Ограда (купишта закони, посебно од оние „најпотребните“ за морал и етика) се става за стока, не за луѓе!
Луѓето се учат да бидат слободни, да имаат одговорност и должност како спрема себе си така и спрема другите.
А за закони, само Телема. Друг закон е ограничување. А тоа не сакаме...
А ти, оди следи закони штом не знаеш без нив да бидеш човек и слободна жена.
Порано немаше закони за продажба на алкохол до 19 или 21 часот, што се промени со тоа? Само сивата економија порасна бидејќи сега се продаваат шишиња алкохол во продавници под тезга. Дали научи младиот човек да се опива но со ум и да ужива во пијанството?
Не!
Дали ние се дружеве на коцка, во парк, Љубов, пред Соборен? ДА!
Дали нешто направивме беља или кршевме како денес младиве? НЕ!
Денес? Се тепаат во диско, се тепаат на улици, кршат пијани млади... што помогнаа тие закони?
Не е до законите, до писменоста е и свесноста за себе и околината... тоа го нема кај младите денес, затоа гледаме млади разголени неумесно, слушаат музика која не ги учи ништо ново, освен простачки идеи во главата...
Затоа и нема ништо посебно локали. Само кафани. Бидејќи за вакви млади и тоа е многу.
П.С. Бесцелно зборувам. Мноштвото луѓе се плашат од бесконечноста на слободата и бараат постојано некој да им укаже на закони и огради каде ќе можат да се потпрат! Немам што да додадам на муабетов. Само бидете помудри родители од оние кои станаа тоа во 90-те и создадоа луѓе кои некако тешко ја разбираат слободата и што се можат
Хепта, насловот на темава е ноќен живот, порано и сега, а твоите ставови за слободата, воља и телема можеме на друго место..но, ти не би бил/а ако не искористиш секаде да ги протнеш телемитските ставови.
Порано ноќниот живот завршуваше во 21 часот, како велеа, во девет во кревет.
Грозница во сабота навечер стана секојдневна грозница, секој ден излегување на младите кои после 21 часот почнуваа со подготовки, тушурања, шминкање идр..па прибирање дома во утрински часови, како да не треба да одит на училиште, факултет или на работа...
Секоја младост има своја генерација, своја убавина, но ова раскалашеново однесување каде нема веќе ни морал ниту етика, само барање добар провод и нов изазов, е ова го немало никогаш..трева, дрога, алкохол, секс.....а ова се должи на беззаконието или закон пишан на хартија кој никој не го спроведува.
Животот е како сообраќајот, ако не почитуваш сообраќајни знаци, поминеш на црвено. ќе направиш некој удес.
Затоа и не сум за тотална слобода .