На денешен ден...

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
274 Константин I Велики, римски владетел од 306 до 337 година.
1533 Мишел де Монтењ, француски ренесансен писател и философ.
1552 Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.
1980 Васил Зафирчев, македонски театарски и филсмки актер.
1980 Тејшон Принц, американски професионален кошаркар.
1985 Јелена Јанковиќ, српска тенисерка.

Починале:
1869 Алфонс де Ламартин, француски поет и академик.
1907 Петар Христов - Германчето, македонски револуционер.
1986 Улоф Палме, шведски премиер.
1941 Алфонсо XIII, шпански крал.
1981 Љутви Руси, македонски новинар, писател и преведувач.
2010 Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
За денес толку..
29 февруари е 60-иот ден во годината според григоријанскиот календар, само во престапна година. Остануваат 306 денови до крајот на годината.

1525. Последниот астечки цар Куаутемок по долго мачење го погуби шпанскиот освојувач Ернан Кортес.
1533 Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф-моралист. Дојде до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржа на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е "Есеи" во три тома. Умре на 13 септември 1592 година.
1825 Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е одредена границата меѓу Алјаска и Канада.
1844 Во текот на промовирањето на новата фрегата „Принстон“ кое на реката Потомак го приреди американската морнарица, на бродот експлодира еден од топовите, усмртувајќи го државниот секретар, заповедник на морнарицата и уште неколку функционери на владата на САД.
1869 Умре Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела изврши големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествуваше во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се "Поетски размислувања", "Поетски и религиозни хармонии", "Жаслен" и "Пат на исток".
1890 Роден е рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, можеби еден од најдобрите во историјата на балетот, иако неговата играчка кариера траеше само четири години, бидејќи во 1917 година заболе од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надмина, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаената висина и убавина, влегоа во легендата како недопрен идеал.
1909 Роден е англискиот писател Стивн Харолд Спендер. Дела: збирка песни „Урнатини и визии“, „Племенити денови“, романот „Заостанат син“, збирка раскази „Запалениот кактус“, есејот „Разорен елемент“, Триесеттата и потоа“, автобиографијата “Свет во светот“.
1913 Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година доби Оскар за филмот „Жижи“. Филмови: „Мадам Бовари“, „Американец во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на брдо“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Град на илузија“, „Некои дотрчаа“.
1916 Умре американскиот писател Хенри Џејмс, продорен психолог, кој во реалистичен манир ги прецизира и анализира обичаите, постапки и навиките на американското и на европското општество, секогаш во потрага по моралните вредности. Пред крајот на животот, во 1915 година, стана британски државјанин. Дела: романите „Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, Амбасадори“.
1921 Почна буната на морнарите на руската Балтичка флота и работници во поморската база во Кронштат на островот Котлин во Финскиот Залив против болшевичките власти. Кронштатските морнари и работници во базата западно од Петроград, кој силно ги подржаа болшевиците во 1917 година, бараа економски реформи и окончување на болшевичката политичка доминација, но болшевиците 20 дена подоцна со учество на војската крваво ја задушија Кронштатската буна.
1922 Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот канал.
1943 Девет норвешки командоси на германските простори за производство на тешка вода во близина на Рјукан во окупирана Норвешка во Втората светска војна извршија саботажа.
1948 Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1953 Во Анкара е потпишан „Балканскиот пакт“. Југославија, Грција и Турција потпишаа спогодба за политичка, стопанска и воена соработка.
1974 САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1975 Во најголемата подземна железничка несреќа во Велика Британија, 42 патници загинаа кога воз со полна брзина удри во банкините на метро-станицата „Мургејт“ во Лондон.
1981 Во Скопје умре Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го преведе делото „Везилка“ од Блаже Конески. Роден е во Дебар, на 18 јануари 1923 година.
1986 Во Стокхолм е убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден е во Стокхолм, во 1927 година.
1992 Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 "сини шлемови" во Камбоџа.
1995 Раул Салинас, брат на поранешниот престедател на Мексико Карлос Салинас, уапсен е под обвинение дека е вмешан во убиството на претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија Луис Доналд Колоси на предизборниот митинг во Тихуана, во март 1994 година.
1996 Британската принцеза Дајана се согласи на развод од принцот престолонаследник Чарлс.
1997 Во Иран земјотрес разори повеќе од 20 села усмртувајќи илјада лица.
2004 Африканските лидери постигнаа договор за формирање африкански повеќенационални сили, задолжени за интервенции во Африка заради задушење на граѓанските војни и спречување на геноцидот.
2005 Во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Хили, пред една болница, загинаа 125, а ранети беа 200 лица.
2006 Од експлозија на бомба, која ја поставија маоистички бунтовници пред камион во централната сојузна индиска држава Чатисгар, животот го загубија 55, а тешко повредени беа 20 лица.
2007 Умре Артур Шлезингер, американски историчар и публицист, двапати добитник на Пулицеровата награда. Шлезингер имаше пристап во случувањата во Белата куќа во времето на Кенеди, а ги проучуваше и оставнините на Френклин Рузвелт, Ендри Џексон, Џон и Роберт Кендеди. За хрониката на Кенедиевата администрација „Илјада дена: Џон Ф. Кенеди во Белата куќа“, во 1966 година ги доби Пулицеровата и Националната книжевна награда. Автор е на повеќе од 20 дела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
1 март е 60-иот ден во годината според григоријанскиот календар (61-и во престапна година). Остануваат 305 денови до крајот на годината.
Настани:
1917 Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит“.
1992 Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во Босна и Херцеговина.
1994 Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997 Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).

