Никогаш...Никому...Никого

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

Никогаш
1. Не се препирај
2. Не го повишувај гласот без потреба
3. Немој да опаѓаш
4. Не очајувај
5. Не се прејадувај и не се препивај со алкохол
6. Не лажи
7. Не се гневи
8. Не барај возвраќање и благодарност
9. Не отфрлувај или не прифаќај нешто категорички
10. Не се воздигај

Никому
1. Не завидувај
2. Не ласкај
3. Не се одмаздувај
4. Не говори грубости
5. Не ветувај нешто кое не можеш да го исполниш
6. Не се фали
7. Не биди на терет (доколку е можно)
8. Не памти зло
9. Не одговарај на злото со зло, туку со добро
10. Не го посакувај тоа што не го сакаш за себе си

Никого
1. Не навредувај
2. Не потценувај
3. Не се гнаси
4. Не се срди
5. Не исмевај
6. Не осудувај
7. Не сметај други за полоши од себе, туку спротивно
8. Не оговарај
9. Не прави идоли од смртниците

Не е лошо сите кога стануваме од спиење да си ги препрочитаме,некои од нив ке ни го разубават денот сигурно и нам и на тие околу нас.
Колку успеваме да се придржуваме кон горенаведените?
На кое од наведениве работи најтешко се воздржувате,за кои сметате дека и нема потреба од воздржување?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
најтешко се воздржувам на Никому не памти зло ,Никому не се одмаздувај и Никого не навредувај.

Останатите, до некои се придржувам затоа што сум таков, а некои ми се косат со логиката.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Немам потреба да се воздржувам од лажење,скоро никогаш не лажам
Гневот тешко ме напага
Не барам возвракање и благодарност
Со зависта и ветувањето имам добри релации
Памтам зло за жал и вракам зависи кога како
Правам идоли од смртниците,како на пример Тоше Проевски,братучетка ми:(
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не ласкај?
Напротив колку и да знам дека некои не знаат да го ценат тоа сум ласкал кога имало добра причина за тоа,едноставно сакам со тоа да наградам некоја личност ако се потрудила за нешто.
Не прави идоли од смртниците?
 

Јована

Истакнат Член
20 април 2012
144
311
63
Не го повишувај гласот без потреба
Не лажи
Не оговарај
:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnDrEj

AnDrEj

Полноправен Член
25 април 2012
8
24
13
29
Strumica
никогаш не лажи
никогаш не кради
не избувнувај без потреба
на никому не му прај лице,кажи му во очи што мислиш за него
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Јована

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Пошто е поставена темава во религија, вака ќе се изјаснам.
Сите религии воедно зборуваат и потврдуваат мир во светот. Фактички на некој начит овие проповеди се клучните елементи како фаза за преминување од егоист во алтурист со една и еднинствена цел да се постигне Аврамовиот метод односно поправањето на егоизмот до состојба на љубов меѓу луѓето. Секој еден допир, размена на убави комплименти , дискусија во одличен правец, секој еден контакт со знајни и незнајни кој го бара од нас природата како инклузивна, интегрална и глобална на најубав можен начин се темели на една мудрост кабала.
Со спротивен ефект доколку ние се испоставиме према тие мудрости, ја уништиме ја раздробиме рамнотежата на љубов, допринесеме до разрушување на дискусијата, произведеме омраза едни према други, ова се нарекува примена на методот на јудеизам.
Значи не е целта да се придржуваш до некои божји проповеди или замисли, не е начин да им веруваш на масоните , на црквата на ватикан, на Алах, Буда кои преку "оклуцистички заговор" тврдат дека тие го отркиле клучот за подобар свет , тајните на универзумот, мистеријата на минатото, мапирајќи го светот на ангели и демони, воедно кои ги наметнуваат нивните творенија со една и еднинствена цел да го задржат кралскиот начин на живот.
Едноставно биди мудар, почитувај ја желбата за давање и желбата за примање за подобар сооднос на луѓето. Тоа е основата на оваа мудрост која ја открива целокупната реалност, каде моралните норми доминираат над правните и пишаните правила, каде не треба наука да се докаже љубовта према човештвото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Radoznala1 and MoonFairy