Неверството е болно. И за тој што е изневерен но и за тој што ќе мора цел живот да се носи со таа нечиста совест. Грешка се случува, дали поради запоставеност од страна на партнерот, или некое внатрешно моментално незадоволство кое кај послабите карактери ќе предизвика таков акт на неверство , кој за мене е повеќе неверство на самиот себе отколку на партнерот. Зборувам за неверства кога луѓето се заљубени и си го сакаат партнерот ама ете некако се случило да изневерат. Не знам колку е добро да се признае такво неверство зошто може да уништи се, доколку не се прости, а постоело љубов. Не знам, неверството е деликатна работа, и нема една прифатлива вистина. Во совршени услови не би требало да се случи, а како што имам пишано во неколку теми, утопија, совршен свет не постои. “нека фрли со камен оној кој никогаш во животот не згрешил“ Дали има таков?