Норвешка (норвешки: Norge [бокмал], Noreg [нинорск]), официјално Кралство Норвешка (Kongeriket Noreg/ Kongeriket Norge), или многу ретко Норвегија[5] , е држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајки го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснивањето во 1624 година па сè до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди - Нобеловата награда за мир.
Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фарските Острови лежат западно преку Северното море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Ноpвешка, во северен Атлантскиот Океан и Баренцовото Море, се дом на нејзините познати фјордови.
Норвешка се наоѓа во западниот дел на Скандинавија во Северна Европа. Дивото крајбрежје, полно со фјордови и илјадници острови, е долго 2,500 километри. Норвешка дели 2,542 километри граница со Шведска, Финска, и кратка гранична линија со Русија на исток. На запад и југ, се протегаат Норвешкото море, Северното море, иСкагеровиот проток. Исто така и Баренцовото море ги допира северните брегови на Норвешка.
Земјата е многу богата со природни богатства како нафта, природен гас, риба, шуми и минерали. Огромни резерви на нафта и природен гас беа пронајдени во 60тите, што доведе до уште поголем развиток на економијата. Норвешка има еден од највисоките стандарди на живеење во светот, како резултат на огромните природни богатства во однос на нејзината популација. Таа исто така има многу ниско ниво на невработеност, помалку од 2% (Јуни 2007). Продуктивноста на час, исто како и платата во Норвешка се едни од највисоките во светот. Егалитаристичките вредности на Норвешкото општество гарантираат дека разликата во платите помеѓу најниско платените работници и менаџерите на големите компании е многу помала за разлика од другите западни економии.
Религија во Норвешка е претежно протестантска (Евангелско-Лутеранска), со 82,7% од вкупниот број на населението на Норвешка. [6]Раните Норвежани, како и сите народи на Скандинавија, биле многубожници верувајќи во Нордиската митологија. Благодарение на напорите на христијанските мисионери, Норвешка била постепенохристијанизирана. Тој процес започнал некаде во 1000 година, а завршил во околу 1150 година. Пред реформацијата, Норвежаните биле дел од Римокатоличката црква, но по 1536 година тие го примиле протестантството.
Исламот е втората најголема религија. Главната причина се гледа поради миграцијата во последните неколку години. Сепак, според пописите, во земјата живеат и голем број на нерелигиозни верници.
Lyngen