На денешен ден...

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
7 март е 66-иот ден во годината според григоријанскиот календар (67-и во престапна година). Остануваат 299 денови до крајот на годината.
Настани:
1957 Двете некогашни британски колонии - Златниот Брег и Тоголанд се обединија и ја формираа независната држава Гана.
1978 Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје.
1980 Француската писателка Маргарет Јурсенар е избрана за член на Француската академија на науките. Со тоа таа влезе во историјата како прва жена, член на француската институција.

Родени:
1693 Папа Климент XIII, римски папа.
1475 Микеланџело, италијански скулптор, сликар, градител и поет.
1765 Жозеф Нисефор Ниепс, француски пронаоѓач.
1864 Александар Радев, македонски деец и бугарски политичар.
1872 Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар.
1875 Морис Равел, француски композитор.
1936 Ристо Миљановски, македонски поет и раскажувач.
1937 Валентина Владимировна Терешкова, советски космонаут.
1952 Тоде Илиевски, македонски писател.
1953 Благоја Стефановски, македонски политичар.









 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
1959 Илија Велев, македонски поет, раскажувач.
1959 Владимир Талески, македонски поет, раскажувач.
1980 Лора Припон, американска актерка.
1984 Матје Фламини, француски фудбалер.

Починале:
322 п.н.е. Аристотел, велик македонско-старогрчки философ и научник.
161 Антонин Пиј, римски император.
1274 Тома Аквински, христијански теолог и свештеник.
1724 Папа Инокентие XIII, римски папа.
1891 Франц Миклошич, словенечки славист.
1945 Албрехт Пенк, германски геоморфолог.
1973 Перл Бак, прочуена американска писателка.
1975 Михаил Бахтин, руски филозоф.
1990 Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
8 март е 67-иот ден во годината според григоријанскиот календар (68-и во престапна година). Остануваат 298 денови до крајот на годината.
Настани:
1658 Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка.
1910 На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“.
1945 Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946 Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“.

Родени:
1566 Карло Џезуалдо, италијански композитор.
1879 Ото Хан, добитник на Нобелова награда.
1907 Константин Караманлис, грчки политичар.
1929 е*е Камарго, бразилска актерка, водителка и пејачка.
1941 Христо Крстевски, македонски раскажувач, романсиер и есеист.
1977 Петар Ангелов, македонски ракометар.

 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Починале:
1144 Папа Целестин II, римски папа.
1869 Хектор Берлиоз, француски композитор.
1917 Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин.
1923 Јоханес ван дер Валс, холандски физичар и математичар.
1942 Хозе Раул Капабланка, кубански шаховски велемајстор.

Празници:
* Меѓународен ден на жената
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
9 март е 68-иот ден во годината според григоријанскиот календар (69-и во престапна година). Остануваат 297 денови до крајот на годината.
Настани:
1916 Прва Светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија.
1956 Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966 Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987 Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во иранско - ирачката војна.
1995 Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999 Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.

 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
1459 Америго Веспучи, италијански морепловец.
1776 Адам Смит го објавува неговото капитално дело Богатството на народите.
1814 Тарас Шевченко, украински писател.
1934 Јуриј Гагарин, советски космонаут.

Починале:
1661 Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло.
1851 Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар.
1994 Хенри Чарлс Буковски, поет и писател од САД.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
10 март е 69-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (70-и во престапна година). Остануваат 296 денови до крајот на годината.
Настани:
241 п.н.е. Римјаните ја поразуваат Картагинската флота, ставајќи крај на Првата Пунска војна
1912 Јуан Шикаи станува привремен претседател на Република Кина.
1945 Втора Светска војна: Токио е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град.
1951 Фулгенцио Батиста извршува успешен државен удар во Куба.
1953 Во Скопје излезе првиот број на весникот „Просветен работник“, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија. Од 11.11.1992 година излегува како гласило на Министерството за образование и физичка култура.
1990 Проспер Аврил е тргнат од власта во Хаити.
1992 Наместо терминот „милиција“, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува терминот „полиција“.
1993 Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија.
1997 Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
1452 Фернандо II Арагонски, шпански владетел.
1503 Фердинанд I, монарх од Хабсбуршката династија.
1628 Марчело Малпиги, италијански доктор, анатом и биолог.
1845 Александар III, руски император.
1872 Христо Матов, македонски револуционер.
1936 Димитар Гогов, македонски поет.
1940 Чак Норис, американски глумец.
1942 Благоја Лактински, македонски поет.
1952 Морган Цвангираи, премиер на Зимбабве.
1957 Осама бин Ладен, саудиски терорист, основач на Ал-Каеда.
1958 Шерон Стоун, американска актерка.
1967 Фадил Руфати, поранешен член на ОНА.
1973 Џон Лекомп, американски музичар.
1975 Валентина Радуловиќ, македонска ракометарка.

