Сум изневерила си признавам и не се гордеам со тоа
Не се гордеам само затоа што дечкото беше пренајдобар на свет и ми прости. Он ми беше прв во се, и јас на него и многу си се сакавме и се поминавме заедно, скоро 3 години...вториот пат (веќе се знаеше дека е онака лабава врската, барем јас знаев, стануваше некако монотона, затоа и се деси овој втор пат) ме фати на дело и како демек готово толку, раскинуваме, се изнаплакавме и двајцата и после пола саат дојде до мене ми кажа дека неможе да си го замисли животот без мене, многу ме сака и стварно не би знаел што понатаму ако ме изгуби... Јас му кажав дека сакам да размислам, пауза, курчеви карики, али на крај му кажав дека најискрено неможе да се продолжи во една врска доколку едниот изварал, подобро ќе биде и за двајцата (нејќев кога нема да можам, нема да сакам да легнам со него да ми квакне на глава "аааа со тој што ме извара можеше а со мене не") тоа ми беше најјаката причина а и башка што почна да ми е интересно и убаво и со тој другиот
Е сега, сум во врска на далечина.... Додека бев во Америка со него 3 ипол месеци неразделни, не ни помислував да бидам со некој друг, пред да се разделиме му кажав ако сака open relationship како биди си тука со некој, имај си, јас ќе си имам таму ама кога ќе дојдеш пак ќе си бидеме заедно, он нејќеше ни да го дослушне зборчето одма се налути... Нема врска, муабетот ми е што јас знам дека он НЕМА друга таму, со сигурност, а јас си имам тука, ама не е ништо сериозно, сум кажала дека ќе го чекам да дојде и стварно едвај чекам да дојде, многу ми фали
Не се смета за неверство нели?