И јас така би рекла на стари лица ама денес во бус влезе еден постар господин, автобусов полн, а тој натоварен со кеси и си викам ај ќе станам кога ќе дојде до мене. И го гледам се тетерави натака навака дур стигне до мене и ме гледа и ми вика што ме гледаш што не станеш, кај ви е културата, јас на ваши години ова она, станував, стоев не ни седнував (добро им рече еднаш еден школски е па зошто ко млади сте станувале затоа сега ве болат нозете) и ме усрами пред тоа учениците...
Па почна и нив да им се дере ајде соберете се, па се запна назад, па поназад, па ајде уште поназад, па ги стисна 50 души на крајниот дел од автобусот, за на крај да се симне после една станица. А не е прв пат ова... И од сега и јас ќе си се правам удрена дека не гледам дека некој ми стои над глава додека седам во автобус, зошто не секој заслужува такви почести.