Ноќен живот - порано и сега

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Јас мислам дека поголема слобода од денешново време немало никогаш.
Сега имаш слобода на говор, слобода на говорење, слобода на облекување..сите норми, кодекси, морали и културни човечки однесувања исчезнаа.
Сакаш да кажеш дека човекот кога е слободен нема култура?

Нормите и моралот се менлива категорија (посебно тука на Балканот мора да се менуваат бидејќи се врзани со религија) и ќе ги менуваме бидејќи „фута“ не сакаме да носите за да покажете колку сте скромни :)

Денес се нема слобода. Денес се има хаос од информации и лудило на дејствување без размислување. Тоа НЕ Е СЛОБОДА.
Денес имаш неуки млади кои уживаат во за нив креираниот контролиран хаос. :)
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
345
63
И луѓето беа слободни, далеку од стегите на тоа што е правилно или не,.
Кои се овие стеги за кои не треба да се размислува што е правилно а што не?
(сега гледам како сум ја утнала, два пати говор, говорење):rolleyes:слобода на избор треба..не е битно
Сакаш да кажеш дека човекот кога е слободен нема култура?

Да, човекот за биде човек, треба да му дадеш закони, да го научиш на дисциплина..инаку бетер е од животните во џунглана.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ограда (купишта закони, посебно од оние „најпотребните“ за морал и етика) се става за стока, не за луѓе!
Луѓето се учат да бидат слободни, да имаат одговорност и должност како спрема себе си така и спрема другите.
А за закони, само Телема. Друг закон е ограничување. А тоа не сакаме...

А ти, оди следи закони штом не знаеш без нив да бидеш човек и слободна жена.
Порано немаше закони за продажба на алкохол до 19 или 21 часот, што се промени со тоа? Само сивата економија порасна бидејќи сега се продаваат шишиња алкохол во продавници под тезга. Дали научи младиот човек да се опива но со ум и да ужива во пијанството?
Не!
Дали ние се дружеве на коцка, во парк, Љубов, пред Соборен? ДА!
Дали нешто направивме беља или кршевме како денес младиве? НЕ!
Денес? Се тепаат во диско, се тепаат на улици, кршат пијани млади... што помогнаа тие закони?
Не е до законите, до писменоста е и свесноста за себе и околината... тоа го нема кај младите денес, затоа гледаме млади разголени неумесно, слушаат музика која не ги учи ништо ново, освен простачки идеи во главата...
Затоа и нема ништо посебно локали. Само кафани. Бидејќи за вакви млади и тоа е многу.

П.С. Бесцелно зборувам. Мноштвото луѓе се плашат од бесконечноста на слободата и бараат постојано некој да им укаже на закони и огради каде ќе можат да се потпрат! Немам што да додадам на муабетов. Само бидете помудри родители од оние кои станаа тоа во 90-те и создадоа луѓе кои некако тешко ја разбираат слободата и што се можат :)
 
Хепта, насловот на темава е ноќен живот, порано и сега, а твоите ставови за слободата, воља и телема можеме на друго место..но, ти не би бил/а ако не искористиш секаде да ги протнеш телемитските ставови.
Порано ноќниот живот завршуваше во 21 часот, како велеа, во девет во кревет.
Грозница во сабота навечер стана секојдневна грозница, секој ден излегување на младите кои после 21 часот почнуваа со подготовки, тушурања, шминкање идр..па прибирање дома во утрински часови, како да не треба да одит на училиште, факултет или на работа...
Секоја младост има своја генерација, своја убавина, но ова раскалашеново однесување каде нема веќе ни морал ниту етика, само барање добар провод и нов изазов, е ова го немало никогаш..трева, дрога, алкохол, секс.....а ова се должи на беззаконието или закон пишан на хартија кој никој не го спроведува.
Животот е како сообраќајот, ако не почитуваш сообраќајни знаци, поминеш на црвено. ќе направиш некој удес.
Затоа и не сум за тотална слобода .
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Секаде ги протнувам моите ставови, туѓи не можам да имам. Да ти се извинам што сум Телемит и секогаш и секаде ќе зборувам за Телема?
Ова што правам споредба од сега и порано е токму заради философијата која ја живеам... и жалам што младите не знаат да бидат свои и што ноќниот живот им е хаос бидејќи не знаат што бараат...

