Ова неверствово ти е како една од работите на спиопсокот за кои нон стоп викаш дека се лоши и дека никогаш не би ги направил. Реално ако гледаме, никој нема да напише дека го одобрува тоа. Сите кога ќе им спомнеш, бегаат како да ги брка триглаво куче, сите велат дека тоа е најгрдата работа на свет, а се изневерува на секој чекор, во секој момент.
Не е убаво, и јас мразам, не сум изневерила затоа што сум психички доста стабилна личност, затоа што имам храброст да прекинам и раскинам кога гледам дека нештото нема иднина отколку да си играм и да правам триаголници од кои секогаш еден излегува повреден. Но не можам, а и никој не може да гарантира дека никогаш нема да го направи тоа.
Периоди во животот се, еден момент си горе, еден момент си доле, никогаш не можеш да знаеш како ќе ти се наредат коцките и кој кога ќе долета во твојот живот. Но веќе ако си пред прагот, подобро врати се три чекори, затвори ја едната врата, па потоа влези во нова, затоа што кармата е кучка и истото може да ти се случи, да си изневерувал а потоа другиот да те изневери.
Плус љубовта не е црно или бело, е комплексна и некои работи едноставно немаат логика. Знам затоа што сите сме правеле будалештини кога некој ни бил под кожа.
Но неверството боли, остава траг, рана која ретко се залекува затоа што со секој нов/а ќе си опседнат каде е и со кого е и дали те изневерува. Има многу да се дискутира на темава, не е затворен круг од типот на одобрувам(што никој не би го рекол) и не одобрувам.