На кого треба да отстапиме место во автобус?

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
на стари лица само,,, жени со мали деца НЕ..ја да станам а таа да рече оди синко седи ,сум се заебал така повеке пати
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Станувам за стари лица, во фаца можам да им познаам дека се изморени од пазар. Кога гледам некој дедо како стои исто како да го гледам дедо ми. Така што станувам. Станувам и за бремени жени.
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Станувам на постари лица ама само кога јас сакам а не они да ми викаат ај девојченце стани жити се...
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Ретко се возам, но сум бил во ситуација каде сум отстапил место. И би отстапил место на:

Постари лица. Би им отстапил место на оние кои прашаат убаво, на оние кои очигледно им треба, но и на оние кои мислат дека имаат специјално право да седнат, а со тоа однесување ќе си добијат и мал говор. Воопшто не ми е срам да дебатирам со постари или пак да ги посрамотам пред останатите во автобусот доколку заслужуваат.

Возрасни луѓе, доколку навистина имаат премногу кеси или торби. Немаат сите можност или финансии да одат со кола во Веро, да се изнакупат и да ги носат работите од Веро до кола/од кола до дома. Или пак да си користат количка.

Помали деца, доколку не се однесуваат недолично и доколку очигледно се изморени. Сум бил и јас на нивни години, и мене ме болеле нозете - само јас заспивав каде ќе стигнам и после магично се будев во кола/во кревет. Сепак, мислам дека никогаш не сум видел мало дете во автобус.

Дебели луѓе. Не елегантно пополнети или малку дебелки. Туку на навистина дебели луѓе. Она што на англиски го викаат "obese". Многу луѓе можеби мислат дека не треба да им се отстапи било какво место. Дека треба да си ја научат лекцијата, да повнимаваат малку самите за себе. Сега, можеби не е нивна вина - можеби е некоја болест, ама повеќето кои се навистина дебели имаат проблеми од типот на премногу конзумирање на храна, недоволно вежбање или движење, откажување премногу брзо или пак одлучуваат да не се ни потрудат да ја изгубат килажата. Сега, ова не е баш проблем, туку чиста мрзеливост - но мислам дека им е доволно тешко и без јас да пробам да им одржам некоја лекција со тоа што нема да им станам.

Ова за тие кои не сакаат долги текстови:

ПД;НП (премногу долго; не прочитав): Им отстапувам место на повеќето (стари, возрасни, помали деца, дебели луѓе) бидејќи ретко се возам, а ако веќе се возам - на сегашна возраст (18) сметам дека можам да постојам 2 станици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Запазете ги само како трчаат по автобусот да не им побегне, а кога ќе влезат веднаш се изнемоштени и болни.
По тоа само ќе проценам на кого треба да станам, а на кого не.
Ако има сила да се фрцка, шминка и дере колку е младината невоспитана, ќе има сила и да стои.
На оние што се стварно изнемоштени, не им дошло до такви препукувања и лекции за лажен морал.
Исто исклучок ми се трудници, работници и лица со посебни потреби.
Остало, молим лепо, од 10 минути стоење, нема да се шинеш.