Починале:
483 Папа Симплициј, римски папа.
1830 Муцио Клементи, англиски композитор.
1861 Тарас Шевченко, украински писател.
1872 Џузепе Мацини, италијанскиот револуционер и демократ.
1940 Михаил Булгаков, руски новелист.
1965 Стале Попов, македонски писател.
1985 Константин Черненко, советски лидер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
20 април 2012
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - "последниот пророк". Во 40 година почна да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на новите верници.
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распушти Парламентот и воведе лична дикататура како лорд-протектор на Англија.
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал Роберт Блејк ги нападна и потопи сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништи градот.
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18 век. Најмногу ја сликаше Венеција, нејзините канали и палати.
1808.- Роден е францускиот цар Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта. Надевајќи се на успех, ја започна војната против Прусија. Неговата цел беше да го спречи обединувањето на Германија, но на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан беше заробен и тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври 1870 година повторно стана република. По склучувањето на мирот со Прусија, во 1871 година емигрираше во Велика Британија, каде умре во 1873 година.
1889.- Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници во историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушна веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30 април 1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.
1893.- Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз. Кратко твореше под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изгради неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат подсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.
1893.- Роден е американскиот филмски глумец Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филови: „Сигурноста на последно место“, „Бруцош“, „Чувај се, професоре“, „Луда среда“.
1936.- Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегоа во Етиопија, презедоа решавачка офанзива против етиопските сили и успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.
1948.- Во близина на селото Богацко, Костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загина Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден е во селото В'мбел, Костурско во 1922 година.
1972.- Американското вселенско летало "Аполо 16" се спушти на површината на Месечината.
1982.- Во Скопје умре Ацо Шопов, македонски писател и академик. Неговата прва книга под наслов "Песни" е објавена во 1944 година. Негови познати дела се "На Грамос", "Стихови за маката и радоста", "Ветерот носи убаво време", "Небиднина" и други. Беше уредник на книжевните списанија "Иднина", "Нов ден", "Хоризонт", и "Современост". Роден е во Штип, на 20 декември 1923 година.
1984.- Велика Британија соопшти дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.
1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнаа Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.
2006.- Романските власти наредија евакуација на 1.000 луѓе поради рекордно високиот водостој на Дунав. Своите домови претходно ги напуштија околу 7.000 луѓе во 129 населени подрачја, повеќе од 700 куќи беа потопени, а 75.000 хектари земја се најдоа под вода.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jonuz and Hip.Hop_MKD

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
На денешен ден 26.05.2012

735.- Умре Свети Бид, монах, црковен историчар, литерат, автор на првата историја на Британија. Неговата „Црковна историја на англискиот народ“ ("Historia Ecclesiastica Gentis Anglorum"), е напишана на латински јазик и претставува најважен извор на англосаксонската историја меѓу првиот и шестиот век. Пишуваше и на англиски јазик, посебно песни, но сочувана е само „Посмртна песна“.
1623.- Роден е англискиот економист Вилијам Пети, творец на теоријата на работните вредности кој, според Карл Маркс, ги постави темелите на политичката економија како наука. Дела: „Нешто за парите“, „Политичка анатомија на Ирска“, „Политичка аритметика“.
1805.- Францускиот цар Наполеон Први е крунисан за крал на Италија во катедралата во Милано.
1822.- Роден е францускиот писател Едмон Луј Антоан де Гонкур, творец на натурализмот и импресионизмот во француската литература. Дела: „Сестра Филомена“, „Жермини Ласерте“, студијата „Интимни портрети на 18 век“, „Уметноста во 18 век“.
1851.- Во Лондон почна првиот модерен меѓународен шаховски турнир, кој на 15 јули 1851 година во конкуренција на 16 играчи, заврши со триумф на германскиот мајстор Адолф Андерсен.
1854.- Франција и Велика Британија го окупираа грчкото пристаниште Пиреја, откако Грција беше блокирана од двете држави по обидот да ја нападне Турција.

