Нова рекламна кампања за туризмот во Македонија!

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
шојма врска за кај е наменета?
на англиски е цела, поентата е на македонски
ја има на тубето
ич малку ич малку, цел свет ќе не` види вакви :eek
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Бог да чува, ЕЈ! Кога веќе прават вакви безвезе работи барем нека бидат на македонски, зошто впрочем нели се однесуваат на макеоднскиот народ, а не на англиски да не разбере цел свет. Ова е голем Fail според мене.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Треба да им се отворат очите малку. За ништо не ни го бива туризмот.

И ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ ДА НЕ ОДИТЕ СО ОФ-ТОПИК.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јас сум бил претходното лето 5 дена во Охрид и мене наместо да ми остават негативен впечаток напротив ми оставија ептен добар впечаток,ова најсериозно.
Од местата каде што излегов навечер дали преку ден,јас само на едно место имав мала примедба дека не ми дадоа обична вода после ручек туку ми рече дека имале само флаширана.
Дури и со таксистите не сум имал проблем,се на се и сместувањето ми беше врв,за тие пари што ги дадов бев презадоволен.
Можеби или другите имаат преголеми очекувања или пак јас сум имал невидена среќа,не знам.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Па, кои се вашите мислења? Дали овие реклами се добро направени или лошо направени? Дали се добри или лоши за туризмот? Дали успешно ќе привлечат туристи и ќе ги информираат или се реклами без никаква цел и мал успех?

Одлично се направени, мене многу ми се допаѓаат и се изнасмеав! Да се надеваме дека добро ќе се одразат на туризмот, со тоа што сакам да напоменам дека целната група на овие реклами сме ние, Македонците, а не туристите... Видов и забелешки на тоа дека, демек, рекламите биле на англиски... Што впрочем е нормално, кога сето тоа е направено за што е можно поверодостојна имитација на Ирвин, при што мора да го пофалам дечкото што имитира, одлично си ја врши работата. :)

Е сега, дали ние како Македонци ќе ги прифатиме овие пораки е друго прашање... Тука до израз доаѓаат нашиот инает, тврдоглавост и ставот „сам-против-цел-свет“... :/
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мене рекламиве ми се баш интересни, реални, и редно беше да си пукнеме сеир на наша сметка.
Не се само Охриѓани или било кој, сите сме такви. Се види ли дека си од друг град, готово, спремај се за се’ наведено во рекламиве. Па и во сопствен град се исти. Секаде имаме и алфа, мачо мужјаци што се бутаат оти си им зазел територија која тие први ја подмочнале, и тапа келнери со брзина на умрен полжав, и пазарџии што трупаат се’ што дофатат, и таксисти што те вртат низ пола град ко демек на пократката улица нешто се дешавало, и луѓе на кои им седиш под кирија и плаќаш за се’, а пак те анализираат под лупа. Тие сме, нема што да се срамиме дека светот ќе не види ко такви.
Кај нас сеуште раководат генерациите на Титови пионири, за кои ваквите појави се сосема нормални. Менталитетот ни е тој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна and Nighty

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Кампањата си е супер, на кој не му се допаѓа нека не гледа. Пораката е одлична и целна група на рекламиве се македонците, така што муабетот дека си правиме анти-реклама не ви држи вода. Анти-реклама си правиме со однесувањето, а не со ваков поттик да се поправиме. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048