Никогаш...Никому...Никого

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ја пишанија многу многу не поштувам, ама поштувам да не му нанесам зло од било кој вид на другиот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and melpomena

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Колку и да се труди некој не може сите овие да ги исполнува.
Од сите барем еднаш сум го направила спротивното. :D
Сепак сме луѓе.

Хмм лет си... Мини површна анализа
Никогаш
1. Не се препирај- сум се препирала, само во последно не толку, сфаќам дека секој си има своја страна на гледање на работите и не секогаш сум во право
2. Не го повишувај гласот без потреба- го повишувам и со и без потреба.
5. Не се прејадувај и не се препивај со алкохол - Кој јас? НЕЕЕ. :D
6. Не лажи -Лажам само по потреба. Да избегнам некоја непријатна ситуација.... Или кога веќе сум се вовлекла во истата лажам за да се извлечам.
7. Не се гневи -Се гневам на моменти :nah

Никому

6. Не се фали-ретко многу ретко
8. Не памти зло- Левел склероза...:D Памтам, не враќам секогаш, ама ПАМТАМ. :gjavol
9. Не одговарај на злото со зло, туку со добро- мишн импасабл. Не знам некој кој го практикува ова.
10. Не го посакувај тоа што не го сакаш за себе си
Никого
7. Не сметај други за полоши од себе, туку спротивно-Ова тешко... Сите ми изгледат полоши од мене. :place
8. Не оговарај- Искушение, на кое понекогаш не можам да му одолеам.
9. Не прави идоли од смртниците- Правам идоли вклучувај ќи луѓе на кои им се восхитувам, се до познати.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Никогаш
1. Не се препирај
2. Не го повишувај гласот без потреба
3. Немој да опаѓаш
4. Не очајувај
5. Не се прејадувај и не се препивај со алкохол
6. Не лажи
7. Не се гневи
8. Не барај возвраќање и благодарност
9. Не отфрлувај или не прифаќај нешто категорички
10. Не се воздигај

Никому
1. Не завидувај
2. Не ласкај
3. Не се одмаздувај
4. Не говори грубости
5. Не ветувај нешто кое не можеш да го исполниш
6. Не се фали
7. Не биди на терет (доколку е можно)
8. Не памти зло
9. Не одговарај на злото со зло, туку со добро
10. Не го посакувај тоа што не го сакаш за себе си

Никого
1. Не навредувај
2. Не потценувај
3. Не се гнаси
4. Не се срди
5. Не исмевај
6. Не осудувај
7. Не сметај други за полоши од себе, туку спротивно
8. Не оговарај
9. Не прави идоли од смртниците

Не е лошо сите кога стануваме од спиење да си ги препрочитаме,некои од нив ке ни го разубават денот сигурно и нам и на тие околу нас.
Колку успеваме да се придржуваме кон горенаведените?
На кое од наведениве работи најтешко се воздржувате,за кои сметате дека и нема потреба од воздржување?
Кафезов само со негацѝи.
Човековиот ум многу наликува на циркус во кој се дресираат диви и нескротливи мисли.

Сигурно е поради публиката и аплаузот кој следуваа за добро издресиран ум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Златни правила,златни закони ако сакаш да живееш убаво почитувај ги
Никому не прави зло за да не ти се врати
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Темава ме потсети на „Златните стихови на Питагора“!

„Не дозволувај ниеден човек ниту со зборови, или со дела некогаш да те заведе.
Ниту да те намами да кажеш или направиш нешто што не е полезно за тебе.
Консултирај се и промисли пред да делуваш за да не би направил будалести акции.
Зашто му доликува само на мизерен човек да говори и делува без размислување.
Но прави го она што нема да те измачува отпосле, ниту ќе те принуди на покајување.
Никогаш не прави нешто што не го разбираш.
Ами научи го она што треба да го знаеш и на тој начин ќе водиш пријатен живот.“