На денешен ден...

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
24 февруари е 55-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 310 денови до крајот на годината (311 во престапна).
Настани:
1525 Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употреби пушките „мушкети“, и притоа ја победи француско - швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1582 воведен е Грегоријанскиот календар
1819 Американскиот конгрес го ратификува договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882 Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјави дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија.
1945 Втора Светска војна: Трупите на САД го ослободија главниот град на Филипините, Манила кој беше под окупација од страна на Јапонија.
1946 Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1971 Алжирските власти соопштија дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
1974 Властите во Пакистан соопштија дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1987 Слободан Милошевиќ го посетува САП Косово каде што се состанува со локалните Срби каде тие се жалат дека се тероризирани од албанското мнозинство. Во текот на неговите разговори со Србите и со локалите комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Доаѓа до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанува на страната на народот изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
1998 Францускиот Парламент едногласно го ратификува Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби.
Починале:
1815 Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач.
1952 Д-р Христо Татарчев, основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун.
1976 Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Денес е 25 февруари 2012 г.
Настани:
1949 Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи „Свети кирил и Методиј“.
1994 Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.

Родени:
1611 Евлија Челебија, отомански патеписец.
1643 Ахмед II, отомански султан.
1682 Џовани Батиста Моргањи, италјански медицински научник.
1707 Карло Голдони, италијански комедиограф.
1861 Рудолф Штајнер, австриски философ.
1888 Јордан Бадев, македонски револуционер.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
1919 Карл Прибрам, американски научник.
1921 Роман Качанов, руски аниматор.
1930 Садик Садику, македонски деец.
1944 Боре Ангеловски, театарски деец во Македонија.
1950 Нестор Киршнер, претседател на Аргентина († 2010)
1962 Пија Мајоко, поранешна американска басистка на женската хеви метал група Vixen.
1974 Сретко Калиниќ, еден од учесниците во атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
1981 Бурим Хусеини, поранешен член на ОНА.


Починале:
806 Тарасиј Константинополски, патријарх.
1856 Николај Иванович Лобачевски, руски математичар.
1899 Паул Јулиус Ројтер, германски новинар.
1944 Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија, убиен во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција.
1983 Тенеси Вилијамс, американски драмски писател.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
26 февруари е 57-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 308 денови до крајот на годината (309 во престапна).
Настани:
1531 Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815 Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло.
1848 Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901 По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Хсиуиј и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909 Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915 Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачки пламени.
1918 Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936 Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1992 Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993 Напад во Светскиот трговски центар во Њујорк. Загинаа 6 лица, повредени се 1.042.
2004 Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
1725 Никола Кињо, изумител на автомобилот..
1802 Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам.
1861 Фердинанд I, кнез и цар на Бугарија.
1932 Џони Кеш, американски пејач, актер и автор.
1932 Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.
1963 Милко Ѓуровски, македонски фудбалер.
1983 Сергеј Биков, руски кошаркар.

Починале:
1916 Наум Туфекчиев, македонски револуционер.
1927 Херман Обрист, швајцарски и германски дизајнер и скулптор.
1938 Александар Амфитеатров, руски писател.
1952 Јозеф Торак, австриско-германски вајар.
1960 Александар Белиќ, македонист.
2004 Борис Трајковски, претседател на Република Македонија
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Пропуст голем, на денешен ден е роден Ѓорѓи Колозов. Без него немаше да ги имаме „Македонските народни приказни“

Нека почиваат во мир и Колозов и Трајковски. Почит!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Денес е 27 февруари 2012 г.
Настани:
1844 Доминиканската Република стекнува независност од Хаити
1900 Основан е ФК Баерн Минхен
1900 Основана е британската Лабуристичка партија
1921 Во Виена е формиран Втората и пол Интернационала.
1933 Запалена е зградата на Германскиот Рајхстаг.
1967 Доминика добива независност од Британија.
1976 Полисарио ја прогласи поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава.
1989 Во Венецуела се случуваат масовни немири, познати како Каракасо.
1996 Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.


 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Родени:
272 Константин I, римски император
1873 Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најславните пејачи на сите времиња.
1902 Џон Стајнбек, американски писател.
1928 Ариел Шарон, израелски премиер.
1932 Елизабет Тејлор, британско-американска актерка.

Починале:
1887 Александар Бородин, руски композитор.
1936 Иван Павлов, руски научник, лекар - физиолог.
1990 Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје.

Празници:
1844 Доминиканска Република – Ден на Независноста
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
28 февруари е 59-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 306 денови до крајот на годината (307 во престапна).
Настани:
1825 Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е определена границата меѓу Алјаска и Канада.
1922 Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот канал.
1948 Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1974 САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1987 на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
1992 Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа.
1994 Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.