Денешниот ноќен живот е кафански и тоа бидејќи таму е најефтино за да се опијат и да глумат „high style life", ништо не ги предизвикува младите да бидат нешто повеќе, да научат нешто повеќе... порано имаше некој натрпевар да бидеш подобар од другиот во дискусија, во познавање на некоја ствар...
И тоа е заради родителите и општеството... се почна да се распаѓа заради дрдорење за некакви си морални и етички вредности засновани на... каков темел? Од каде доаѓаат-
Ти велам пиевме до сабајле, одевме на факс и ништо не ни фалеше...
Се е до човекот и неговата дисциплина и природа внатрешна... нормално со потркепа на родителите кои не ги прави родител тоа што направиле дете, ами насочување на истото кон максимално исполнување!

Денес е... што? Ноќниот живот стана траги-комедија. Сите трчаат едни по други гледајќи на материјалното, научено од тв и нет, простачки се дотеруваат за капка внимание... наместо навнатре, младите гледаат нанадвор и бараат тоа што им фали, а толку ствари има на нет што може да ги научат... одеш во диско или на свирка и што имаме...?

Никогаш не е завршувал ноќниот живот во 21h. Да не глумиме лудило. Можеби кога си имала 10 години :)
Секогаш имало и има дрога, алкохол и секс и тука немаат многу улога тие етички и морални закони, како да се запишани во камен... морал и етика се менува, а и правните закони се менуваат...

Неморално е да се има секс? Брак ќе чекаме? :) Ќе забраниш некој да користи супстанции? И тоа можеби ќе начекам некогаш :)
 
incule

Староседелец
5 јануари 2015
739
127
1,053
26
Како и да е порано било поубаво и поопуштено и луѓето не се замарале а сега кога и да излезеш луѓето оговараат
 
  • Like
Реакции: Хептаграм XI

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
А за закони, само Телема. Друг закон е ограничување. А тоа не сакаме...

А ти, оди следи закони штом не знаеш без нив да бидеш човек
До кога со вакви изјави.
Море Хепта, ни се водиш ни се тераш!

Од една страна велиш следењето закон е поради тоа што без нив не може човек да се биде , а од друга страна го признаваш за закон само телема!
Значи..и ти што следиш телема како свој закон е поради тоа што без него незнеш да бидеш човек.
Самоубиство од заседа си направи.

И што тоа не сакате?? Во чиво име зборуваш во множина?
Може да кажеш дека не сакаш, има разлика посебно кога се работи за телема..нели не сте вие стадо со пастир.

п.с.бидејќи сум оф топит...модераторот нека го префрли постот каде што мисли дека треба.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ти пак дотрча да коментираш ствари кои се далеку од тебе, а не си ја научил лекцијата? Ќе повторуваме пак, со казнени поени? :)
До кога ќе бркаш Телемити по нет? Секогаш ќе има барем еден ;)

Едно е Закон на Телема, друго е морален и етички закон, сосема трето се пак правните закони... тешко ги разбирате овие ствари нели? Тоа е така бидејќи Телема е срж на она што денес сите различно го толкувате заради дозволеното искуство што го имате... но, ниту вие постарите кои скокнавте години во животот не сте многу подобри од младите, кои сепак имаат шанса да бидат подобри, ако имаат волја...

И сето ова етика, морал, правни закони се поврзани со денешниот млад човек, со ноќниот живот, со целокупниот живот...

Ноќниот живот денес е одлика на внатрешниот (не)живот на индивидуата заради премногу инфо кое не содржи ништо полезно, собрано од нет и тв како и тоталниот колапс на улогата на нивните родители :)
 
Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
@Хептаграм XI како сакаш врти ги работите , следиш ПИШАН ЗАКОН.
Тоа што предходно го кажа важи и за тебе!!
А ти, оди следи закони штом не знаеш без нив да бидеш човек и слободен човек.

Да ве следев ќе ви пишував на кајгана таму сте се здомиле , овде ти се наметна како билборт да си ја рекламираш сектата на секој пдф.

И не одговори на прашањето.
Во чиво име зборуваш во множина?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Нормално дека нема да одговорам на твои прашања :)

Следам пишан закон, запишан е во Книгата на Законот. Ти имаш проблеми со пишани закони или... ?
Не го разбирам проблемот што го имаш ти со пишани закони...
Јас имам проблеми со непишани закони кои ги наметнуваат на младината како етика и морал кои ја ограничуваат нивната слобода. Се надевам ќе го научиш твоето дете да биде малку послободоумно од тебе ;) Кажи му дека има телемити во светот, да не се љути ако почне да среќава луѓе како нас :)

Се за слободата, животот, љубовта и светлината, другото е мрак.

Затоа порано, иако беше СФРЈ младите градеа други идеали од ова сега.
Реков и претходно, дргуо беше кога одевме во парк, на Коцка отколку сега по кафаните и „ноќниот живот“ кој што не носи живот...