартизиран и сфе остало што у превод значи искачање
Е ск место, па кој по што си е, комај за сфак укус има купус : )
Ја порано искачаше поише, искрено јако ми беше девеес посто од тија луди искачања што ми се дешаасфа порано
Е ск не искачам толко, али колко толко ретко : ) али кфалитетно како тк, кд искачаше пуно пут
И ск уму да се избацу као тинејџер и да си пројду екстра
башка прееска касиерка вика дека иам 20-21 годину, екстра, младолико дете бе : )
Значи исти мити тиииит порано и ск , заиси како си навикнат да си фураш ... и у гужву да се гураш : )
 
  • Like
Реакции: Anakin, Saladin and Lena

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Не сум којзнае колку возрасна, но се сеќавам на навистина добри времиња - кога почнав да излегувам и секое излегување ми беше доживување. Имаше 2 рок кафулиња кои беа навистина скоро секогаш фул полни, па едното го затворија, после и другото.... и останавме со едно ново фенси “демек рок“ кафуле шо не личи на ништо, нема атмосфера, а и одат 35+ таму.. професорките си ги најдувам редовно ...
отворија друго тејк фајв .. и пак одат 40+ ...... тапа значи, не дека мене ми сметаат, ама младината оди кај шо се слуша турбо фолк, тоа е “модерно“, пак тапа..
И кога во цел град има само 2 кафулиња каде не се пушта турбо фолк шо да прајме повеќе муабет, и во тие места луѓето шо одат комотно можат да ми бидат родители .... нема забава .. дискотеките не се тоа што беа.. ај се пуши во нив, не ми смета, и јас сум пушач, ама муабетов е појди за да се туркаш во гужви да измирисаш испотени мишки и да трпиш пијани типови кои цела вечер ти дремат на твојата маса ....... страшнооо ..
И така да одамна не сум пошла на “журка“ оти во Прилеп журка само за пиво фест - зависи и тоа која вечер ... Е кога одам Скопје, Битола на ноќен живот го бирам местото по мој вкус и стварно се журкам .. а тука тапа, кај да е ќе се умира од досада .. уште да не ни беше летото за по паркови не знам што ќе правевме :facepalm2
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,265
9,107
1,683
^ се согласувам со ZmajChe. Прилеп е мртов град. Единствено има гужва за Прочка, Пивофест и "Нападот на градот".
 
  • Like
Реакции: ZmajChe

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
^ се согласувам со ZmajChe. Прилеп е мртов град. Единствено има гужва за Прочка, Пивофест и "Нападот на градот".
Гужвата не секогаш значи забава... а кафичите како и било кој други во Македонијава...ама забавата не ја прави кафичот туку луѓето во него...:)
 

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Порано, едно излегување ми беше вакво. Цел ден во лептокарија (нормално со едно кафе) пиење 2 саати, па превтрување шоља и уште два саати гледање на кафе, па едно винце 10 души го пиевме или во парк или кај некој дома, се правевме дроб, па во Елемент на џуниор забава паѓавме во несвест кога симпатијата ќе не погледнеше, па праќавме другарки да го прашаат дали сака да се фатиме, игравме ко епилептичари на македонски хитови и се враќавме дома без јакни пошто хит беше тоа време да се крадат јакни од Елемент :D
Ама си поминувавме супер, без пари, без коли, без турбофолк.
После некое време кога малце пораснав, почнав да одам и во Вулкан и Левел и во Ла Фабрик. Кога ќе размислам подобро, нема разлика во ноќниот живот од порано и сега, него разликата сме ние луѓето. Едно сега сме возрасни (барем на такви изгледаме) друго и сме по расипани од порано. Порано не беше битно каде си, него со кого си, бевме огромни друштва и одма се договаравме каде, а сега двајца ќе се скараме да одиме да го слушаме Тиесто или Јужни ветар.
А во локалите освен музиката не дека нешто е сменето. И луѓето се класифицираат по локалот каде што одат. Одел во Гранд, во Ванила сељак бил, одел во Парадизо фаца бил и слично.
Порано сакав дискотеки, клубови, а сега не можам да поднесам да бидам во дискотека повеќе од 1 сат. Те туркаат, чекаш пијачка 25 минути..
Во кафана седни си напи се ко човек. Музика на увце, бунарче на маса, добро друштво...