Нешта кои можат да ве расплачат...

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Спомени... спомени од нешто што било убаво а е сјебано на неправеден начин. Денес баш се борам со нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Постоеше еден долг период кога како да бев заборавила да плачам.Можеби бев среќна,можеби не дозволував ништо да допре до мене,не знам.
Ама затоа пак овие месеци надокнадувам за тоа.Премногу сум емотивна,знам да се расплачам на музика,филм,но ништо не ме расплакува повеќе од тешки,болни зборови кажани од луѓе кои ми значат многу во животот. Тоа знае најмногу да ме скрши,и после тешко се опоравувам а уште потешко заборавам.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сабајле си поплакав на едно премило видео од човек што најде јајце од папагал (тигрица) и 20 дена бдееше над него за да му помогне да се испили, па потоа и го хранеше на секои 3 часа и на крај папагалчето му се мушкаше во брада и се галеше од неа ко мало бебе (што и е).
Не знам, некогаш сум сензитивна на сосема неочекувани работи, а другпат ништо не ме допира, па колку и да било тажно. Но, веројатно сите ги имаме тие моменти. (wasntme)