Сега кога ќе размислам сме ги мразеле професорите кои сакале да не научат нешто, што биле строги и принципиелни, а оние што ни поклонувале оцени на лепе очи сме ги сакале бетер родител. Јас на пример математика немам врска, не сум ја ни сакала ни сум ја сфаќала, ама кога се запна еден професор да ме падне ако не поминам на полагање, седнав, ја научив дури и ја засакав, после тоа време барав такви задачи да решавам....
Мада овој беше прича за себе, не верувам дека некој не го знае, а само да поминал покрај тоа школо.
Легендата вели дека некогаш паднал цел клас една година, па како што си одел со точакот неколку души го претепале на пат накај дома и како што бил строг од тогаш станал бетер.
Мене посебно ме имаше земено на пик (златната петка како што не нарекуваше) и редовно си полагав математика по два пати во летото 4 години.
Ама добро, кога ќе размислам подобро, на мои деца подобро да им предава таков професор него некој како ете мојата по англиски што си лакираше нокти, средуваше веѓи, си кокетираше со проф. по музичко, се шминкаше, местеше деколте, а ние сите со 5ки, а глас не сме и слушнале и така...