1865.- Кај Шривперт, во Луизијана, се предаде и последната единица на конфедерациската армија, со што заврши Граѓанската војна во САД.
1876.- Умре чешкиот историчар и политичар Франтишек Палацки, водач на чешката преродба во 19 век. Беше еден од основачите на „Чешката матица“, уредник на весникот „Чешки музеи“. Дела: „Историја на чешкиот народ“, „Почетоците на чешката поезија“.

1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.

1905.- Во Велес е роден Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Заслужен е за ширењето на хорскиот аматеризам. Како композитор е познат по обработката и стилизацијата на народните песни ( "Леле Јано", "Гора и јунак", " Ти синче", "Петлите пеат" и други) по творбите "Гудачки квартет во це-мол", "Кончертино" и други. Автор е на петнаесетина учебници за средно образование. Умре во Охрид, на 17 јуни 1992 година.

1907.- Во Вонтерсет е роден Џон Вејн, американски актер, режисер и продуцент. Умре во Лос Анџелес, на 11 јуни 1979 година.
1912.- Роден е унгарскиот државник Јанош Черманик, познат како Јанош Кадар, комунистички лидер на Унгарија од 1956 до 1988 година.

1923.- Одржана е првата трка „ 24 часа Ле Ман“.

1940.- Армада од 800 бродови се собра пред француското пристаниште Денкерк за да ја изврши операцијата "Динамо“ за спасување на британските и француските единици по неочекуваниот пробив на германските тенковски единици низ Франција до Ла Манш.

1942.- Почна германската офанзива врз Сталинград и врз Кавказ, која по жестоките борби заврши поразно за нацистите.
1942.- Во Лондон е потпишан британско-советскиот договор за полна соработка меѓу двете земји во Втората светска војна и после војната.

1954.- Во Египет е откриен погребниот брод на фараонот Кеопс.

1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
1976.- Умре германскиот филозоф Мартин Хајдегер, еден од најзначајните мислители во 20 век, професор на универзитетот во Фрајбург. Дела: „Кант и проблемот метафизика“. „Вовед во метафизика“, „Што е метафизика“, „Што е филозофија“, „Шумски патеки“.
1978.- Умре руската балерина Тамара Платоновна Карсавина, една од најголемите балерини во класичниот балет во првата половина на 20 век. Запаметена е по прекрасните улоги во балетите „Шехерезада“, „Фантастичен дуќан“...
1979.- Израел му го врати на Египет синајското средиште Ел Ариш, кое беше окупирано во војната 1967 година.

1986.- Во Скопје умре Јордан Грабуловски, академски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници, познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Неговите уметнички реализации, проткаени со мотиви од социјална тематика, тематиката од НОВ и тематиката од повоената изградба, се траен белег и потврда на неговиот творечки потенцијал. Од своите многубројни дела, својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено откриен на 2 август 1974 година. Роден е во Прилеп, на 19 март 1925 година.
1991.- Австрискиот патнички авион „Боинг 767“, на компанијата на поранешниот автомобилски ас Ники Лауда, падна на околу 160 километри северно од Банкок и никој од 223-те патници не преживеа.
1991.- Зивјад Гамсахруди е избран за претседател на Грузија.

1994.- Весникот на албански јазик "Флака е влазеримит" почна да излегува како дневен весник.
2006.- Германскиот канцелар Ангела Меркел во Берлин, со огромен ласерски спектакл, ја отвори најмодерната европска железничка станица, изградена главно од стакло. Изградбата на ова архитектонско чудо траеше 11 години, а чини 700 милиони евра. Коловозот долг 450 метри, во правец исток-запад, е покриен со стаклена хала долга 321 метар, а во неа би можело да собере дури три „Ер бас“ авиони од типот А340. Станицата е проектирана за околу 300.000 патници и 1.100 возови дневно.
2006.- Шеснаесетгодишник од Берлин, со нож рани 28 лица во центарот на Берлин, непосредно по прославата по повод отворањето на новата железничка станица. Нападот се случи близу зградата на собранието по прославата на која присуствуваа 500.000 луѓе.
2006.- Едуар Мишлен, директор на француската компанија „Мишлен“, загина во несреќа на море, со рибарскиот чамец „Слобода“ кој потона под неразјаснети околности. „Мишлен“ вработува 130.000 луѓе ширум светот, од кои 30.000 во Франција.