Никому не ги кажувам. Можам нешто само на тато да му издрдорам. Како што викаше баба ми, плитко трбувче сум и него можам да му кажам некоја тајна. И на Цезар. И толку. Од нивна уста можам да ставам рака во оган дека нема да излезе ништо...
А толкава доверба за доверување на тајни немам во никој друг.
Можеби би требало да имам во мама, ама таа никогаш нема да ме сфати и пре би ме осудила отколку да ме поддржи.