Родени:
1810 Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот.
1921 Благоја Корубин, македонскиот научник на полето на македонскиот литературен јазик.
1929 Марија Мирчов - Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пеачка.
1983 Станка Златева, бугарски борач.
1994 Џастин Бибер, канадски поп/Р&Б пејач-текстописец и актер.

Починале:
1643 Џироламо Фрескобалди, Италијански оргулист и композитор, најголем мајстор на оргули во своето време.
Празници:
* Летник - македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz and emzzy

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
2 март е 61-иот ден во годината според григоријанскиот календар (62-и во престапна година). Остануваат 304 денови до крајот на годината.
Настани:
1942 Близу до селото Плетвар, прилепско, загинаа Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски, народни херои на Македонија.
1943 Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1946 Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956 Поранешната француска колонија, Мароко се здоби со независност.
1972 Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.
1973 Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.
1993 Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995 Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.

Родени:
1459 Адријан Флорисзон, холандски свештеник, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја.
1749 Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.

Починале:
1923 Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.
1939 Хауард Картер, англиски египтолог.
1942 Борка Талески, народен херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
3 март е 62-иот ден во годината според григоријанскиот календар (63-и во престапна година). Остануваат 303 денови до крајот на годината.
Настани:
1822 Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци иВласи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1878 По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ден на независноста на Бугарија.
1996 Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хозе Марија Азнар победи на парламентарните избори.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
1847 Александар Грахам - Бел, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот.
1872 Борис Дрангов, офицер и воен теоретичар на бугарската армија.
1876 Марија Георгиевна, принцеза на Грција.
1898 Харалампие Манчев, македонски медицински научен истражувач.
1906 Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач.
1915 Страшо Пинџур, народен херој на Македонија.
1953 Јагода Михајловска - Георгиева, македонски раскажувач, романсиер и есеист.
1965 Мендух Тачи, македонски политичар.
1967 Зоран Коњановски, македонски политичар.
1975 Шеваљ Етхеми, поранешен член на ОНА.
1991 Виктор Елиас, шпански глумец и пејач.

Починале:
1605 Папа Климент VIII, римски папа.
1703 Роберт Хук, англиски научник.
1878 Јанка Каневчева, македонска револуционерка.
2008 Џузепе Ди Стефано, италијански оперски пејач.

Празници:
* Национален празник на Република Бугарија
* Ден на општина Тетово
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
На 3 март во Виница традицијонално се одржуваат Тодоровите трки. :)
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
4 март е 63-иот ден во годината според григоријанскиот календар (64-и во престапна година). Остануваат 302 денови до крајот на годината.
Настани:
1789 Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933 Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата „нова политика“, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1945 Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952 Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965 Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965 При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
1188 Бланка Кастилјска, сопруга на кралот Луј VIII.
1678 Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1878 Пјотр Демјанович Успенски , руски философ.
1934 Александар Митевски, македонски поет.
1935 Бент Ларсен, дански шахист.
1954 Кетрин О'Хара, американска актерка.
1954 Франсоа Фијон, француски премиер.
1965 Халед Хосеини, авганистански писател и лекар.
1968 Киријакос Мицотакис, грчки политичар.
1983 Зоран Балдовалиев, македонски фудбалер.

Починале:
254 Папа Луциј I, римски папа.
561 Папа Пелагиј I, римски папа.
1193 Саладин, курдски муслимански политичар и воен лидер.
1805 Жан-Батист Грез, фрацуски класицистички сликар.
1832 Жан-Франсоа Шамполион, француски научник.
1852 Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.
1974 Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит „Спутник 1“.
1996 Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
6 март е 65-иот ден во годината според григоријанскиот календар (66-и во престапна година). Остануваат 300 денови до крајот на годината.
Настани:
1793 Франција ѝ објави војна на Шпанија.
1926 Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, помеѓу Лондон и Њујорк.
1962 Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало „ОСО 1“ (орбитална сончева опсерваторија).
1989 Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција.
1993 Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-на учесници на бунтот против централната власт

Родени:
1875 Морис Равел, француски композитор.
Починале:
1543 Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство.
1999 Стенли Кјубрик, американски филмски режисер.